|
|
ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ВО СИДНЕЈ |
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во својата истоимена Библиотека минатиот петок 8 февруари ги одржа своите традиционални Прличеви Беседи. Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик. На Беседата присуствуваше долгогодишниот дописен член на Друштвото, поетесата Лилјана Стоилковска Андовска од Шведска која се престави со посветената песна на Прличев и Македонија, „По Беседата Прличева“. Исто така поетите Иван Трпоски, Марија Александрова, Ванчо Саиловски, Перо Дамчевски – Коцин, Цане Ѓуровски и Душан Ристевски настапија со своја поезија посветена на Македонија. Д.Р.
ПО БЕСЕДАТА ПРЛИЧЕВА НЕ ПЛАЧИ, НЕ ЖАЛИ, МАЈКО НЕДО, КРВАВИ СОЛЗИ НЕ РОНИ СИН ТИ - ХЕРОЈ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ОДМАЗДИ! МАРИЈО, СЕСТРО БОЖЈА МИЛА ЗАР СОН ТИ НЕ СОНИ? БЛАГОСЛОВИ ГИ СИТЕ ВЉУБЕНИ СО ТВОЈАТА БОЖЈА СИЛА! ПИСКОТНИЦИ СЕ СЛУШААТ ОД ГАЛИЧНИК НИЗ СВЕТОТ ЦЕЛ, В БОЛКИ И В ЈАДОЈ СЕ ГУШАТ ЗА СИНОВИТЕ, КУЗМАНОВИ СЛЕДБЕНИЦИ И ЗА КУЗМАНА -ХЕРОЈ МАКЕДОНСКИ СМЕЛ И ДЕН - ДЕНЕС ЗА ПОДВИЗИТЕ НИВНИ ХЕРОЈСКИ, СЕ СЛУША! НЕДО, РАНЕТА ЛАВИЦА, БЕЗ РОЖБАТА ПРВА ОСТАНИ СИЛНА ХЕРОИНА, МАКЕДОНСКА МИЛНА! ДОСТА TАГУВАШ И БОЛЕДУВАШ ЗА ЕДИНОЦОТ ТВОЈ СТАНИ ДА СЛУШНЕШ НЕГОДНИЦИ И ДЕНЕС ПОВТОР! СЕПАК ОВА ВРЕМЕ Е ДРУГО, НОВО ВРЕМЕ, СО ТЕШКИ ТОВАРИ И БРЕМЕ НЕПРИЈАТЕЛ НЕ СЕ ГЕГИТЕ, САМО ТУКУ ПОЛОВИНА ОД СВЕТОВ, КЛЕТИ. ГРИГОРЕ, СИТЕ БЛАГОДЕТ ГИ ОДБИ ЗА ГРК ДА НЕ СТАНЕШ, ОДБРА! НА НАРОДЕЦОТ СВОЈ ДА МУ СЛУЖИШ СО КРВ, МЛАДОСТ И УМ, ПРОБА. ИСТОРИЈА, САКААТ СЕГА НОВА, НОВ НАРОД, ДРУГА НАЦИЈА ДА СКОВАТ СО НОВ ЈАЗИК И НОВИ ЗАКОНИ ЗА СИТЕ САМО ТЕШКИ ИНТРИГИ И ЗАКАНИ. ДА НЕМА И ДА ОНЕМАТ ПИСКОТНИЦИ НАРОДЕЦОВ БЕЗ ЗЛА И КОБА ДО ВЕК ДА Е! СЛАВА TЕБЕ, КУЗМАНЕ, НЕДО, И МАРИЈО СЛАВА ТЕБЕ ГРИГОРЕ ПРЛИЧЕВУ! Сиднеј, 8.02.2019 Лилјана Стоилковска Андовска |