|
|
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (17) |
ОРМОНД БИИЧ – СЕДИШТЕТО НА ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ Е ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКАТА УБАВИЦА Познати е дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, една од американскати убавици, каде живеат претежно во есен и зима. Одличната инфраструктура, поврзаноста со главните и споредни сообраќајници патувањето низ Флорида го прават пријатно и интересно. Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Голф (Залив), чиј главен град е Телахаси, но се чини Мајами е најзначајниот град. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и жешки лета Во Македонија се чувствуваа есенските денови на крајот од октомври и како да мирисаше дека снегот е пред прагот. Беше понеделник, ден Господов кога полетавме со Австриската компанија од Скопје за Виена. На аеродромот во Виена вриеше како во кошница. На пладне кога ги завршивмe царинските и другите процедури, се најдовмe во меѓународната зона. Таму видовме многу патници кои брзаа кон авионите на своите дестинации. А, ги имаше речиси од сите држави, раси, бои, млади и стари... Меѓу нив имаше десетина патници од Македонија. Со нетрпение ја чекавме најавата за полетување на авионот за Торонто, Канада. Дојде и тој момент и влеговме во „железната птица“. Авионот повеќе личеше на големо село. Имаше неколку стотини патници и стјуардеси и екипаж на авионот. Моето седиште беше во близината на прозорецот. Седев до една Канаѓанка, која за првпат била на посета во Австрија, родната земја на своите предци. Во разговорот таа разврза муабет за нејзините средби и разделби со роднините од едно околно место на Виена. Но, исто така, се пофали дека во Скарборо, Онтарио имала пријателка Македонка од Леринско, па дури научила и неколку македонски зборови, кои ни ги повтори неколку пати. Како да не почувствувавме кога летна денот, поради истата насока од движењето на Земјата. По осум часа удобно патување, авионот ги надлета Европа и Атлантскиот Океан и се најдовме над канадското копно недалеку од Торонто. Авионот меко се спушти на аеродромот во Торонто, еден од најубавите градови во Северна Америка, кој зафаќа голем простор на брегот на езерото Онтарио. Покрај непрегледните населени места се гледаше бескрајната езерска шир каде пловеа различни бродови зад себе оставајќи траги во водените синила. Истиот ден пристигнавме во Торонто, а денот беше временски подолг за 6 часа од оној во Македонија. Во Торонто имавме време да севидиме со нашите роднини и пријатели; да им раскажуваме за Македонија, за Скопје, Охрид,Преспа... Деновите во Торонто беа броени и за миг поминаа. Нашето патување со мојата сопруга Нада требаше да го продолжиме за Флорида. А, тоа мене ми беше предизвик, бидејќи светот сум го прокрстарил на долго и на широко, но ми недостасуваше посетата на Флорида, таа американска убавица, како што често ја нарекуваат. Патувањето за Флорида го започнавме на аеродромот „Пирсон“ во Торонто. Тој е еден од поголемите аеродроми на тие простори. И покрај тоа што е огромен, аеродромот е едноставен, практичен, со голем паркинг на катови, со безброј патокази и упатства за да може патникот лесно да се снајде кон својата дестинација. Авионот во кој удобно се сместимве и патувавме полета на пладне од Торонто. Првата дестинација беше аеродромот Шарлот, во Северна Каролина, каде останавме околу еден час, а потоа полетавме за Форт Лодердел на Флорида. Поради вонредно добрата геостратешка положба, Форт Лодердел е важна сообраќајна раскрсница и место на богаташи. Тој е најголемото пристаниште на американските јахти и со најбогати куќи на тој дел од Флорида, а можеби и во светот. На аеродромот не пречекаа нашите домаќини Лили и Стив Плиакас, кои ни искажаа македонско гостопримство, пред сè, со топлина и љубов, а потоа со удобноста во нивниот богат апартман на брегот на Атлантскиот Океан, во близина на познатата плажа Холивуд, на север од Мајами. Зградата во која бевме сместени на 32 кат беше со многу интересни архитектонски остварувања и со сите потребни простории за одмор, рекреација и удобно живеење. Секоја зграда покрај океанот е богата целина за себе, а сите тие облакодери прават една целина. Брегот диши, пулсира многу потопло, попријатно и убаво и за очи и за душа од каде било во светот. Затоа Флорида е интересна со својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Мислиш дека по должината на брегот се наоѓа еден град чија големина е непрегледна илјадници километри од Џексонвил до Мајами.
