|
|
Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија |
Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското Езеро. Со Македонците во Горна Горица,едно од деветте села во областа, беше Васил Стерјовски, лидер на македонската партија,македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и пратеник во албанскиот парламент од оваа партија. Тој присуствуваше и на свечената литургија во црквата „Свети Димитрија“ со која чиноначалствуваше отец Алексо Темелко,кој светиот крст го положи во освените езерски води а најсреќен беше Антонио Никола. Бог се јави. За многу години. Многу сум радосен. Нека Бог донесе среќа, радост, здравје, напредок, рече Антонио. Му честитам на младиот Антонио,нека и него и сите македонци каде и да се ги следи среќа,радост,успеси и благосотојба,посака Стерјовски. Македонците во Мала Преспа традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крстот. Обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетува домаќинствата во населеното место, каде се даруваат со пари. Во областа Голо Брдо крстот украсен со босилок, порано, кога православните биле во голем број се фрлал во реките, но сега тоа се прави симболично во поголем сад со вода, продолжувајќи ги на тој начин традицијата и обичаите. https://vesnik-ilinden.com/bogojavlenie-go-odbelezhaa-i-makedontsite-vo-albanija |