Среда, 18 Декември 2019   
ОМД со осуда за бугарското негирање на македонскиот јазик

omd1

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остро ја демантира изјавата на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои.

Членовите на бугарската академија забележаа дека македонскиот јазик е резултат на политичка конструкција, а не на органски јазичен развој. Како резултат, тие тврдеа дека македонскиот јазик не е ништо друго освен „бугарски јазик испишан на српска машина за пишување“.

Оваа контроверзна и навредлива изјава е уште еден додаток на долгата линија на понижувачки изјави што го негираат постоење на македонската националност и симболи. Во текот на изминатите децении, а особено од 2017 година, соседите на Македонија започнаа заеднички напор за поткопување на македонската националност преку условување на Европската унија (ЕУ) и членството во НАТО со откажување од тврдењата за македонски идентитет.

Најновата во низата на антидемократски напади, изјавата на Бугарската академија на науките ја отсликува моменталната бугарска политика за негирање на постоењето на единствен македонски јазик. Крајната цел на оваа политика е да се спречи Македонија да има официјален јазик признат во рамките на ЕУ, штом земјата ќе се приклучи на Унијата.

Со оглед на леснотијата со која македонското раководство се предаде на малтретирање од страна на нашите соседи, не би било изненадувачки официјални лица во Скопје да го игнорираат овој скандал.

Како и да е, ОМД ги повикува македонските власти да го осудат овој недоличен чин на Бугарија и да заземат јасен и едногласен став во одбрана на Македонија и нашиот јазик. Покрај тоа, ОМД ја повикува ЕУ да протестира против изјавата на Бугарите, бидејќи негирањето на јазик ја крши нејзината долгогодишна јазична политика.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.