Затоа често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно воесен и зима. И ние се шетавме по сите убави интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои за да ги видиш е потребно многу време. Меѓутоа, одличната инфраструктура, поврзаноста со главните и споредни сообраќајници патувањето го прават пријатно и интересно. Инаку, пред да допатуваме во Флорида читав голем број литература од различен аспект, бидејќи мојата цел беше да се запознаам со втората татковина на Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски. Да се запознаам со сè она што на овој познат и признат Македонец му пружила „ветената земја“, каде тој со својот брат Јосиф постигнале голем успех во бизнисот. А, Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Голф (Залив), чиј главен град е Телахаси. Но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените морски плажи - Мајами Биич, Палм Биич и Дејдона Биич. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и жешки лета. Низ Флорида течат многу реки со бавен тек. Има голем број мочуришта и езера, а поголемо е езерото Окичоби. По туризмот Флорида е најразвиена држава во САД, но, исто така, во неа е развиена и прехранбената, дрвната и други индустрии. По производство на минерални фосфати е прва земја во западната хемисфера. Според пишаните документи, Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под власта на Шпанија била до 1763 година, потоа потпаднала под власта на Англија и останала сè до 1783 година, кога повторна потпаднала под власта на Шпанија. Во 1819 година САД ја откупиле од Шпанија. Меѓутоа, долготрајната битка меѓу САД и семинолските Индијанци оставила траги. Од 1845 година Флорида е сојузна држава на САД . Таа е интересна и значајна од северната страна со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на западната хемисфера. Тој ја одделува Флорида од Куба, а со тоа дели два различни света. Јас имав среќа да го видам и почувствувам тоа од двете страни. Од Флорида при посетата на мојот братучед професорот Јосиф Грежловски-Гандето, на кој античка Македонија, а особено родното Љубојно му се преокупација и живот. Тој е автор на неколку романи и голем број текстови за античка Македонија и интелектуалец кој води жестоки полемики особено за Македонија со голем број грчки „автори“. Таму, во тој најјужен дел на Флорида, со него и со неговото семејство поминавме прекрасни, незаборавни мигови. Од Куба, пак, при нашите две посети ја гледавме Флорида од каде од двете држави гледавме чудесно зајдисонце кое остава траги во сеќавањата на посетителот. Од апартманот на Лили и Стив Плиакас во убавото место Авентура нè зема со „волвото“ нашиот драг пријател, а мој другар од детството, радио новинарот Бошко Рајчовски–Пелистерски, чиј автор сум на монографијата за неговиот живот и дело. Тргнавме по долгиот автопат од источниот до западниот брег на Флорида. Колона автомобили се движеше по автопатот кој поминува покрајмногу населени места и фарми. Исто така, тој го дели и мочуриштето во кое имавме прилика од непосредна близина на оградата од автопатот да видиме различни морски птици, но и крокодили, кои мирно го чекаа својот плен.
Автопатот беше со сите американски нишани, но беше прав, недогледен и за возачот дурии здодевен. По повеќе часа возење се најдовме од другата страна на брегот на Флорида, каде не чекаше нашиот пријател бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски. Бевме договорени да се сретнеме со Џорџ Атанасоски во преубавиот град Нејплс (Naples), кој се наоѓа на западниот брег на Флорида и кој го заплискуваат водите од Мексиканскиот Голф. Средбата беше закажана во еден од најлуксузните хотели на тие простори, што го носи името на македонскиот антички град Виргина (Кутлеш-Палатица), во сопственост на познатиот македонски бизнисмен Ристо Гуштеров. Во Нејплс не пречека Луј Влашо, Македонец по потекло од егејскиот дел на Македонија, менаџер на сите објекти во сопственост на бизнисменот Ристо Гуштеров, кој, за жал, не беше во САД во тој период. Инаку, менаџерот Луј Влашо е интелектуалец, познат и признат во американското општество и почесен конзул на Република Македонија за Флорида. Во ресторанот „Вергина“ каде се вишнееше македонското сонце од Кутлеш, имавме средба и со познатиот македонски иселеник Борис Ничов, бизнисмен, мој долгогодишен пријател по потекло од селото Подмочани, Преспанско, а кој долги години живее во Чикаго. Борис, исто така, е многу познат во македонската дијаспора и кој покрај Чикаго свил убаво гнездо на еден мал богат остров во Мексиканскиот Залив. Во Нејплс се чувствувавме како дома, како во Македонија. Истиот ден кога пристигнавме, од ресторанот „Виргина“ (Кутлеш) кој се наоѓа во центарот на градот, на главната улица ја гледавме парадата што започна токму пред „Виргина“,чиј главен организатор и спонзор беше нашинецот Луј Влашо. Средбата во „Виргина“ беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на Македонија. Меѓутоа, оваа средба беше најзначајна по тоа што токму таму во македонски амбиент под македонското сонце, се договоривме со бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски да напишам монографија за неговиот живот и дело во САД и во Македонија. Се договоривме професионалната монографија да биде лика и прилика за најзначајните дела што овој бизнисмен ги постигнал на сите полиња. Истовремено се согласивме Монографијата да биде огледало за него и гордост за Македонија исполнета со материјали од античко до денешно време. Инаку, Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски живее и твори во Ормонд Биич, град што е сместен во еден прекрасен предел северно од Дејтона Биич и Државниот парк Томока. Тоа е град во Општината Волуса Кантри, како дел од Флорида, каде живеат околу 40.000 Американци, меѓу кои и семејството Атанасоски, кое во Ормонд Биич ја трасира иднината. Таму Атанасовци, меѓу другиот имот се сопственици на далеку познатата фабриката „Мајкрофлек“. Често се вели дека патиштата на државата Флорида, главно, водат, се вкрстуваат или заминуваат од американската метропола - Мајами. Овој велеград по многу нешта е карактеристичен, контроверзен, убав и значаен, ако не и најзначајниот град на Флорида, чија архитектура, култура, минато и сегашност се еден импозантен и многу впечатлив мозаик, кои му даваат посебен и уникатен белег. Затоа, не случајно се рекло дека да се види Мајами и другите значајни места на полуостровот значи да се почувствува големината, постигнувањата и развојот на човештвото на јаве. Да се посети Флорида, во исто време значи човек да се запознае со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите... Затоа, со право се вели дека Ормонд Биич на Флорида, е вистинското место за живеење и творење на бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и неговото семејство.
Инаку, тимукуанските Индијанци кои го формирале Ормонд Биич го нарекле село Нокороко. Потоа, заради составот на населението, во 1875 година градот бил именуван како Нова Британија. Но, во 1889 година бил именуван како Ормонд, добивајќи го името по англо-ирско-шкотскиот морепловец Џејмс Ормонд Први. Ормонд служел како капетан на брод за Британија и Шпанија во војнитепротив Наполеон, за што бил и наградуван. Со својата прекрасна океанска плажа Ормонд станал многу популарен на богаташите од север кои се населувале на Флорида после Американската граѓанска војна. Затоа во 1949 година е именуван како Ормонд Биич. Меѓутоа, прогресот на Ормонд Биич започна во втората половина на XIX век. Така, во 1886 година била изградена првата железница до Ормонд, а една година подоцна бил изграден и првиот мост преку реката Халифакс. Значаен датум за овој град бил први јануари (коложег) 1888 година, во златното доба, кога бил отворен хотелот „Ормонд“. Овој хотел со долга и значајна историска вредност, денес е културен центар и е најпозната историска општинска градба. Денес градот е познат, меѓу другото, по природните, туристичките, индустриските, земјоделските и културните капацитети. Затоа, за Ормонд Биич во Флорида се вели дека ова историско место претставува значаендел на американската убавица - Флорида. Продолжува
|