|
|
Забранетиот филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС се прикажува во Австралија |
Во Австралија пристигна режисерот и сценарист Јани Бојаџи со неговиот контроверзен филм „Ругање со Христос“. Во сите градови во Австралија закажани се проекции на филмот и средба со Јани Бојаџи. Овој филм минатата година на Интернационалниот филмски фестивал во Монтреал освои награда за иновација но истиот, иако финансиран од Агенцијата за филм на Македонија, беше забранет од владата на Заев. Зоран Заев изјави дека филмот „ќе му наштети на соживотот на граѓаните“, а тоа го потврди и министерот за култура Асаф Адеми, а двајцата никогаш не го виделе филмот. Каква иронија, вршат цензура на невидено. Исто така филмон направи бурни рекации во Грција бидејќи истиот ја отсликува шовинистичката политика на Атињаните кон Македонците. Прашањето е, зошто е забранет во Македонија? Зошто овие двајца министри кои се со „врвни културни достигнувања“ го забрануваат филмот? Одговорот е едноставен, според кажувањата на Јани Бојаџи, филмот прикажува дел од ѕверствата на УЧК од 2001 година што владата со коалициските партнери сака да ги прикрие. Некои од тие владини министри беа и водачи на УЧК, а подоцна добија амнестија - воените злосторници никогаш не беа осудени. Не е ни чудно што УЧК-ите му се закануваат не само на Јани Бојаџи туку и на членовите на неговото семејство, на неговите деца. Во филмот Бојаџи обработува четири различни приказни кои сите взаемно се вкрстуваат во една приказна. Од славното Герман и Егејскиот (поробен) дел на Македонија, егзодусот на Македонците (терор) и мистеријата на заплетканите човечки, културни и политички односи меѓу Македонците и Атињаните до Скопје и Тетово (терор) во војната со албанските терористи. Историските настани се кријат, Македонците се жртвуваат за политички цели. Тортурата од албанските терористи (качаците) продолжува во Собранието, сега во инаква форма (помогнати од СДС), со измена на Уставот, бришење на историските постигнувања, јазикот, идентитетот... изгледа дека ризично е да си Македонец во Македонија... Прикажувањето на „Ругање со Христос“ во Сиднеј се организација од Австралиско македонскиот совет за Нов Јужен Велс во партнерство со Македонскиот театар од Сиднеј, Филмскиот фестивал од Сиднеј, КУД Илинден од Сиднеј и КУД Илинден од Западен Сиднеј, и тоа на 25 јануари со почеток во 7 часот во просториите на Civic Theatre McMahon Street Hurstville. Цената е 30 долари и заинтересираните ќе можат да си резервираат карти на телефон: Душан Ристевски – 0425 231 335; Беби Зекировски – 0438 610 133; Борче Сугаревски – 0416 477 277 Како што сме информирани на сите проекции ќе присуствува и сценаристот-режисер Јани Бојаџи. Филмот имаше две успешни проекции во Мелбурн и закажани се проекции во градовите Сиднеј, Волонгонг, Квинбијан, Њукастел, Бризбан, Аделајд и Перт. Душан Ристевски
СПАСЕНИЕ (Божиќна молитва) Боже Ристос! Роди се уште еднаш и дојди во Македонија за наше спасение: Немите да прозборат Слепите да прогледаат Глувите да слушаат повторно Глупавите да се опаметат. Господе дојди во Македонија и спаси не од Јуда. |