Среда, 28 Август 2019   
Мишко Васовски – познат и признат тетовски Американец (12)

misko1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Мишко Васовски го напушти родниот крај и стана Американец, на 2 јули 1968 година, кога замина за Детроит. Тој беше еден од иницијаторите за  воспоставување на релации и комуникации (зближување) на неговиот роден град Тетово, со Стерлинг Хајтс, предградие на Детроит, што резултирало со збратимување во 1982 година. Мишко неколку пати беше претседател на  новиот раскошен духовен храм, еден од најубавите на северноамериканскиот континент „Раѓање на Пресвета Богородица“.

Мишко Васовски целиот свој живот го посвети на Македонија и македонскиот народ  и додека беше  во Македонија,  но и многуте години што ги мина  во дијаспората. Тој е роден тетовец но, поголемиот дел од својот живот  век векуваше во Детроит, како дел од една од најактивните и најбројна македонска колонија во Соединетите Американски Држави. Беше иницијатор Тетово да се збратими со Стерлинг Хајтс во 1982 година. Неговата активност ги надмина рамките на македонската православна црква  „Раѓање на Пресвета Богородица“ од Детроит, Соединетите Американски Држави, чиј член, активист и претседател беше, речиси, целиот свој живот. Неговата политичка иницијатива и ангажираност го стави во првите редови на Комисијата за референдум за осамостојување на Република Македонија, којашто го спроведе референдумот во Детроит.

Мишко Васовски е роден на 21 декември 1940 година во Тетово. Тој беше роден и одраснат во најубавиот и најградски дел на Тетово - Горно Маало во падините на Шар Планина. ((Тој)) Потекнува од честита македонска фамилија од мајка Перса и татко Петре. Основно образование завршил во Тетово, а потоа го испратиле во Белград каде завршил Поштенско средно образование, за  натаму да се здобие со високо  образование - инженер за телекомуникации во Загреб во 1965 година.

По завршувањето на образованието се вратил во Тетово. Првото вработување  му било во Градската пошта. На Мишко, Тетово му лежеше на срце, бидејќи христијанството на овие простори имало голема улога и долга традиција. Полог, а со тоа и Тетово, е простор на кој во седумте илјади години на овдешното човеково постоење е сконцентрирано исклучително богатство, но и многу малку откриено и истражено културно и археолошко богатство.

misko2

Панорама на Тетово

Од обемното богатство на минатите епохи, од кое денеска само скромен дел им е на увид на археолозите, се издвојуваат и остатоците од храмовите, црквите и манастирите. Тетово се наоѓа во Полошко-кумановската епархија и е седиште на истоименото архијерејско намесништво кое има 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и еден крст. Долги години нејзин надлежен епархиски архијереј беше митрополит Кирил, големиот пријател на Мишко, а денес,  надлежен  е митрополитот Јосиф.

Тетово има неколку цркви, од кои Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ претставува една врвна црковна архитектонска градба,  и е еден од најубавите храмови, не само во полошкиот крај, туку и пошироко во Република Македонија. Граден е на ново место од понов период, токму за време на Илинденското востание во 1903 година.

Се чини, Тетово е најпознат по Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“ и храмот „Пресвета Богородица“,  подигнат во 1326 година. Освен изгледот и историската вредност на храмот, тука особено внимание привлекува фреската „Страшниот суд“ и обликуваниот симбол со тули „Сонцето од Кутлеш“ кој се наоѓа над влезната врата. Вниманието на посетителите го привлекува и старата градба на „Свети Атанасиј“ лоцирана над селото, како и новата манастирска црква, изградена во манастирскиот комплекс во дваесеттите години на минатиот век, која беше минирана и разрушена за време на воениот конфликт во 2001 година, а сега обновена и доведена во првобитната положба.

Мишко Васовски го напушти овој крај и стана тетовски Американец, на 2 јули 1968 година, кога замина за Детроит. Во големата метропола  се вработи во фурната кај дедо му Насто, татко на неговата сопруга Паца, со која склучиле брак уште во 1962 година. Уште во Тетово им се родил синот Горан, а ќерката Сања во САД.

Инаку, Америка отсекогаш била „ветената земја“ за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот, вклучувајќи ги и Македонците од етничка Македонија. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на до­се­лу­вање непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во  ид­нина. Во овој долг период на доселување, ако Њу­јорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго дом за многу народи и нации, тогаш Детроит е  одредницата  на Ма­ке­дон­ците од сите делови на Македонија.

Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека“ за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници од Ма­ке­донија и пошироко од Балканот.

Така, Мишко Васовски како добар зет и сопруг на Паца, напредувал со работата; започнувајќи од отворањето на ресторан, на дуќан за хемиско чистење до голем супермаркет. Притоа, хуманитарните манири и донаторството биле присутни уште со доаѓањето во новата средина. Тоа овозможило тој да биде почитуван и ценет Македонец во американското општество, особено во македонската православна заедница, во која тој поминал поголем дел од животот.

