|
|
БЕСЕДА ЗА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СИДНЕЈ |
На 7-ми февруари во Сиднеј, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во својата библиотека одржа беседа за Григор Прличев и Гоце Делчев. На почетокот на февруари се одбележаа два јубилеи сврзани со поетот Григор Прличев, 190 години од неговото раѓање и 127 годишнината од неговата смрт како и 148 години од раѓањето на Гоце Делчев, основоположникот на идејата за самостална Македонија. По тој повод писателското друштво „Григор Прличв“ како и секоја година традиционално организира средби – беседи за Патронот – поетот и преродбеник Прличев кој целиот свој живот му го посвети на борбата против грчкото и бугарското влијание во Македонија и на Гоце Делчев кој својот живот му го посвети на борбата против отоманското владеење и против грчкото и бугарското влијание во Македонија. Беседите се заокружија со читање поезија посветена на Прличев и Делчев од поетите Иван Трпоски, Марија Александрова и Душан Ристевски. Македонска нација |