|
|
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (9) |
МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕ ЈА НОСАМ Да се чита поезијата на Рада Крстевска-Видиновска, една од најталентираните современи македонски поетеси од дијаспората, која е закитена со престижната значајна награда „Иселеничка грамота“ на Струшките вечери на поезијата за 1992, значи да се читаат и да се почувствуваат убави нешта за нејзината втора татковини, Канада, а особено за нејзината убава родна балканска земја - Македонија Така, во стихозбирката „Мајка Македонија“, под наслов „Мојот идентитет се вика Македонија“, Рада Видиновска ќе го напише следното: Почитувани мои читатели и слушатели. Јас сум госпоѓата писателка и поетеса Рада Видиновска, родена во Живојно, битолската корија, член сум на Друштвото на писателите на Македонија. Денес заедно со моето семејство, мојот сопруг, моите деца и внуци, живеам и творам неколку декади во Торонто, Онтарио – Канада, светската престолнина на убавината и бескрајноста. Јас сум среќна Македонка и наградувана писателка и автор од дијаспората. Мојата песна е запишана врз секоја ѕвезда и молња низ имињата на поетите од целиот свет. Мојот идентитет, постоење и ембрион, се раѓа во прекрасната библиска идила на Југозападна Македонија.
Македонки во Торонто Јас сум горда Македонка и христијанка, што ја љубам и посакувам убавината, светлината и евангелијата на Бог, на нашиот Исус Христос. На никого не сум му одзела. Ангелски размислувам и пишувам, заедно со ЛИПАТА ОД ТОРОНТО и сите плодови и дарови божествени и заветени ги сакам и љубам. Пред целиот свет и луѓето од сите нации, бои и раси, се самоспознавам и на Струшките вечери на поезијата сум ги изрецитирала моите најубави, антологиски стихови. Постојам и живеам како чесна и питома мајка Македонка. Не се тоа соништа кога црквите и манастирите и во турско време постоеле, се граделе, живееле. Македонскиот народ и тогаш опстојувал со сиот свој глас. Не постоела сила што можела да ги промени имињата и духот на Цвета од драмата „Македонска крвава свадба“ на великиот бард од Селци, Војдан Поп Георгиев Чернодрински, или, пак, на Калеш Анѓа од мариовскиот писател Стале Попов. Идентитетот, името, постоењето – тоа се коренот и темелот за подигнувањето на мојата македонска куќа. Со мене и моето воспитание, се раѓаа моите деца, моите пламени искри и јазици од домашното огниште. Значи, јас сега постојам, живеам и поседувам свој македонски и христијански идентитет, своја татковина, јазик и култура. Таа татковина ми се вика мајка МАКЕДОНИЈА. Послушајте, послушајте ме сега убаво, вие мили чеда и патриоти ...“
Од горното може да се заклучи дека иако далеку од дедовската земја, поетите Канаѓани од македонско потекло се блиски со Македонија, а истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина, кон луѓето, кон пријателите, кон убавото и кон сé што авторите ги опкружува. Исто така, овие поетски остварувања се врзани за секојдневниот канадски живот, како и за личности и дејства од историјата од минатото, сегашноста и од иднината на македонскиот народ од сите делови на Македонија. Во исто време Македонците од сите делови на Македонија, кои се занимаваат со литературни остварувања, особено поетски дела, тие се и поети и чувари и вистински амбасадори на татковината, на јазикот, на литературата и на македонскиот и канадскиот народ и нација, воопшто. Овие дострели се изразени во голем број нивни песни, од кои дел од нив се дадени во оригинал, иако авторот си зборува на својот дијалект. Рада Видиновска, заедно со својот сопруг Борис (Борче) Видиновски, како и со другите членови на Друштвото „Браќа Миладиновци“ е застапена со дел од нејзината поезија во збирката поезија „Корени“. Делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е едно од позначајните поетски остварувања на членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ при Македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто. Тоа, всушност, претставува излив на чувства, желби, соништа, копнежи, болки, вистини, страдања и радости, како и израз на голема љубов кон македонскиот и англискиот јазик. Иако далеку од дедовската земја, поетите Канаѓани од македонско потекло се блиски со Македонија, а истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина, кон луѓето, кон пријателите, кон убавото и кон сé она што авторите ги опкружува. Исто така, овие поетски остварувања се врзани за секојдневниот канадски живот, како и за личности и дејства од историјата од минатото, сегашноста и од иднината на македонскиот народ од сите делови на Македонија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |