|
|
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (12) |
ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ТВОРЕШТВОТО НА БОРИС (БОРЧЕ) ВИДИНОВСКИ Животната приказна на Борис (Борче) Видиновски е слична или идентична со историјата на голем број Македонци од сите делови на Македонија кои живеат на Северноамериканскиот континент. Во исто време неговиот живот и дело е и скромен дел од историјата на неговото родно Крстоар, на Битола, а преку него и на неговата татковина – Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња од античкиот периодпа сè до прогласувањето на Република Македонија за самостојна, демократска и независна држава е само една сага на човештвото Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд за доблесното семејство Видиновски кое потекнува од селото Крстоар, Битолско, а живее во демократска Канада, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Борче Видиновски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делото што го направиле тој и неговата сопруга Рада, претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден македонски брачен пар во Канада. Целосна претстава за Борче може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште - легендарното Крстоар, потоа Битола, каде го помина дел од своето детство, и неговите две татковини – Македонија и Канада. Тоа може да се види во текстовите кои се дадени во монографијата „Семејството Видиновски“. Всушност, дел од животот и делата на Борче и Рада Видиновски е сместен во монографијата насловена „Семејството Видиновски“ што ја подготви на македонски и на англиски јазик авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин. Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско. Селото Крстоар Монографијата за семејството Видиновски е поделена на десет дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и Канада. Првиот дел е насловен „Македонија – татковината на семејството Видиновски“, во кој се поместени текстови за Македонија од античко време па до денес, за Битола и битолскиот крај и за слободарскиот дух на тие македонски простори. Во вториот дел под наслов „Поетесата Рада Крстевска – Видиновска“ се дадени два текста за Крстоар како дел од печалбарски крај, потоа се поместени текстовите за животната приказна за поетесата Рада Видиновска, нејзините поетски остварувања во период повеќе од триесет години, како и нејзиниот израз на поетските чувства на Струшките вечери на поезијата. Исто така, е даден дел од животната приказна на нејзиниот сопруг Борче Видиновски, како семеен човек, како бизнисмен, како активист во македонските асоцијации во Торонто и како скромен поет . Третиот дел од монографијата „Историското и духовното живеење во Крстоар“ ги содржи тектовите под наслов „Од Широк Сокак до манастирот Свети Христофер“ во Крстоар, потоа се поместени текстови за црквите, манастирите и другите природни знаменитости во Крстоар, како и текст за Буковскиот манастир „Свето преображение Христово“ кој е сенароден духовен центар. Четвртиот дел кој е посветен на поетесата Рада Крстевска – Видиновска содржи текстови за значајните поетски остварувања на Рада како дек од нејзиниот живот. Посебен простор е посветен на поетските остварувања со настапите на Струшките вечери на поезијата и на други манифестации во Македонија. Борче и Рафо со претседателот Глигоров Петтиот дел е насловен како „Семејните корени на фамилијата Видиновски“, во кој се дадени семејните дрва на Борче и Рада и нивните семејства, потоа е поместен текст за корените на семејството Видиновски од Нивици, Преспанско до Крстоар, Битолско, за Егејска Македонија, земјата на корените на семејствата Видиновски и Крстевски, како и текст за Крстоар како дел од македонскиот иселенички регион под Пелистер. Во шестиот дел се поместени текстовите за учителот и големиот македонски револуционер Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец, кој оставил вечни траги во националното живеење. Потоа е поместен текст за војводата Тодор, прадедото на Борче Видиновски кој бил во четата на Ѓорѓи Сугарев и кој бил единствен преживеан борец од битката, како и е поместен пригоден текст за борачот – најсилниот маж, Тодор Јурукот од Крстоар. Седмиот дел е посветен на родното место на Рада Крстевска Видиновска, селото Живојно во Мариово, при што се дадени текстови за историскиот развој, за образовните, за културните процеси и културните знаменитости, како и биогравски податоци за познати и признати личности од Живојно. Осмиот дел под наслов „Канада – Втората татковија на семејството Видиновски“ содржи пригодни текстови за Торонто, за активностите на Рада и Борче во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, во Организацијата „Обединети Македонци“ и посебен простор е посветен за нивните активности во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Деветтиот дел под наслов „Поезијата – дел од животот на Рада Видиновска“ е посветен на нејзиното учество на Струшките вечери на поезијата, со посебен нагласок на добивањето на престижната награда на Матицата на иселениците од Македонија „Иселеничка грамота“ што Рада ја доби на 31. Струшки вечери на поезијата. Потоа е поместен текст за Рада Видиновска и усвојувањето на првото признание „Златен клас за македонски вознес“ на Пелагониските средби во Новаци и текст за посебното признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. Десеттиот дел содржи текстови за познати личности кои напишале пригодни текстови за поетесата Рада Видиновска, како и се поместени објавени текстови во различни информативни гласила. Исто така, во моногравското дело „Семејството Видиновски“ се објавени текстови за Борче Видиновски кој спаѓа во редот на подобрите бизнисмени меѓу Македонците во Канада.Борче Видиновски заедно со брат му Мирче Видиновски беше сопственик на компанија „Пикерингауто-спрингсервис“ и компанијата Б-МОНТ.ЛИД во градот Пикеринг, Онтарио. Тие произведуваа федери за сите видови автомобили. Нивните производи се продаваат во Канада и САД, особено во Куба. Исто така, двајцата браќа Мирче и Борче беа вклучени во акцијата за прибавување на облека за крајно сиромашните краеви во Пиринска Македонија, во Бугарија и во Мала Преспа, во Албанија, што во 1991 година започнаа да ја организираат македонските православни цркви „Свети Климент Охриски“ од Торонто и „Свети Илија“ од Мисисага, организацијата „Обединети Македонци“ и секцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Канада. Оваа акција резултираше со испраќањето авионски пратка од 290 кутии облека, со тежина од 3 тони. Пратките беа испратена до Македонската православна црква во Скопје, која понатаму ја презеде должноста за дистрибуирање. Во ова акција беа вклучени бизнисмените Борче и Мирче Видиновски, како претставници на организацијата „Обединети Македонци“, а кои и во минатото биле вклучени во вакви и слични хуманитарни акции.
Куќата на Видиновци во Крстоар Исто така, браќата Борче и Мирче Видиновски се многу заслужни за собирањето средства и нивна донација за купувањето на паркот „Илинден“ во Видби. Овој парк е со површина од околу 12 хекнатари и е местото за одржување пикници, како и просторот на манастирот „Свети Илија“, сопственост на организацијата „Обединети Македонци“. Борче Видиновски пред сè е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише некоја песна. Така, има објавено десетина песни во гласилата на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Во 1988 година, со играчите на тимот „Солун“ гостувал на големата светска манифестација на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија што се одржала во Скопје. Борче Видиновски е еден од најактивните членови и донатор на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Денес живее и ги поминува пензионерските години во метрополата Торонто, поточно во Маркам, а неговиот иселенички копнеж тлее и тој пее во неговите стихови за родната татковина Македонија. Борче Видиновски е бизнисмен, но поведен од својата сопруга Рада Видиновска одвреме-навреме добива инспирации да напише по некоја песна. Така, во делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е застапен со девет негови песни на македонски јазик. Инаку, делото „Корени“ е едно од позначајните поетски остварувања на членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ при Македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто. Тоа, всушност, претставува излив на чувства, желби, соништа, копнежи, болки, вистини, страдања и радости, како и израз на голема љубов кон македонскиот и англискиот јазик. Затоа, може да се каже дека за Борче Видиновски Македонија претставува дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Како резултат на тоа, неговите поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон Канада, старата и неговата родна татковина Македонија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |