Среда, 22 Април 2020   
Д-Р. БОРИС СТОЈЧЕВ – ПОЗНАТ И ПОЧИТУВАН ФИЗИЧАР ВО КАНАДА И ВО СВЕТОТ (1)

stojcev

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – КАНАДА

Меѓу Македонците од постарата генерација во Канада, секако, значајно место му припаѓа на професор д-р Борис Стојчев (Boris Stoicheff). Тој беше еден од доблесните интелектуалци и канадски научник од македонско потекло кој остави длабоки траги во науката и образованието. Беше научник од висок ранг и затоа беше почитуван меѓу своите колеги, а особено меѓу студентите. Добитник е на голем број високи признанија, а бил член на бројни универзитетски асоцијации во Канада, како и член на Македонската академија на науките и уметностите

Проф. д-р Борис Стојчев е роден во Битола на 1 јуни 1924 година, во времето кога Македонија беше под окупација на Стара Југославија. Тој има  македонско потекло, од татко Петар и мајка Василка Стојчеви, печалбарско семејство и едно од првите напредни македонски фамилии во Торонто. Уште како дете, на седумгодишна возраст, во 1931 година, Борис заедно со родителите се преселиле во Торонто каде и станал натурализиран Канаѓанец.

Како и голем број македонски семејства, особено од леринско-костурскиот крај и семејството Стојчеви го поминале трнливиот пат на приспособување и егзистенционални  предизвици во Канада.

Меѓутоа, неговите родители му обезбедиле редовно да го започне своето образование и тој поодамна да стане еден од образованите Македонци во новата средина. Така, по завршувањето на гимназијата, во 1943 година, во немирните времиња во Македонија се запишал на факултет и во 1947 година дипломирал инженерска физика на Универзитетот во Торонто. Другата година, во 1948  магистрирал, а во 1950 година докторирал на истиот факултет. По повеќегодишни специјализации на разни универзитети во Канада и САД, во 1964 година бил  избран за доцент по физика, а во 1977 година за редовен професор на Универзитетот во Торонто.

Својата работна кариера ја започнал во компанија за електроника, меѓутоа, го привлекувала  експерименталната физика и затоа се вратил на Универзитетот во Торонто, каде што го завршил магистерскиот а потоа и докторскиот степен под менторство на  професор Хари Велш. Докторска дисертација која тој ја одбранил во 1950 година е насловена „Раман спектатори на гасови на висока температура”.

bitola

Битола

 Веднаш потоа цели 14 години бил член на Националниот совет во Отава под раководство на д-р Герхард Херберг, научникот кој ја имаше добиено Нобеловата награда за хемија во 1971 година. Стојчев го продолжи своето испитување на Раман спектроскопите, за потоа да го изгради првиот канадски рабинов ласер, кој бил втор од ваков вид во светот. Тоа бил период на Стојчев за развој на неговата научна кариера и неговите ставови  и  придонес во науката.

Меѓутоа, главниот град на Канада - Отава за него не бил само центар за неговите научни достигнувања во областа на спектроскопијата, молекуларните структури и теорија на ласерите, туку бил и градот на неговиот живот. Отава било  местото каде се запознал со  сопругата Џоан, идниот негов животен сопатник.

Интересирањето на професор Стојчев не било само во физиката и математиката, туку се интересирал и за општествените науки. Омилена тема му била употребата на светлата во театрите, религијата, психологијата и уметноста. Тој држел предавања и семинари за светлината, оптиката и други прашања врзани со научните толкувања и теории на светлината, особено во галерии.

Како истакнат универзитетски професор и афирмиран научен експерт, учествувал во работата на многу високошколски институции во Канада, во својство на член на канадски и интернационални комитети.

Широкиот спектар на проучувања во спектроскопијата и теоријата на ласерите се области од физиката во кои се афирмира проф. д-р Борис Стојчев во Канада и надвор од неа. Бројните резултати, печатени во повеќе од 100 научни трудови, му донесоа повеќе меѓународни признанија. Неговите резултати од овие области се цитирани во трудовите на многу познати научници и користени за добивање на нови научни резултати.

Признат на универзитетот на којшто работи, како и надвор од Канада, по научните достигања во областите: светлина, спектроскопија, молекуларни структури, ласери и нивната примена во физиката, нему за раководење му се доверуваат научноистражувачки групи. Организирал и раководел со интернационални конференции за ласерска спектроскопија и е уредник или член на редакцијата на познати светски списанија од областа на физиката, како што се: *Canadian Journal of Physic * ( 1974 - 1980 ), * Nuovo Cimento * -- Italy ( 1974 ), * Raman Spektroskopy * -- Great Britain ( 1977 - 1980 ), * Laser Fokus * -- USA ( 1975 )..

Проф. д-р Борис Стојчев, Македонец и иселеник во првата генерација, успеал со големи напори и труд интернационално да се афирмира (во новата средина) и да добие бројни научни признанија во Канада и надвор од неа. Како виден граѓанин на својата нова татковина, тој бил активно присутен во средината на македонското иселеништво и градот Торонто и пошироко во Канада.

