|
|
Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“од Гора нов пратеник во Косовскот парламент |
Екслузивно: Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“од Гора нов пратеник во Косовскот парламент Во новиот состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место ќе обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата. Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово. Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, која првпат ја добиваат на целата терторија на Косово, а не само на подрачјето на Гора. Навистина за нас овие избори се историски. Тоа поради фактот што нашата листа доби голема поддршка не само во областа Гора, туку на целата територија на Косово. Тоа ни влева надеж да продолжиме со нашите залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите, велат од партијата. На кандидатската листа на партијата се најдоа 13 кандидати од разни делови на областа Гора, млади, вредни, образовани личности, меѓу кои и четири жени на овје избори во цело Косово освои 1.155 гласа. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името Горанци . |