|
|
ИВАНОВ ЌЕ ЈА ПОСЕТИ АВСТРАЛИЈА |
НА ПОКАНА ОД ИСЕЛЕНИЦИТЕ ИВАНОВ ЌЕ ЈА ПОСЕТИ АВСТРАЛИЈА
На покана од Македонското добротворно друштво (MCWA - Macedonian Welfare Association) oд Мелбурн поранешниот Претседател на Република Македонија др Ѓорге Иванов наскоро ќе ја посети Австралија.
Претседателот Иванов ќе присуствува на гала-вечерата што во негова чест ќе биде приредена на 22 фебруари во Мелбурн, а средствата од тој настан ќе бидат наменети за купување на автобус за превоз на стари и изнемоштени иселеници - Македонци од Мелбурн и околината.
На гала-вечерата ќе настапат солистката Тања Лазаревска со групата "Амадеус" и австралиско-македонскиот фолклорен ансамбл "Тоше".
Предвидено е на присутните со пригодна беседа да се обрати и екс-Претседателот Иванов.
Поранешниот претседател на државата во текот на престојот ќе ја посети и австралиската држава Нов Јужен Велс каде во Сиднеј на 28 фебруари ќе се одржи голем сенароден настан со богата културна програма во чест на високиот гостин од татковината.
Во текот на посетата на Австралија екс-претседателот Иванов ќе има бројни средби со македонските иселеници, претставници на македонски иселенички асоцијации и црковни општини, како и со претставници од бизнис заедницата и од автралиското општество.
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
|