Среда, 27 Март 2019   
ОМД: Пописот е многу повеќе од обид за етничка доминација

omdОМД: Пописот е многу повеќе од обид за етничка доминација 

Повеќе од една деценија, пописот во Република Македонија е оспорен поради дневно-политички и меѓу-партиски цели, која што пракса неопходно е да се замени со редовен, реален и регуларен попис на населението – тврди ОМД. 

Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства и презентирање на нивниот единствен матичен број, како компромисно решение за одлуката пописот сепак да содржи графа за етничка припадност, според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е обид за интервенција во статистичката операција која првенствено служи за креирање на интерни политики и развојни стратегии на една земја. За ОМД, не само што начинот на регистрација на иселеникот преку изјава на член од семејство се противи на законот за заштита на лични податоци и законот за попис на населението и домаќинствата во Република Македонија, туку начинот на попишување на дијаспората воедно претставува обид за интервенција во демографската слика на земјата, што воедно е непозната меѓународна пракса. 

Во време кога промената на името на Република Македонија го предизвика најголемото разочарување помеѓу дијаспората од македонска етничка припадност, поради што истите негодуваат да ги обноват своите документи или влезат во регистерот на Република (*******) Македонија, предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД би можело да резултира со нереална и манипулативна демографска слика на земјата. Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД е во прилог на сите други етнички припадности во дијаспората кои бележат помал сентимент во врска со промената на името, освен македонската. 

Согласно, ОМД апелира до владината коалиција, опозиција, граѓански сектор, жители на Република Македонија и нејзината дијаспора, да се придржуваат до меѓународните практики во спроведување на пописот регулиран со законот за попис на населението и домаќинствата во земјата, единствено во интерес на нејзината реална демографска состојба која има за цел да послужи во креирањето на интерните политики и развојни стратегии. 

Повеќе од една деценија, пописот во Република Македонија е оспорен поради дневно-политички и меѓу-партиски цели, која што пракса неопходно е да се замени со редовен, реален и регуларен попис на населението – тврди ОМД. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.