Среда, 25 Септември 2019   
Македонија презентирана во француското гратче « La Ferté Macé « Ла Ферте Масе во Нормандија

mariage la fertéМакедонија презентирана во француското гратче « La Ferté Macé « Ла Ферте Масе во Нормандија

Јазикот, културата, историјата, традицијата, се презентира секогаш и секаде каде имаме прилика за тоа!

Во саботата на 14 септември 2019 година по покана на домаќините, нашите играорки Жоана Размоска Емилија Пендовска и Ванеса Сурловска присуствуваа на Француско-македонска венчавка на Елена и Пјер во градот Ла Ферте Масе » La Ferté Macé »

Тие дадоа свој придонес со збогатување и отварање на вечерта со неколку македонски ора и текстот читан на француски и македонски во Општината , се разбира по барање на самите домаќини.

Текстот го пренесуваме интегрално за презентацијата на Македонија

Почитувани присутни добредојдовте

Ние сме многу среќни денес, што сте добредојдени во градската Општина на Ла Ферте-Масе, во оваа прекрасна просторија за склучување на бракови.
Но, пред да се продолжи со оваа церемонија, сакавме да направиме мало запознавање на историјата на нашиот град Ла Ферте Масе но се разбира и на Македонија.

« La Ferté Macé « Ла Ферте Масе, е мал град со нешто повеќе од 6000 жители, и се наоѓа западно од департеман Орне во Нормандија. Тој е оформен уште во шеснаесетиот век со почетокот на неговата текстилна индустрија. Но особено на крајот на деветнаесеттиот век доживува силна еволуција со ткаењето...
Тука е и производството на галоши со околу 250 вработени.

Овие индустрии придонесуваат за пристигнување на железничкиот собраќај, кои доведуваат до целосна еволуција на градот, продавници, трговски услуги, црква, Општина, училишта и т.н. Сите овие поголеми и помали индустрии и производители го направија градот како град на работничката класа.

Почитувани присутни, за нас французите, нашиот прв пристап кон Македонија тоа е во основното училиште со « Александар Велики », непобедливиот крал кој изградил убава империја во четвртиот век п.н.е .Територијата која нема да преживее, но всушност, таа беше на неговиот татко Филип. Дел од таа територија е постоењето на денешната држава која го носи името Македонија.

Со падот на Александар, земјата ќе претрпи големи падови, измени и разни влијанија, римски, грчки, турски, бугарски .....
Во 1903 година таа се обидува да се крене, но востаниците беа крваво задушени.

Во 1912 година турската армија беше поразена од српската армија, бугарската, грчката и црногорската, а победниците потоа ја демонтираа Македонија на следниов начин: Грција анексираше 51% , Бугарија 12% , Србија 37% и еден мал дел денес е на Република Македонија. Двете Светски војни ќе донесат инвазии , пресврти и борба на македонско тло.

„Од април 1941 година до мај 1945 година војната резултираше со повеќе од 1 милион жртви. Сепак, тоа беше југословенскиот отпор што ја победи германската армија и нејзините италијански сојузници!

Водена од победата на Отпорот, во 1945 година формирана е Сојузна Федеративна Република Југославија, составена од шест pепублики, една од нив е и Република Македонија. По падот на комунизмот, во 1991 Македонија ја стекна својата независност, и покрај противењето на соседите, кои сеуште продолжуваат да вршат злонамерен притисок врз Македонија. Со тоа сакаат да ја ослабнат нејзината моќ, и еве повторно ние Европа го блокираме нејзиното приклучување.
Ова беше краткото резуме.

Историјата на една држава, која е предмет на многу алчности, народ кој и во 2019 година сеуште мора да се бори за да ја зачува својата култура историја и идентитет.
Нејзината историја !!
Но сепак е опкружена со пријатели кои и посакуваат добро!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.