Среда, 26 Февруари 2020   
СРЕДБИ КОИ СЕ ПАМЕТАТ

Поранешниот претседтел на Репубика Македонија Ѓорѓе Иванов по покана на македонската заедница пристигна на две неделна посета на Австралија. Иванов се очекуваше да ја посети Австралија минатата година, кога македонската заедница во главните градови организира масовен протест против предавничкиот преспански договор, а во подршка на претседателот кој децидно одбиваше да го потпише истиот иако нелегално се протури во македонското собрание. Во негова чест закажани се повеќе средби и хуманитарни балови во Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг. Исто така во Сиднеј во игралиштето на ФК „Сиднејска Македонија“ во Сефтон ќе се приреди Средсело со богата културна програма на 1-ви Март 2020 година.

Повод за разговор со Иван Трпоски, виден општественик и наградуван писател од Сиднеј, ни даде токму посетата на Иванов. Да потсетиме, Иван Трпоски од Иванов во  2016 година доби Медал - за заслуга за Македонија, за неговата општествена работа во промовирање на македонскиот јазик и култура во Австралија

Иване, преку вашата сеуште необјавена афтобиографија дознавам дека вие имавте средби со сите претседатели на независна Република Македонија. Ве молам за нашите читатели кажете каква беше средбата со првиот претседател Глигоров?

- Со Киро Глигоров се сретнав на отворањето на СВП во Струга во 1995 год. како и со поетите во резиденцијата „Билјана“ во Охрид. Глигоров се интересираше за состојбата на Македонската заедница во Австралија и нејзинaта надеж за враќање и инвестирање во татковината. Мојот одговор беше, „доста не има, сме добро обединети и секогаш на соседските провокации истапуваме со протести пред нивните дипломатски претставништва“. На моето прашање - дали би сакал да ни биде гостин во Автрслија? Одговорот со блага насмевка на лицето беше: Би сакал да ја посетам Австралија, но мислам се уште времето не е созреано за да донесам таква ризична одлука.

sredbi4 

Покрај средбата со Глигоров истата година се сретнавте и со Премиерот Црвенковски. Какви ви беа впечатоците од оваа средба?

- Со Бранко Црвенковски - се видовме на коктел отворањето на Струшките вечери на поезијата во хотел „Дрим“ во Струга во 1995 година кога тој беше Премиер на Република Македонија. Наздравувајќи тој одеше наоколу низ бројните домашни и странски поети и повремено тука, таму ќе прашаше некого  - дали се добро припремени за настап на овогодишните поетски вечери и насмеан ќе се сликаше со оние кои тоа го сакаа.

Кога се доближи до нашата поетска група која беше составена од иселеници и поети од окупираните наши територии, го замолив, за да направиме заедничка фотографија за спомен. Иронично се изнасмеа и ноншалантно одмавна со раката велејќи: Вие не и припаѓате на мојата партија, вие си имате своја, патриотска партија.

Ние останавме скаменети од таквиот одговор на овој политичар. По кое, јас му се доближив и мошне пријателски му реков дека „Тоа не е точно. Ние си ја сакаме Македонија и сите Македонци под еднакво, а за партиите која ќе ја изгласа народот, таа, ќе ја води државата, а штом е народот среќен со нејзиното владеење, среќни ќе бидеме и ние“. Му спомнав дека јас сум роден под тоа поднебје, кое не би го дал за никакво богатство на светот... Ме распраша во које село сум роден и кога сум го напуштил и ме праша за одредени личности од селото Волино со кои соработува, дали ги познавам.  

sredbi3 

Средбата со Борис Трајковски беше во Австралија?

- Со Борис Трајковски - се сретнавме на средселото во ФК „Илинден“ во Рогдаел, кое беше организирано во негова чест, а десетилијадниот македонски народ го забавуваше мега музичката ѕвезда Тодор Проески - Тоше , со неколку солисти и музички бендови. Борис, беше дојден во Австралија специјално за да биде гостин на отворањето на Олимписките игри кои 2000 година се одржаа во Сиднеј, Австралија. Во таквиот метеж едвај се поздравивме и го замоливме да направиме фотографија. Учтиво не прегрна и застана меѓу нас со поетот Перо Дамчевски - Коцин, на кои ни се приклучи и мојата сопруга Нада. Ни се заблагодари на почитта и ни посака да продолжиме и понатаму да твориме и да ја афирмираме македонскиот јазик и култура во Австралија. А ние му порачавме - да ни ја чува татковината и храбро да се справува со домашните и странски предавници и мешетари кои сакаат да ни ја поделат и разнебитисаат Македонија.

sredbi koi se pametat 2

Кажете ни нешто и за средбата со Ѓорѓе Иванов?

- Со Ѓорѓе Иванов - се сретнав во резиденцијата „Билјана“ во Охрид во 2016 година, тогаш кога ми додели Медал - за заслуги за Македонија. За оваа награда бев предложен од Управата на македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Ѓорѓе на коктел средбата на која му подарив две мои историски книги и традиционалниот абориџанска интрумент Диџеру, за кои најљубезно ми се заблагодари и фативме лав - муабет. Тогаш топ тема беше „црковниот проблем“ во Австралија, за кој апелирав да се заложи и тој и што поскоро да са затвори овој проблем. Зашто многу милиони долари не чинат судските разврски на кои се уште не им се гледа крајот. Заедницата ни е осиромашена, а нашиот национален просперитет уништен и омаловажен... Ѓорѓе, беше загледан во книгите, но тивко, дури нечујно прозборе - Слушаме за тоа почесто. Имаме и разговарано и со повеќе ваши делегати и активисти на вашите друштва и организации, но тој проблем е на Синотот на МПЦ и ќе биде најдобро за верниците и заедницата и од едната и од другата страна да најдат заедничко решение. Вакви работи нас не ни требаат...!

sredbi 1

Иване, благодарам што ни „обелодени“ некои важни факти од овие средби со надеж дека повторно ќе бидеш во можност да се сретнеш со Иванов и разменете мислења за сегашната состојба во заедницата и нашето мислење за последиците од предавничките потези на Заевистите.

- Посебно го ценам, а и целата Дијаспора го цени Иванов. Тој е човек кој цврсто остана доследен на неговата заклетва која гласи: „Јас, како Претседател на Ррепублика Македонија и како врховен командант на вооружените сили, смело ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Република Македонија од внатрешните и надворешни предизвици, закани и ризици, како и Уставниот поредок на Република Македонија“.

DRA

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.