Среда, 24 Април 2019   
Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн го одржа петтиот по ред Саем на книгата

Saem na kniga

На 18 април во просториите на библиотеката во Мил Парк, а во чест на Свети Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин“ од Мелбурн го одржа петтиот по ред Саем на книгата.

Со звуците на песната Ленка започна обаа убава манифестација за подоцна да следат преубави стихови од Крсте Наумовски – Мечкар и другите учесници. Се оддаде и почит кон една од членовите и основачи на друштвото, истакнатата поетеса и радио водител на СБС програмата, Виолета Јовановска.

Prilog za Saem na knigata MlD Koco Racin 2019 2 Prilog za Saem na knigata MlD Koco Racin 2019 3

Љубовта кон родината и кон мајката, најсилно изразена во стиховите прочитани од учесниците на овој културен настан. Оваа година, главен акцент се стави на антологијата Ѕуница (издадена по повод 40 годишнината од постоењето на МЛД Григор Прличев, Сиднеј). Преку саемот се промовираат литературните дела а воедно и се укажува на значајноста на величенствена мисија на браќата Кирил и Методиј, напорна мисија во просветувањето на народот и создавањето на првата азбука. Значајна мисија со која посееја светлина во мракот, ги создадоа буквите, го описменија народот да може лесно да пишува, чита, комуницира на разбирлив јазик. Ги слави целиот свет, нивните дела се важни за целата цивилизација. За нив се напишани десетици илјади книги и тие се најсветли обрасци на македонската историја и идентитет. Свети Кирил и Методиј го зацртаа патот на развој на православието, и ја раширија писменоста и несомнено нивните дела се трајна вредност во светската културна ризница. Ова е значаен празник и треба да служи за обединување меѓу нас Македонците насекаде во светот, за јакнење на свеста за национална припадност и чување на македонскиот идентитет – порачуваат од МЛД Кочо Рацин, Мелбурн.

МЛД Кочо Рацин, Мелбурн, уште еднаш ја оправда целта заради која е формирано - негување на македонското литературно творештво и мајчиниот Македонски јазик. Сакај ја книгата, негувај го јазикот!

Gordana D

Гордана Димовска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.