|
|
ВО БЕРЛИН РЕГИСТРИРАН ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА! |
ОКРУЖНИОТ СУД ВО БЕРЛИН ГО РЕГИСТРИРА ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА! февруари 2020 година, Берлин, СР Германија После основачкото собрание одржано на 3 октомври 2019 година, Окружниот суд во Берлин со решение од 28 јануари 2020 година го запиша во регистарот на здруженијата - Централниот совет на Македонците во Германија! Основни цели и задачи на Централниот совет на Македонците во Германија е духовно, културно и економско обединување на Македонците во Германија, унапредување и продлабочување на македонско-германската соработка. Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано како непрофитно, непартиско и невладинско здружение. Претседател на Централниот совет на Македонците во Германија е Оливер Тасески, заменик претседател Роберт Кленкоски, заменик претседател Ѓоке Андовски, заменик претседател Горан Николоски, благајник Александар Кленкоски, заменик благајник Ѓорѓи Личнов, секретар Роберт Пирковски, заменик секретар Миле Мургоски. Членови на одборот се: Игор Механджијски, Живко Пејовски и Лазе Ризов. Централниот совет на Македонците во Германија ги застапува интересите на македонската заедница и ги подржува македонските здруженија за ефективно исполнување на нивните задачи и цели. Централниот совет на Македонците во Германија ги охрабрува сите заинтересирани невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат кон заедничките цели, да го подобрат животниот стандард на македонците во општеството во кое живеат, својата татковина и светот, да ја одржуваат и шират македонската култура и да ги бранат правата на македонците. |