Среда, 27 Март 2019   
ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ТОРОНТО

161

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ТОРОНТО

Во организација на „Обединетата македонска дијаспора“, на 24 март 2019 година во салата „Карлтон синема“ (Carlton Cinema) во Торонто  се одржа премиерно прикажување на филмот „Ругање со Христос" на продуцентот и режисерот Јани Бојаџи

Прикажувањето на овој филм за Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во метрополата Торонто и во други градови на  Онтарио беше голем настан кој  ќе остане во долго сеќавање. Оваа филмско остварување е едно извонредно уметничко дело кое остави длабоки траги во македонската и светската киномотографија.. Затоа, не случајно минатата година на филмскиот фестивал во Монтреал, во Канада освои прва награда за иновација,

За жал, Филмот „Ругање со Христос" во Македонија предизвика многу реакции, главно од политичка природа, без притоа подлабоко да се навлезе во слоевите на приказната, која е базирана на односот помеѓу две генерации Македонци со егејско потекло и индивидуалната потрага по сопствениот идентитет. Затоа, овој филм предизвика голем интерест кај Македонците во Онтарио каде најбројното македонско иселеништво потекнуваат од егејскиот дел на Македонија

Инаку, филмот „Ругање со Христос"  е дебитантско долгометражно остварување на Јани Бојаџи, чие филмското дејство е сместено во 2001 година и се одвива во Македонија, Грција и Франција.Таа е приказна во која Македонецот со егејско потекло, Александар, по 20 години удобен живот како новинар во политички магазин во Франција, по веста за смртта на својот татко Лазар се враќа во Македонија. На патот кон Македонија Александар се сретнува со убавата фотографка Андреја, која ја игра грчката актерка Јоана Пилиху, а посетува и свои роднини во северниот дел на Грција. Чувството што го носи главниот лик е она чувство што со години го носат илјадниците протерани од сопствените огништа, попознати како децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција во периодот 1946-49 година. Тоа е чувство на изгубени души кои секаде се чувствувале како туѓи на своето - и во Грција и во Македонија - и насекаде низ светот каде биле раселени.

Наративните елементи во сценариото на филмот прават паралели меѓу Граѓанската војна во Грција, со монолози искажани преку ликот на Султана на дијалектот од северна Грција (Беломорска Македонија) и воениот конфликт што се случи во 2001 година во Македонија. Во филмувањето на приказната се употребени моменти што се познати на јавноста, но се прикажани низ авторската призма и уверување на режисерот Јани Бојаџи.

Наизменичниот тек ги врзува приказните на Александар, неговата ненадејна средба и љубов со Андреја и неговата трагична смрт, приказната за животот на таткото Лазар во бурната 2001 година и на семејството на Султана, роднини од прво колено на Александар. Во филмот се прикажани и анархисти кои сè уште го живеат периодот на Граѓанската војна и бараат предавници во своите редови.

Филмот е во продукција на „Орион продакшн" и „Кандела" од Македонија со продукциско учество на СТВА од Словенија. Во филмот играат актери од Македонија, Грција, Франција, Албанија и Словенија. Во филмот има и техничка екипа од Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција и Албанија. Актерите во филмот зборуваат на пет јазици и на македонски дијалект што се зборувал во северните делови на Грција.

Насловот на филмот доаѓа од фреската „Ругање со Христос", едно од ремек-делата насликани од фрескописците Михаил и Евтихиј на почетокот на 14. век во црквата „Свети Ѓорѓи" во Старо Нагоричане, Кумановско, кои се сметаат за први зачетници на ренесансата во светот, за прв пат во светот сликаат светци со трета димензија и човечки особини, Подоцна на таков начин тоа го прават Микеланџело, Да Винчи и Рафаело.

Инаку, причините за обидите да се забрани проекцијата на филмот пред неговата премиера во Македонија е што во филмот има сцени со ликови во униформи со ознаки УЧК кои киднапираат Македонци. Тоа се сцени во кои се следи животот на ликот Лазар во кои авторот на филмското сценарио има поинакво толкување и уверување од она што официјалната политика во 2001 година го затвори како прашање со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Покрај сцените со киднапирање и тортура, во филмот, сепак, има и дијалог меѓу ликот Лазар и војник со ознаки УЧК, кој има антивоена и хуманистичка порака. Следна причина која ја предизвика реакцијата на институциите на државата е што филмот, иако снимен во 2018 година, се појави по потпишувањето на Преспанскиот договор од Нивици помеѓу Македонија и Грција во 2019 година, за што многумина сметаа дека ќе биде нов „иредентистички пакет" во односите меѓу двете држави.

Иако историјата ја пишуваат политичарите, слободата на уметничкото уверување и израз е неприкосновено човеково право кое не треба да биде цензурирано Затоа, публиката во Торонто што го гледаше филмот „Ругање со Христос" испрати искрени честитки до Јани Бојаџи и целиот негов тим кој беше составен од артисти од повеќе националности, со пораки филмот да го види секој Македонец и добрнамерник без разлика на генерацииските и други национални и верски разидувања.

Slave Nikolovski - KatinИзвестува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.