Среда, 04 Март 2020   
„За македонскиот пишуваме мајчин јазик, а сега и како домородци, а не Македонци, не може да регистрираме здружение“

951

Здруженија на Македонци во Грција

Во одделни случаи пред локалните грчки власти и пред грчките судови македонски здруженија во Воден не можат да го изучуваат македонскиот јазик, а во Серес ни да се регистрираат како здружение на домородци, на локални жители.

Изминатата недела, на 24 февруари во Апелацискиот суд на Солун почна судењето по жалба на здружението на локалното (домородно) население од Серес „Кирил и Методиј“. Најпрво основниот суд во Долна Џумаја (декември 2017) ја дозволи регистрацијата на ова здружение, по што судот во Серес ја поништи таа регистрација (бр.185/2019). Предметот во моментов е пред Апелацискиот суд во Солун, кој наредната недела треба да донесе одлука.

На 24 февруари судот заседаваше само половина час, откако радикалното грчко здружение „Македонски борци“ се спротивстави на називот домородно население

Целта на здружението „Кирил и Методиј“ е да ја задржи традицијата и „локалниот“ јазик на нејзините членови, на домородците од регионот. Ова е главната причина за војна со професионалните „патриоти“, велат од здружението.

„Почнаа заканите, лагите, клеветите, лажните извештаи, уцените... кои беа насочени против  членовите на здружението кои само се охрабрија да почнат правна постапка против националистичките бајки на „Македонските борци“. Судот во Серес, во услови на притисок на полицијата и навредливите коментари за присуството на универзитетски професори кои се осмелија да ги бранат локалците од ова здружение, донесе решение за поништување на регистрацијата. „Македонските борци“ се поддржани и од Адвокатската комора на Серес. За овој преседан солунскиот адвокат Јанис Константину напиша дека се срами од неговата професија затоа што Адвокатската комора на Серес застана во првите редови на страната на обвинителот и дури се обиде да се закани и да го гони својот член Костас Демелис, кој го застапува здружението“, велат членови на здружението „Кирил и Методиј“.

На рочиштето во Солун, пред зградата на Апелацискиот суд беа присутни и универзитетски професори и правници кои го поддржуваат здружението.

На почетокот на постапката, претседателот на Адвокатската комора на Серес побара да се отстрани новинарот на Дојче веле, бидејќи, како што рече, не му се допаднало тоа што го напишал новинарот за првото судење и затоа што ги повредил неговите лични податоци. За среќа новинарот продолжи да бележи, велат присутни на рочиштето на кое и претставници на Грчката унија за човекови права беа обвинети дека работат за невладина организација на Сорос.

„Македонците од здружението „Кирил и Методиј“ не се сами. Македонците од Грција не се сами. Постојат пријатели, браќа, соработници во нашата заедничка борба за подобра Грција што ќе ги почитува сите нејзини деца… Главата горе“, велат од здружението.

Пред овој случај, македонското здружение за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ од Воден не успеа од локалните власти да добие училишен простор за учење на македонскиот јазик, за организирање на часови за македонскиот јазик (мајчиниот јазик).

А.Д.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/za-makedonskiot-pishuvame-majchin-jazik-a-sega-i-kako-domorodci-a-ne-makedonci

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.