Среда, 08 Јануари 2020   
Николче Трајчевски, битолчанецот кој со борбениот авион Сухои ги “поткрена” битолчани

За време на кризата во 2001 година од страна на Армијата на Република Македонија беа набавени борбени авиони од типот на Сухои. Еден од нив беше управуван од наш битолчанец и впечатливо за тој период беше неговиот прелет на само стотина метри од градот, со што ние битолчани до ден денес ја паметиме таа случка која буквално грмеше и ја “поткрена” Битолата…

Здраво господине Николче Трајчевски за најпрво да ги доближиме битолчани до вас дали може мало и кратко инфо за вас?

Роден сум на 14-ти февруари 1969 во Битола, од мајка Цветанка и татко Томе, имам брат Васко кој работи на болница. Битола ја напуштив после завршено основно образование во Стив Наумов, средно школо учев во Мостар. Ја имав таа среќа да успеам да се кандидирам за Воената Воздухопловна Академија во Задар Хрватска, после успешно завршена летачка селекција, со уште 90 питомци.

Бев селектиран да се школувам како воен пилот на авиони. После 3 семестри интезивна теорија почнав да летам на млазен авион Галеб 2 во Задар и успешно поминав уште една летачка селекција која за жал не ја поминаја сите.

За моја среќа во 3-та година или 5-от семестар, сега во Титоград (Подгорица) Црна Гора, го воведоја Галеб 4 во обука за прв пат во трета година на школување и така ги налетав сите сати предвидени за обука на тој авион во трета година.

Во четврта година академија, исто така во Подгорица, за прв пат во историјата на РВ и ПВО авионот ОРЕЛ(ОРАО) беше воведен за обука на академија и јас и уште 6 мои класичи бевме селектирани да летаме на тој тип на авион и од нашата успешност или не, зависеше дали ќе се продолжи школување на питомци на тој тип на авиони.

Се покажа дека сме биле достојни на предизвикот што беше поставен пред нас. Како потпоручник бев промовиран во Задар, каде и што беше академијата, другите градови беа нејзини центри за практична обука, како пилот ловец-бомбардер на трансонична авијација.

Прва служба ми беше во Мостар од каде и се вратив назад во Македонија 92-ра.

Тука работев се до 2004 завршив неколку курсеви во Прага, Чешка, Измир Турција, Загреб Хрватска, Монтгомерy Алабама САД, и пост дипломски заврсив во Маxвел Аир Форсе Бејс на Аир Университи исто така во Монтгомерy Алабама САД. Тоа е околу моето образование и кариера, во МКД работев како инструктор по летање и тест пилот, во мојата летачка книшка имам впишано летање на 7 типови на авиони.

Од кога сте во Америка и каков е животот таму?

Сега живеам во САД блиску до Чикаго и работам како шофер на камион, градот се вика Цедар Лејк во Индиана, друго немам ништо професионално работено. Животот тука е нормален и пружа многу можности, на тебе е како ќе ги искористиш, се работи многу повеќе од колку во МКД, кога јас бев таму, незнам сега, и што е интересно се гледаат и резултати, за разлика од МКД тука успеав да решам многу егзистенцијални работи за релативно кратко време што во МКД не успеав за 12 години работа. Не е сѐ идеално, али еден нормален живот успеав да обезбедам за себе и за своето семејство.

Дали ви недостига Битола и вашите сограѓани битолчани. Дали не посетувате често и доаѓате повторно во вашиот роден крај?

За 15 год за жал имам само еднаш дојдено во МКД и тоа нешто ми фали, фамилијата, другарите, пријателите, колегите и секако летањето. За сите години на служба во АРМ со Злинот имам направено безброј прелети над Битола, учествував во аеро митингот во Логоварди кога се отвораше школото, кое за жал никогаш не проработи, како соло авион, изведов една солидна програма.

Какво беше чувството да се управува Сухои?

Имам учествувано и на други манифестации како соло или во група, секако најдраг и најубав лет ми беше кога со Сухојот ја надлетав Битола, тоа беше едно ветување што го имав дадено на моите родители и сум многу среќен што го исполнив.

Како беше чувството кога многу ниско ја надлетувавте Битола? Дали имаше некои коментари од битолчани?

Коментарите како што после слушнав од многу луѓе не престануваа следните 2 недели, малку ми беше жал што некои луѓе, дечиња, се исплашија од звукот али се надевам дека ми простија.

Дали повторно би се вратиле тука?

Животот во Македонија и посебно во Битола на сите ни фали, сега слушам и сум во контакт со многу луѓе и реалноста е таа што многу луѓе се иселија и имаат намера да го сторат тоа. Многу ми е жал за тоа али не ги кривам, секој бара нешто што ќе го исполни во животот. Јас ја памтам Битола од моето време, како член на Џудо клубот Пелистер, како член на КУД Гоце Делчев. Сите тие се назаборавни времиња што ги поминав во Битола и секако дека ми фалат многу, луѓето исто така што заедно ги делевме сите тие убави моменти.

За повторно враќање во Битола во моментот не размислувам заради моите деца, таму си каде што ти е семејството али размислувам за почести посети во иднина. Сакам да знаете дека Битола има “дадено” многу пилоти, и цивилни и воени. За жал некои од нив многу рано не напустија и многу ми фалат, Бранко Ивановски, погина со претседателот Борис Трајковски, Николце Кочанковски, почина од природна смрт, Иљо Лопатички, погина кај Струмица. Првите двајца ми беа школски а Бранко и 2 години цимер. Летањето е прекрасна работа која бара многу одрекнувања и пружа големи задоволства, во исто време е и опасна работа која не трпи грешки, нема поправен испит. И на крајот да Ви кажам дека кога би имал можност усте 100 пати да бирам професија не би се двоумел ниту една секунда и би ја избрал истата летачка професија како воен пилот.

Ви благодариме господине Трајчевски, Ви посакуваме среќни празници и сме горди што сеуште имаме вакви “стара школа” битолчани. 

Превземено од Babam Bitola

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.