|
|
СЕ ОДРЖА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СОВЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС ВО СИДНЕЈ |
Во сабота 8.12.2018 година во просториите од Рецепцијата на Долтон Хаус во Силванија (Сиднеј) се одржа Првата официјална конференција на водачите од македонската заедница на Нов Јужен Велс. Конференцијата ја отвори Претседавачот на Македонската заедница за Нов Јужен Велс, Џошуа Шерман, кој ги поздрави присутните делегати и им посака топло добредојде. По неговиот воведен говор, на говорницата, присутните ги поздравија и специјалните гости од Австралиската јавност John Barilaro, Khris Gambijan и Lesley Dalton. Во дискусијата, делегатите, по групи писмено се изјаснуваа на прашањата: што има заедницата и што нејзе и треба? После тоа се премина на консултации – што може Советот да направи за во краток период барањата да се остваруваат, секако со помош на нашите бизнисмени и политичките пријатели. Оваа Конференција беше убав собир за дружба, особено за младите, за идните наши генерации кои иако комуникациите ги одржуваа на англиски јазик се гледа дека се спремни македонската заедница да ја сочуваат од изчезнување од овој мултиетничко-австралиски мозаик. Присутните беа послужени со коктел закуска и убаво припремен кулинарски ручек. На сите делегати им беа доделени благодарници за нивното присуство и позитивната заложба за напредок на македонската заедница во овој прекрасен простор од Австралија. Иван Трпоски
|