|
|
Пополни го формуларот за попис и напиши Македонец/ка “MACEDONIAN” |
ВРЕМЕ Е! И Македонците се важни: Американски попис 2020 Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) со големо задоволство објавува дека ќе биде национален партнер заедно со Американското биро за попис. Американското биро за попис ги поканува сите американски граѓани да се приклучат - се охрабрува секој да го пополни формуларот, приватните информации нема да бидат објавени или употребени против вас од никоја владина агенција или суд. Кога ќе го пополните формуларот вашите информации ќе останат приватни. Единствено ќе бидат употребени за да се направи статистичка проценка. ОМД ја лансираше кампањата на социјалните медиуми “И Македонците се важни: Американски попис 2020“ со цел да ги охрабри луѓето да ја посетат веб страницата https://my2020census.gov и да напишат “Македонец/ка“ "MACEDONIAN" на прашањето 9. Прирачник за пописот во 2020 година можете ОВДЕ да го симнете. Се претпоставува дека во Америка живеат повеќе од 500,000 Американци со македонско потекло. Официјалните статистики ја немаат точната бројка. Тоа ни штети нас и на партнерството меѓу нашите две држави. Оваа година, можеме да помогнеме со тоа што секој Американец со македонско потекло ќе го пополни прашањето 9 во американскиот пописен формулар кој започнува денес и ќе трае до 31 Јули, 2020. |