Среда, 26 Февруари 2020   
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (17)

R1

РАДА И БОРЧЕ - ДЕЛ ОД ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Монографското дело „Семејството Видинивски“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје, 2019, 1-445 (на англиски и македонски) е посветено на ова македонското семејство кое пред педесетина години се преселило во демократска Канада, но не ја заборавиле родната земја чиј корени се протегаат во селото Крстоар, Битолско во Македонија

Во монографијата, меѓу другото, се вели дека Литературното друштво “Браќа Миладиновци“ во кое едни од најактивните членови се Рада и Борче Видиновски работи во состав на црковната општина „Св. Климент Охридски“ во Торонто, своите поетски остварувања ги изразуваат преку своите дела на англиски и на македонски јазик. 

Тоа е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржа во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото. Тогаш, за прв пат пред македонската заедница во Торонто членовите се преставија со свои литературни творби.Тогаш се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

На 1 јули 1989 година Друштвото ја печатеше првата публикација “Литературна мисла”. Во првиот број на ова списание се застапени сите членови на друштвото со по една песна. Вториот број на “Литературна мисла” излегзе од печат следната година, а во него членовите на друштвото се застапени со по неколку песни. Третиот број се појави во 1990 година, а во септември 1991 година, четвртиот број.

R2

Истата година излезе од печат книгата поезија на членовите на ова литературно друштво под наслов “Траги во времето”, а во 1993 година делото под наслов “Глас од далечината”. Во 2001 година излезе од печат стихозбирката “Мостови”, во која сите членови се застапени со повеќе песни.

Литературното друштво “Браќа Миладиновци” од 1989 година се јавува и како организатор на “Деновите на македонската култура и литература” во Торонто. Оваа манифестација се одржува во мај секоја година,  на која учествуваат  и гости од Македонија.

Не ретко, нивни гости и соработници биле писатели, културни и научни работници од републиката, а станале и почесни членови, меѓу кои: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристовски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски-Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова-Руменова, Илинден Спасе, Раде Силјан и други.

Нема приредба, одбележување на значајни настани и личности од македонската историја и култура во кои не учествуваат и овие творци и вљубеници во пишаниот збор, а кои се одржуваат во Канада или, пак, во Соединетите Американски Држави. Нераскинлива, и за нив најзначајна, е врската со Татковината. Остварена е соработка со Друштвото на писателите на Македонија, традиционалното учество на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби, објавени се прилози на страниците на македонските весници, списанија и книжевна периодика, а се преземени и други активности.

R3 

Претседателот Трајковски со членови на Друштвото

Спомените од детството, немерливата љубов кон родната грутка – се најлични цветови што никогаш не свенуваат во човековата душа и во неа се носат трајно како пресувани во хербариум. Оттука, носталгијата се напластува на сè и таа станува сино небо со илјадници трепкави и светли ѕвезди во кои спие човековиот поглед. Се множат најубавите соништа и од далечните и студени северни краишта, летнуваат како бели гулаби, симболи на сите копнежи и стремежи, мечти и соништа, летнуваат кон југ како ненапишано писмо, како единствена можност да се биде свој и среќен.

Четириесетината членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ се работници, интелектуалци, ученици, студенти, пензионери... Тоа се чета избраници кои со силата и со моќта на македонскиот збор војуваат и опстојуваат; патем, да забележиме дека неколкумина од нив пишуваат на англиски јазик и во светот ја шират вистината за Македонија.

Нивното творештво, и во минатото како и денес, претставува потребна и суштинска активност на сопственото истрајување во историјата на светот. А нивното главно оружје е мајчиниот збор, македонскиот литературен јазик кој денес има изборено свое место во ризницата на светските јазици и култури, јазик што се изучува во светот, а со кој непомирливо се војува против сите негирања и присвојувања, особено од соседните земји.

Затоа со право се вели дека Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ е афирматор на Македонија и на македонската поетска вистина во Канада.

Крај

 B3 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.