Среда, 15 Април 2020   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (27)

kat22

АТАНАС БЛИЗНАКОВ – НАЈГОЛЕМИОТ ДОНАТОР ОД МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО

 

Монографските дела „Атанас Близнаков“, кое се во издание на Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2000, 1-336, (на македонски). И 2017, 320, (на македонски и англиски) се посветени на  најголемиот донатор во македонското иселеништво, Атанас Близнаков роден во селото Д’мбени, Костурско, а живееше во Гери,Индијана, во Соединетите Американски Држави

Во нив, меѓу другото, се вели дека Атанас и Славка Близнакови со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков“ отворија една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ и македонското иселеништво.

Инаку, македонските доселеници во САД постигнуваат забележителни резултати во областа на бизнисот, црковното и културното живеење, образованието и социјалниот живот воопшто. Нивните постигнувања на економски, општествен, црковен и културен план с# повеќе придонесуваат за да бидат признати од домашниот фактор и од другите етнички групи. Голем е бројот на деловни луѓе од македонско потекло кои се познати и ценети во својата средина, држава и ширум светот. Ваквиот напредок, пред се’, придонесува за нивна општествена афирмација и поволен третман во средините кај што живеат, однесувајѓи се кон нив како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунационалното општество во САД и Канада.

Процесот на национална афирмација на македонските доселеници на Северноамериканскиот континент започнал уште во почетокот на нивното доаѓање во новите средини, кон крајот на минатиот и во почетокот на овој век. Со доаѓањето во новите средини Македонците со себе ги понеле своите наследни народни традиции, културата и националното чувство.

kat23Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”

Тоа го покажува фактот што денес Македонците се интегрален и важен дел во САД, формирајќи значајна заедница меѓу етничките групи. Со тоа, во исто време, тие ги афирмирале своите национални  вредности преку културните институции и асоцијации и на тој начин го збогатувале мозаикот на културата на САД.

Еден од познатите и признатите македонски иселеници, секако, е Атанас Близнаков. Неговите дела се добро познати меѓу македонските доселеници и на пошироката македонска јавност. Тој, всушност, припаѓа на онаа напредна и прогресивна генерација од првите доселеници на американскиот континент, која далеку од својата родна земја, со целиот свој живот и со целото свое битие остана трајно врзана со својот народ.

Времето во кое живеел и дејствувал Близнаков во САД е мошне значајно за националната борба на македонските доселеници. Тој има слична, ако не и идентична судбина со голем број македонски афирматори – доселеници кои со макотрпно чекорење низ многубројните животни крстопати ќе го бараат своето нескриено чувство и желба за оддолжување кон сопствениот народ и својата татковина.

Затоа, како многумина македонски доселеници на американските простори ќе се бара себеси и ќе го бара своето место во националното осознавање на Македонците во САД во различни период на овој век, од ропството и делбите на Македонија до формирањето на македонската самостојна и независна држава.

Како резултат на сите тие збиднувања, кои од Балканот се рефлектирале и во САД, кај Близнаков преовладала желбата и убедувањето да се приклучи кон крилата на прогресивните и да остане доследен на своите сфаќања до крајот на животот. Тој во исто време беше државјанин и лојален граѓанин на САД и   почитувач на големите постигнувања во деловноста и прогресот во целина.

Атанас Близнаков бил активен член на Македонскоамериканскиот народен сојуз, кој во тоа време водел решителна борба против реакционерните режими на Балканот. Всушност, членовите на МАНС се бореле за ликвидирање на фашизмот и биле поборници за изградба на посреќен живот и траен мир. Нивната морална и материјална помош била од огромно значење во Народноослободителната борба и во периодот на обновата на Македонија.

2421kОдборот и студентите на Фондацијата „Атанас Близнаков“

Исто така, Близнаков бил претседател на Болничкиот комитет во Гери, чија мисија, како и на многу македонски комитети во Америка, била собирање парични средства за изградба на Клиничкиот центар во скопје, кој работи во рамките на Државната болница на главниот град на Македонија.

Тој бил еден од најактивните членови на Спомагателното друштво ,,Александар Велики” и ,,Лазар Поп Трајков”, се залагал за формирање на Македонската православна црковна општина и е еден од основоположниците на првата Македонска православна црква ,,Св. Петар и Павле” на американскиот континент.

Меѓутоа, сето тоа било премалку за да се замени желбата на Близнаков да го види остварн својот сон за слободна Македонија. Така, во јуни 1958 година, заедно со сопругата Славка, првпат дојде да види слободен дел од татковината, за да им се исполни нивната желба. Потоа, по десет лета во 1968 година, по пензионирањето, повторно дојде во Македонија, а во 1976 година Близнакови засекогаш се вратија во Скопје.

Враќањето на Близнаков во татковината цлеосно го исполни негивиот живот со ангажмани кои му дадоа траен белег на неговото животно дело. Имено, во 1977 година, на Универзитетскиот совет, едногалсно беше прифатена неговата желба за основање на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за стипендирање на надарени студенти.

Фондацијата го сочинуваа средствата што тој му ги подари на Универзитетот и од кои во изминативе дваесетина години над двеста млади луѓе завршија високо образование на различни факултети на Скопскиот универзитет. Едно од неприкосновените правила на Фондацијата е стипендиите да се доделуваат исклучиво на студенти на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” што беше, всушност, и желбата на Близнаков.

Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” е прва од ваков вид во Република Македонија и затоа предизвика големо интересирање меѓу јавноста во Републиката и сред македонското иселеништво во прекуокеанските земји. Таа, во прв ред, е гордост на донаторот Атанас Близнаков, но и поттик за другите добротвори, без разлика каде живеат, да придонесат за побрзиот економски и културен развој на својата татковина.

Формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” претставува, не само завештание и животна ориентација на поснатиот доселеник господинот Атанас Близнаков и на неговиот сопатник Славка, туку и светол пример како една највисока просветна институција во Македонија – Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, гради односи со македонското иселеништво, излегувајќи во пресрет на оние истакнати Македонци во светот кои решиле преку донации во науката и културата да го поттикнат вечниот прогрес на својата поранешна и сегашна татковина Македонија.

Крај 

katПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.