Среда, 15 Јануари 2020   
ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА

Avstralija pozari 2

Скоро два месеци огнените стихии бесно хараат низ целокупната територија на Австралија, но најмногу штета претрпеа шумските предели на Викторија и Нов Јужен Велс. Ови огнени јазици проголтаа илјадници, илјадници хектари шума, уништија стотици домови, фарми, спортски и старски центри.. покосија дваесетина човечки живот, илјадници животни и милијарди инсекти.

Пожарите кои причинија неколку милијарди долари штета, се препоставува дека се создадени од човечка негрижа кон заштита на природната средина, а многу од нив токмо човекот е намерен создавач на пожарите. Многу луѓе настрадаа во борбата со пеколната огнена стихија, уште повеќе останаа заробени во шумските лавиринти опколени со оган, чад и животинска смрдија. Тежок и мачен период преживуваат и многу граѓани чии градови се под окупација на силни ветрови кои носат смог, дим и пепел. И Сиднеј ова лето Господово, покрај огромните температури, го надлетуваат црни облаци пропратени со смрад на шумско и животинско гноиво. Луѓето се во паника, некои останаа без домови, а други се здобија со разни телесни заболувања. По медиумите секојдневно кружат емотивни видео снимки од овогодинашните огнени настани во Австралија. Помош доаѓа од сите страни на светот,  едни помагаат физички, други финансиски, трети со облека, четврти со прехранбени намирници...  Македонците и тие масовно се приклучија во прибирање на парични сретства. Советот на Македонската Заедница за Нов Јужен Велс објави јавен повик до сите црковни општини, културни и спортски друштва, пензионерски асоцијации, бизнисмени... кој колку може финансиски да ја помогне оваа огнена катастрофа што и се случува оваа година на нашата втора татковина Австралија, во која живеат околу 300.000 Македонци.

Avstralija pozari 3

Деновиве пожар го зафати и излетничкото место Талбинго, кое се наоѓа 500 км на запад од Сиднеј. Како што сме информирани во него изгорела и куќата на нашата сонародничка Жаклина Михајлова, која како што изјавува за радиото СБС и РТВ Скопје покрај куќата и изгореле и многу артефакти, како и национални ракотворби, стари по неколку векови. Таа планирала во една блиска иднина да оснива  Етно музеј во Сиднеј. Кога сме при пожарот во Талбинго убаво е да спомнам дека во него имаат соградено свои викендици и следниве активисти: Душан Ристевски, Нада Иванова, Васко Димовски, Петар Јошевски и Претседателот на црквата Св. Димитрија Солунски од Волонгонг. Гратчето е сместено на брегот од реката која истекува од браната на хидроцентралата „Талбинго“ и планинскиот гребен кои создаваат прекрасна панорама, погодни за одмор и рекреација. Нашиот престој, со Душан Ристевски, го искористивме за да прочитаме по неколку свои песни пред споменикот на австралиската писателка Мајлс Франклин на 12.1.2017 год.

Avstralija pozari 1

Иван Трпоски

ТАЛБИНГО

без болен беше долгиот пат до тебе

до тебе и до твоите боженствени убавини

Господе како си го содал гратчево

до езерото и до планинското зеленило

а над ритчето си ја создал и мистериозната жена

која јуначки се бори со палавите ветрови

и со разбуктаните сончеви огнови

не заменлива е оваа волшебна глетка

и низ ноќите кога кротко ми трчкаа погледите

кон месечината и ѕвездите кои пливаа во езерото

во занес падна и мојот поетски испит

сакав да се искачам на планина

макар и по своите воздишки да газам

да стигнам до неа до убавата мистериозна жена

да ја допрам и да и кажам дека сум в љубен во неа

во неа и во гратчето на Милес Франклин

во кое живеат и творат моите драги пријатели

Avstralija pozari 412.1.2017 год.                                          

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.