Среда, 12 Февруари 2020   
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (15)

brakamilad1

РАДА ВИДИНОВСКА – ДОБИТНИК НА ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ ОД МЕТИТЕРАНСКАТА АКАДЕМИЈА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ОД СТРУГА

На 8 септември 2018 година, на денот на македонската независност, поетесата Рада Видиновска стана добитник на посебно признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. Ова признание го диби за стихозбирката „Бисери и кавали“ која според критериумите на Медиреанската академија „Браќа Миладиновци“ беше прогласена за книга на годината

Поетесата Рада Крстевска- Видиновска е Канаѓанка од македонско потекло, родена во селото Живојно, а мажена во Крстоар. Рада ја напуштила својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата,  љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ја напуштиле. Не. Тие тлеат, постојат и ги оживуваат низ стиховите, низ песните и низ сé она што го оставила како свој придонес, дар и оставнина.

Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Рада и нејзиниот сопруг Борис (Борче) Видиновски, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за библиската природа на древната земја на нивното потекло – Македонија.

Во биографијата за Рада Видиновска се вели дека таа е современ македонски писател, поет, есеист, раскажувач. Во Торонто активно се вклучила во македонските иселенички организации и црковни општини. Била член на управата на МПЦ „Свети Климент Охридски“, член на културниот комитет,  како и претседател на женската секција при црквата „Свети Климент Охридски“, претседател на женската секција при организацијата „Обединети Македонци“ и претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, во Торонто. Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ по покана на Управниот одбор на СВП и застапена е во изборот „Кој е Кој“ на светските поети.

brakamilad2

Кога се пишува за Рада Видиновска може да се каже дека за неа поезијата, всушност, е нејзиниот живот. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Затоа поетските дела што таа ги напишала претставуваат убав пример и патоказ на една честита и трудољубива канадска Македонка, на која татковините ѝ се и радост и тага и восхит.

Во Канада, Рада Видиновска стана македонски иселенички писател, поет, есеист и раскажувач. Затоа, може да се рече дека во нејзините скромни поетски рамки и преку нејзините дела се проектира македонската иселеничка поезија.

Затоа, на 8 септември 2018 година, на денот на македонската независност, поетесата Рада Видиновска стана добитник на посебно признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. Ова признание го диби за стихозбирката „Бисери и кавали“ која според критериумите на Медиреанската академија „Браќа Миладиновци“ беше прогласена за книга на годината

Во таа прилика директорот на Медитеранската академина м-р Разме Кумбароски ѝ честита за изборот на ова високо признание на поетесата Рада Видиновска и ѝ посака многу здравје, среќа и успешни поетски мигови во нејзиното творење. Исто така, м-р Кумбароски рече дека поетесата Рада Виновска е несекојдневна творечка и литературна појава во современата македонска литература, којашто веќе неколку декади високо го вее големото поетско знаме и копје, среде изгревите и бреговите на северноамериканските езера Онтарио и Ири.

Нејзиниот поетско-космополитски свет и пат од Пелистерските македонски рамнини, сé до големите канадски шуми и северни окна на двата океана: Пацификот (Тихиот) и Атлантскиот океан, разоткриваат една значајна, талентирана и даровита способност во духовната симбиоза и опстој на нејзината поетика и сензибилитет.

brakamilad3

Струга

Видиновска, всушност, е големата поетеса на двете татковини: Канада и Македонија, на двете сонца, на двете окна, на тие два духовни архипелага на човековото изгрејсонце, низ чиј зенит го разоткрива и плете својот визуелен и мисловен поетски свет.

Да се чита поезијата на Видиновска, една од најголемите и најталентираните современи македонски поетеси од дијаспората (закитена со престижната значајна награда „Иселеничка грамота“ на Струшките вечери на поезијата за 1992), значи да се допре и отклучи нејзиното тајно женско срце и убавина, среде океанот и кристалните водопадни капки на Нијагара.

Поезијата на Рада Видиновска изобилува со мноштво нови и вистински поетски знаци и мегдани, оплодени или пожнеани со љубов од големото плодно житно поле на битолското поднебје. Поезија на Рада Видиновска влегува како апсолутна составка на македонската литература на егзилот. Таа литература, денес, со сите нејзини  карактеристики е составен дел на македонската културна историја

Продолжува

 KatiN

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.