За големиот спектар научно – истражувачки дострели бил одликуван со повеќе канадски и странски одликувања и почесни звања. Во 1982 година бил назначен за Officer of the Order of Canada. Професор Стојчев соработувал и со Артур Шолоу, американски добитник на Нобелова награда во 1981 година, при што заедно работеле во областа на ласерската технологија. Тој бил вклучен и со НАСА на вселенскиот проект Аполо.

За член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избран во ноември 1981 година, при што му беше укажана голема почит од страна на членовите на Академијата и Република Македонија.

Академик Борис Стојчев е и првиот изумител на ласерот во Канада и тој вложуваше напори за негово искористување во спектроскопијата. Од 1964 година е редовен професор по физика на елитниот Универзитет во Торонто, сè до 1989 година кога се пензионира.

bitola2

Во знак на признание и почит за неговите високи научни и педагошки достигнувања, на професорот Стојчев му беше дозволено да ги задржи професорскиот кабинет и лабораторијата на Универзитетот во Торонто и да продолжи да работи сè до својата смрт.

Родната Македонија му се оддолжи на Стојчев  со тоа што го прогласи за член на МАНУ од надворешниот состав. Тој е добитник на највисокото признание „Офицер на Редот на Канада”, за своите дострели во физиката, а беше почесен професор и член на многу универзитети, академии на науки и научни и стручни асоцијации ширум светот. Борис Стојчев ќе остане запаметен во македонската заедница во Торонто како дарител и поддржувач во многу прилики, а, пред сè, на „Канадско-македонскиот центар” (Старечкиот дом“ за стари лица.

По повод смртта на академик Борис Стојчев саботното издание на највлијателниот канадски дневен весник „Торонто стар”, што излегува во тираж од над 500.000 примероци, објави голем некролог со негова фотографија во којшто, освен големите научни достигнувања, се нагласува дека тој беше и „силен поддржувач на македонската заедница”. Притоа соработува л со голем број активисти од организацијата „Обединети Македонци” и Македонската православна црква „Свети Климент Охридски.

Професорот д-р Борис Стојчев официјално отишол во пензија во 1989 година, меѓутоа неговото име се споменувало од неговите колеги, поранешни студенти, и светски познати мислители до неговата смрт на 15 април 2010 година, кога во 86. година од животот починал во Торонто, Канада.

Тогаш од него се опростија неговата сопруга Џоан, синот Петар, снаата Кетрин, и две внучиња Александар и Кристифор, како и сестрите Ана Ли, Дороти Арнолд, д-р Маргарет Стојчев (која почина на 9 февруари 2016 година на возраст од 82 години) и Џеси Чанер. Комеморацијата се одржа во Меси колеџот на Универзитетот во Торонто, омиленото место каде академик, професор д-р Борис Стојчев поминал триесетина години.

Инаку, според зборовите на Борис Стојчев кој беше горд дека беше Канаѓанец од македонско потекло, Канада е земјата на иднината. Таа е држава во која живеат триесетина милиони жители, главно, од англиско и француско потекло, а има и повеќе од сто други националности, меѓу кои и околу 150.000 Македонци од трите дела на Македонија.

1b4МАНУ

Таа е составена од 10 покраини (провинции): Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд, Онтарио, островот Принц Едвардс и Саскачеван; потоа од две самостојни територии – Јукон и Северозападната област на Арктичкиот (Францускиот) архипелаг. Службени јазици во Канада се англискиот и францускиот јазик. Припадниците на народите што живеат го зборуваат мајчиниот јазик, имаат свои училишта, цркви, друштва..

Главен град е Отава со околу 800.000 жители и се наоѓа во Онтарио, а важни поголеми метрополи се: Монтреал, Торонто, Ванкувер, Едмонтон, Хамилтон, Винипек, Квебек, Калгари, Халифакст, Виндзор и други.

Денес, Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се одвиваат значајни социјални, културни и економски преобразби, а со то а таа доживува и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.

Канада е прва земја во светот која официјално го признава мултикултурниот мозаик и ја продолжува континуираната и доследна недискриминациска политика, а со тоа мултикултурата се прогласи за политика на Владата на Канада, каде што секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употреба на мајчиниот јазик.

Благодарение на таквите услови во Канада, каде Македонците се чувствуваат како дома во Торонто е формирана „Македонска студентска организација”  која е прва од таков вид. Таа е формирана во 1987 година, на Универзитетот „Торонто”.

Посебна улога во организирањето и работата на Македонската студентска организација одигра Катедрата по македонски јазик, а одржува многу тес­на соработка со повеќе етнички студентски организации. Во Торонто има Македонска студентска организација во рамките на универзитетот „Јорк” и на Политехничкиот институт  во овој град.

Продолжува

SlaveПишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.