Среда, 27 Ноември 2019   
НА ГОСТИ ВО НЕЈПЛС

kala 1ОД ПАТУВАЊЕТО ПО ФЛОРИДА

Да се види Флорида, во исто време значи човек да се запознае со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите… Затоа со право многумина велат дека особено градот Нејплс е вистинското место за живеење и рекреација. Со својата 5-та авенија, со своите трговски центри, места за рекреација, со културните центри, со прекрасните океански плажи и многуте заливи за паркирање на богатите јахти, Нејплс е многу популарно место на богаташите од север на САД и од Канада кои привремено или засекогаш се населиле во Флорида на Мексиканскиот Залив

Моето патување за Нејплс го започнав од Торонто во средината на ноември оваа година. Беше недела, утро, ден Господов кога со „Еир Канада“ појдов на пат за Флорида. Тргнав од Торонто од аеродромот „Пирсон“, кој е еден од поголемите аеродроми на тие американски простори. И покрај тоа што е огромен, аеродромот е едноставен, практичен, со голем паркинг на катови, со безброј патокази и упатства за да може патникот лесно да се снајде кон својата дестинација. А мојата дестинација беше аеродромот Форт Маерс во Западна Флорида кој е сместен на околу триесеттина километри од градот Нејплс.

Патувањето траеше три часа кога ја допревме почвата на топлата Флорида на Мексиканскиот Залив. На аеродромот ме пречека мојот домаќин господинот Луј Влашо, кој ми искажа  македонско-американско гостопримство, пред сè, со топлина и љубов, а потоа со удобното сместување во престижниот хотел „Хилтон“ што се наоѓа во еден убав дел на градот Нејплс.

Според податоците што ми беа достапни, се запознав дека Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Залив, чиј главен град е Телахаси. Флорида е пространа рамница со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и жешки лета. Има голем број мочуришта, езера и бројни острови.

Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под власта на Шпанија била до 1763 година, потоа потпаднала под власта на Англија и останала сè до 1783 година, кога повторна потпаднала под власта на Шпанија. Во 1819 година САД ја откупиле од  Шпанија. Меѓутоа, долготрајната битка меѓу САД и семинолските Индијанци оставила траги. Од 1845 година Флорида е сојузна држава на САД. Таа е интересна и значајна од северната страна  со  границата  на  државата  Џорџија,  па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој  е еден од најважните морски теснеци на западната хемисфера. Тој ја одделува  Флорида од  Куба, а со тоа дели два различни света.

Инаку, Флорида е една од најинтересните простори на земјината топка со својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Мислиш дека по должината на брегот на океанот се наоѓа еден град, чија големина е непрегледна илјадници километри. Затоа често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде голем број од нив живеат претежно во есен и зима. Со право нив ги викаат “птици преселници” “snow birds”, кои се шетаат по убавите, многу интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои за да се видат се потребни големи желби, средства, многу напор и време.

Јас по втор пат го посетив Нејплс, кој поради многу добрата геостратешка положба и околните населени места, е важна туристичка раскрсница. Според пишаните податоци, Метрополитенската статистичка област на Флорида, каде лежи Нејплс има население од над 300.000. Нејплс, пак, е еден од најбогатите градови во САД. Тој е на  шесто место со најголем приход по глава на жител и втор по проценти на милионери по глава на жител во САД. Затоа, често се вели дека Нејплс е место на богаташи.

На аеродромот „Форт Маерс“ ме пречека господинот Луј Влашо, роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество, како и почесен конзул на Република Македонија за Флорида. Тој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество. Луј (Илија) има огромна љубов кон Македонија, со што неговиот позитивен став и подготвеност е да помогне на неговата дедовска земја. Тоа особено го прави преку Хуманитарната организација „Хабитат“, која има своја гранка и во Македонија,а која ми го организираше моето патување и престој во Нејплс, за што изразувам посебна благодарност.

Инаку, Луј Влашо е почесен член на одборот на „Хабитат“ за хуманост во Македонија, кој обезбедува едноставни, пристојни и достапни решенија за домување за оние кои живеат во сиромаштија. Благодарение на заложбите на Луј Влашо, во 2008 година, округот Колиер (Флорида) „Хабитат“ за хуманост потпиша партнерство со „Хабитат“ за хуманост од Македонија.

Во период од педесетина години Луј Влашо бил на високи позиции во бројни компании и различни организации во повеќе држави на САД. Во исто време Луј Влашо беше силен поборник за независноста на Македонија и пријател на претседателот Борис Трајковски. Меѓу другото, тој помогна да се олесни програмата за награди на стипендисти на неговата програма, на универзитет во Охајо, која донесе бројни македонски студенти кои добија стипендии во САД. Неговата визија за менторство на овие студенти помогна тие да се интегрираат во американското општество и да бидат еден вид амбасадори за Македонија.

kala 2

kala 3

LOU VLASHO

Кога во долгите разговори што ги водевме во хотелот и во неговиот топол дом го прашав  за неговата посветеност на Македонија.

Луј Влашо како роден Американец ми одговори дека неговата љубов кон прадедовската земја-Македонија е вкоренета од воспитувањето што го добил од неговите македонски родители кои го напуштиле родното село Брезница и емигрирале во САД, големата земја, за подобри можности за своето семејство.

Со Луј Влашо го прокрстаривме Нејплс и околните места. Меѓутоа, во сеќавање ќе остане средбата во ресторанот „Вергина“ (Кутлеш, Палатица) во Нејплс, во хотелот на кој пред повеќе години менаџер беше токму Луј Влашо, кога и за прв пат се сретнавме. Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на главната улица, а ресторанот „Вергина“ е дел од луксузниот хотел на македонскиот бизнисмен Ристо Гуштеров

Во ресторанот „Вергина“ бевме договорени да се сретнеме со Џорџ Атанасоски и неговата Марија, како и со поранешниот директор на списанието „Македонско сонце“, Елизабета Андоновска. Средбата беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на Македонија.

Првата средба со Џорџ Атанасовски во „Вергина“ пред осум години, беше во македонски амбиент под македонското сонце, кога се договоривме со бизнисменот Атанасоски да напишам монографија за неговиот живот и дело во САД и во Македонија.

Според договорот јас подготвив две изданија на професионални монографии кои се лика и прилика за најзначајните дела што овој бизнисмен ги постигнал на сите полиња. Истовремено монографиите се огледало за него и гордост за Македонија исполнети со материјали од античко до денешно време. Сличен, или идентичен разговор во истиот ресторан водев и со Луј Влашо и се догововивме да напишам слична монографија и за неговиот живот и неговите постигнувања на сите полиња.

По разделбата со Џорџ Атанасоски, ние со Луј појдовме во неговиот дом кој се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Хилтон“. Таму се сретнав со неговата сопруга Патришија, позната американска активистка на хуманитарен и општествен план. За Патришија и Луј со право се вели дека тие се личности за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Американци од македонско потекло.

По неколку дена престој во Нејплс, заминав за Торонто и се разделивме со  мојот пријател Луј Влашо кому му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги  во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Slave Nikolovski - KatinПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.