|
|
И во Албанија Македонците се Македонци |
И во Албанија Македонците се Македонци
Фото: Маја Јаневска-Илиева
Што значи за Македонците сѐ уште нефункционалниот закон за заштита на националните малцинства во Албанија, кој две години никако не може да профункционира? Ќе има ли унапредување на статусот на Македонците во оваа соседна држава? Зошто Македонците во Албанија се само делумно задоволни од најавените промени со Законот за националните малцинства во Албанија? Каква е улогата на нашата држава во однос на овие прашања?
Пратениците во албанскиот парламент, кои ги претставуваат грчката и македонската заедница во Албанија, минатата недела доставиле барање до претседателот на албанскиот законодавен дом, Грамоз Ручи, да го повика премиерот Еди Рама на пленарна седница и да објасни зошто се доцни со носењето на подзаконските акти за спроведување на Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија. Албанските пратеници ги реактуализираа политички значајните прашања за етничките малцинства во Албанија – На 13 октомври 2017 година, парламентот на Албанија го донесе Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија, 96/2017, кој требаше да го пополни правниот јаз за третман на малцинствата во Албанија и исполнување на критериумите за членство во Европската Унија. Со последните одредби на законот (член 23) се бара од Владата „да ги донесе подзаконските акти во согласност со овој закон во рок од 6 месеци од неговото стапување во сила“. Законот беше објавен во Службен весник на 9 ноември 2017 година и стапи во сила на 24-ти истиот месец. Значи, законот ја задолжи Владата да ги донесе сите подзаконски акти шест месеци по неговото стапување во сила, конкретно пред 24 мај 2018 година – пишува во писмото доставено до Ручи.
Претставниците од грчкото и од македонско малцинство во Албанија во својот допис додаваат и дека иако поминале две години од донесувањето на овој закон „околу 46 отсто од подзаконските акти сѐ уште не се донесени и овој закон не се применува“. – За ова прашање има најголема загриженост од малцинствата во нашата земја, но и од Европската комисија, која во својот извештај за напредокот на Албанија 2019 вели дека Албанија треба да донесе подзаконски акти, да воспостави потребни механизми и да ги разгледа постојните релевантни законодавства, како неопходни чекори за обезбедување примена на сите принципи и права утврдени со законот за заштита на националните малцинства – се наведува во барањето. Законот за малцинствата нефункционален, но подзаконските акти се подготвувале!? „Нова Македонија“ побара размислувања во врска со овие прашања од претставниците на Македонците во Албанија, како и од македонските државни власти. Оттаму подвлекуваат дека МНР очекува Владата на Албанија и другите надлежни институции што поскоро да го заокружат донесувањето на подзаконските акти и со тоа успешно да го спроведуваат законот, односно правата на малцинствата на целата територија на Република Албанија. Претставниците на Македонците во Албанија задоволни од исчекорот, но ги истакнуваат и проблемите Претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, актуелните случувања ги толкува како исклучително значајни за Македонците во Албанија, но и за преостанатите заедници во оваа држава. Според Ѓурѓај, носењето на законот е битно и за самата земја, бидејќи ако не се донесе тогаш Албанија не би можела да ѝ се приклучи на Европската Унија. Но Ѓурѓај објаснува и дека законот самиот по себе има и „проблематични“ моменти. – Законот во практика никогаш не се спроведе и многу од подзаконските планирани акти за реформи во Албанија по ова прашање не се донесоа – објаснува Ѓурѓај. Претседателот на здружението резимира дека за волја на вистината од тамошната влада добиле охрабрувачки сигнали дека употребата на овој закон ќе започне наскоро, бидејќи оваа работа е еден од главните услови за влез на земјата во Унијата, а самиот процес е под константен мониторинг на меѓународната заедница. Фото: Маја Јаневска-Илиева
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |