|
|
МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”-ТИРАНА И ММДЧП БАРА БУГАРИЈА ДА ПРЕСТАНЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ДА ГИ ИМЕНУВА КАКО БУГАРИ |
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и ММДЧП бара Бугарија да престане Македонците во Албанија да ги именува како Бугари Соопштение за медиумите: Македонско друштво “Илинден”-Tирана Македонското меѓународно движење за човекови права Македонското национално малцинство во Албанија ниту били, ниту ќе биде бугарско. Историјата и современоста тоа го докажуваат. Но, докажуваат и нешто друго. Самопродавањето на одредени лица, желни за ситна заработувачка и „бесплатно“ школување во Бугарија, им овозможи на долгогодишните бугарски емисари во Албанија да изнајдат безрбетници сред Македонците во Албанија. Од друга страна тоа ѝ овозможи на бугарската држава да го оствари долгогодишниот сон за „изнаоѓање“ на она што го нема во Албанија, а тоа се Бугарите. Кога на сето ова ќе се додаде и фактот дека Бугарија бараше во Законот за малцинства во Албанија да се внесе и непостоечкото „бугарско“ малцинство што Бугарите го остварија со бессрамното уценување на албанската Влада со закани и оневозможување на евроаспирациите на албанската држава. Македонското друштво Илинден од Тирана уште при носењето на сремниот Закон за малцинства во Албанија реагираше и укажуваше дека признавањето ан бугарско малцинство во во Албанија е фарса. Но, истовремено, посочуваше на фактот дека Бугарите нема да запрат со свето „европско“ однесување и ќе го злоупотребуваат катастрофалниот Закон за малцинства во Албанија во секој сегмент. Денес таквото „европско“ однесување на Бугарија се покажува на дело со актот преземен од страна на Софија која преговара за испраќање бугарски наставници во Албанија. Доколку ова се оствари, тоа ќе биде најнасилното и најпонижувачко однесување на една европска земја кон малцинствата во една суверена држава како Албанија. За ваквата намера на Бугарија говори и изјавата на министерката за надворешни работи на националното собрание Екатерина Захариева. Таа изјавила дека: „Донесувањето на законот “За заштита на националните малцинства во Република Албанија” е само првиот чекор. Го очекуваме усвојувањето на други законски акти, во кои детално ќе се наведат начините на кои ќе се гарантираат правата на малолетникот во Бугарија… Неспорен успех за билатералните односи е емитувањето на вести од бугарски јазик во РТШ2. Наскоро ќе има модул “Учам бугарски јазик”. Министерството за образование преговара и подготвува доставување на услуги за наставници од Бугарија до областите каде што живее бугарското малцинство“. Освен реакциите на Македонците од Албанија за насилното однесување на бугарските емисари и бугарската држава кон нив, не смее да изостане и реакција од матичната, македонска држава за веќе докажаниот упад на Бугарите сред Македонците во Албанија. Воедно го повикуваме и Хелсиншкиот комитет на Албанија и европските претставници во Албанија да го осудат чинот на насилно национално обезличување на македонското национално малцинство во Албанија со уцени и закани дека Бугарија ќе го стопира напредокот на албанската држава за влез во Европа. |