Мишко Васовски е еден од иницијаторите за  воспоставување на релации и комуникации (зближување) на неговиот роден град Тетово, со Стерлинг Хајтс, предградие на Детроит, што резултирало со збратимување во 1982 година. Тој беше вклучен во црковното живеење на Македонците уште во старата црква „Света Богородица“ во Ворен. Потоа беше еден од значајните членови на Управата на црквата и неколку пати беше претседател на  новиот раскошен духовен храм, еден од најубавите на северноамериканскиот континент „Раѓање на Пресвета Богородица“.

Големата желба и потребата за формирање и изградба на црковен храм меѓу Македонците од Детроит се исполнила во 1975 година, кога Македонската православна црква „Света Богородица“  беше примена во пазувите на Светиклиментовата црква и потпаднала под нејзина јурисдикција и кога митрополитот Кирил отслужил прва архијерејска литургија на македонски јазик.

До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото  беше осветено на 25 септември 1995 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година од поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и митрополитот Кирил.

misko3

Црквата „Света Богородица“ во Детроит

Инаку Мишко Васовски во „Света Богородица“ бил дба мандати секретар од 1980 до 1984 година, потоа два мандати претседаел,  од 1986 – 1990 година, два мандати кум на црквата, а бил и епархиски делегат од  2009-2011 година.

Активностите на Мишко Васовски на општестевн план, започнале уште во времето кога тој беше во првите редови на Комисијата за референдум за осамостојување на Република Македонија и којашто го спровела референдумот во Детроит. Во времето на воено-терористичкиот конфликт во Македонија, Мишко Васовски беше меѓу првите што се одзва на повикот за мобилизација и акција низ македонските заедници во Соединетите Американски Држави и Канада.

Во неговиот живот од шеесетина години во Соединетите Американски Држави,  меѓу другото  тој бил Мишко бил претседател на црковната управа на „Света Богородица“, кој има големи заслуги за отворањето на Катедрата по македонски јазик на Универзитетот во Ен Арбор.

Исто така тој бил претседател на Американската македонска асоцијација и член на Македонскииот американски совет; член на Советот на македонската заедница, на Национален центар – Детроит, член на Светскиот македонски конгрес; потпретседател на Американско-македонската бизнис асоцијација; еден е од координаторите на  Фондот за помош на Македонија, Полог-Детроит, бил дел од организацијата на историските протести против тероризмот во Македонија, во разни центри од Соединетите Американски Држави и Канада, бил еден од тројцата потписници на Резолуцијата  за отфрлање на таканаречениот Рамковен договор во 2001 година, како и потписник на преписката со претседателот на САД,  Џорџ Буш, што претходеше на признавањето под уставното име на Република Македонија.

Исто така, Мишко Васовски беше дел од Комисијата којашто ги изведе историските протести против тероризмот во Скопје на 12 септември 2001 година, како и дел од конвојот што ги посети селата во таканаречениот кризен регион во времето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Инженер  Васовски беше активен член и на Светската медицинска организација, преку која беа испратени повеќе пратки на медицинска и техничка помош за македонските болници. Исто така, тој  беше дел од речиси сите активности во македонската заедница и вгради дел од своето битие, како во Детроит така и во Тетово и на Попова Шапка, каде што беше член на Одборот за изградба на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“.

misko4

МПЦ „Св. Богородица“ во Детроит

Меѓу другото, Мишко Васовски беше реализатор на помошта во медицинска опрема и потрошен материјал обезбедени преку Светската организација „Vorld medical rilif“, во организација на Американско-македонската асоцијација од Детроит и Македонската православна црква - Охридска архиепископија на 450.000 долари за Крива Паланка, како и опрема во вредност од 400.000 долари за Болницата за белодробни болести во Лешок и Општата болница во Тетово.

Мишко Васовски беше член на Делегацијата на иселениците-бизнисмени во прекуокеанските земји за разговорите во родниот крај уште во октомври 2006 година. Притоа, тој , меѓу другото, изјави: Меѓу иселениците од Македонија во прекуокеанските земји има подготвеност за вложување во развојот на бизнисот. Сепак, за да можеме поорганизирано да вложуваме мора да претходат два други услова: првиот услов е некој да гарантира за вложување-то дека нема да пропадне од некаква „виша сила“, што подразбира безбедност во земјата. Вториот услов, е сврзан за некогашните „девизни заштеди“, истакна тогаш, пренесувајќи го првиот впечаток Васовски,  во својство на претседател на Американско-македонската асоцијација со седиште во Детроит.

Мишко Васовски се бореше за одбрана на македонското име и идентитет, во името на македонскиот народ, граѓаните на Република Македонија и македонската дијаспора. Тој постојано упатуваше апели за помирување, обединување и единство на Македонците каде и да се, во борбата за македонската кауза, во име на демократијата, човековите права и вредности што не можат да им се оспорат на сите слободни луѓе на Земјината топка.

Мишко Васовски почина на 20 април 2014 година во Детроит, каде се наоѓа неговиот вечен дом.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.