Среда, 08 Јануари 2020   
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (10)

dostignuvanja1

ДЕЛ ОД ПОСТИГНУВАЊАТА НА РАДА ВИДИНОВСКА

Од активностите на Рада во Канада треба да се нагласи дека во 1994 година поетесата Рада Видиновска учествуваше на Комитската вечер што ја организраше Комитетот на ВНРО-ДПМНЕ за Торонто и Канада. Вечерта се одржа во просториите на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. На оваа Комитска вечер  како претставник на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ со свои песни  од збирките „Молњи во окото“ и  „Белези на душата“ настапи  поетесата Рада Видиновска

Рада Видиновска е автор на поетските книги: „Бисерни капки од Нијагара“ (1992), „Молњи во окото“ (1993), „Белези за душата“ (1993),Скришни огледала“ (1995), „Отворени порти“ (1999), „Траги по коренот“ (2005), „Жена на брегот на океанот“ (2007), „Харфа“ (2007), „Göç Kuşu“ на турски јазик (2008), превод Есад Бајрам, „Бисери и кавали“ (2009), „Трендафилот од Живојно“ (2010), „Огниште“ (2012), „Мајка Македонија“ (2013) и „Поезијата -  мојот живот“ (2018).

Судбината ја однела во странство и заедно со своето семејство ја напушти татковината и емигрира во Канада, во Торонто, каде активно се вклучи во македонските иселенички организации и црковни општини. Била член на управата на МПЦ „Свети Климент Охридски“, претседател на Женската секција при црквата „Свети Климент Охридски“, претседател на женската секција при организацијата „Обединети Македонци“ и претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, во Торонто.

Таа е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на Струшките вечери на поезијата за најдобар поет од дијаспората. Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ по покана на Управниот одбор на СВП и застапена е во изборот „Кој е Кој“ на светските поети.

Таа е член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година, и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Преведена е на повеќе јазици. Застапена е во повеќе антологиски извори од дијаспората и во Македонија, како и  во антологијата „Сто македонски кратки раскази“, како раскажувач (издавач „Феникс“ – Скопје, (2009). Застапена е во книгата избрани есеи „Година на есејот“ објавена во 2010 година. Добитник е на наградата „Книга на годината“ за „Бисери и кавалот“ на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“.

 dostignuvanja2

Во нејзиниот скромен дел од општествените остварувања, меѓу другото, е запишано дека  во 1988 година кога Рада Видиновска беше претседател на Женската секција на организацијата „Обединети Македонци, беше организатор на манифестацијата Bake Sale-продажбата на тестенини, на која беа претставени македонски специјалитети, меѓу кои во изобилство беа застапени различни зелници, буреци, крофни, баклави, како и производи на фирмата  „Примров бејкери“ кои беа подарок за Женската секција. Вакви и слични манифестации беа одржани во периодот кога Рада Видиновска беше претседател на Женската секција. 

За своите постигнувања на полето на литературата и на општествено живеење,  поетесата Рада Видиновска е добитник на петнаесеттина награди и признание. Меѓу нив ќе ги одбележиме следните: Рада е добитник на првата „Иселеничката грамота“ што Матицата на иселеници од Македонија ја додели на Струшките вечери на поезијта; на првото признание „Златен клас за македонски вознес“ што ја доделува Одборот на Пелагониските културни средби во Новаци, Битолско; на посебно признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

 dostignuvanja3

Првото признание „Златен клас за македонски вознес“

Потоа на: специјална награда, златен часовник, по повод 45-годишното постоење на организацијата „Обединети Македонци“; Благодарница од Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ од Битола, за догогодишното залагање и свесно извршување на хуманитарни и добротворни работи; Благодарница од Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Медицински факултет Дерматолошка клиника, Скопје, Македонија за добиениот статичен апарат за мерење крвен притисок; Благодарница од Македонското друштво „Преспа“ од Детроит, САД, по повод деновите  на македонската култура; од Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и неколку награди од Литературното дрштво „Браќа Миладиновци“.

Продолжува

 KatiN

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мицкоски: Денес завршува владеењето со свиткана кичма

Прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (43)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (43)

Иселеници

News image

БЕСЕДА ЗА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СИДНЕЈ

На 7-ми февруари во Сиднеј, Литературното друштво „Григо...

Култура и туризам

News image

Горна Ѓоновица – копнеж, предизвик, перспективи

Селото Горна Ѓоновица се простира на падините на планината Буковиќ Пред некоја година, планинарск...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (7)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ V)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.