Среда, 06 Мај 2020   
МАЈА ДОНЕВСКА – ИВАНОВСКА – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО ВО ТОРОНТО (3)

4.8

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – КАНАДА

Литературното друштво „Браќа Миладиновци” работи во состав на црковната општина „Свети Климент Охридски” во Торонто. Тоа е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржало во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото

Во годините што изминаа, од формирањето на МПЦ „Свети Климент Охридски” до денес, таа стана втор дом за многу македонски доселеници. Во Црквата членуваат, помагаат и даруваат бројни ентузијасти, од кои голем дел не сакаат да им се спомене дури ни името, а работат и придонесуваат со силна љубов и жар.

Тоа го прават поради вербата во она што го даваат, а тоа е за доброто на сите кои со гордо кренати глави и полни срца, со силен восхит зборуваат и раскажуваат за патот по кој тргна Македонецот за да стаса денес до вакви национални зданија и до толку импозантни постигнувања.

Активностите на овој Божји храм се извонредни, величествени, трајни. Оваа Црква била домаќин на бројни црковно-народни собори, на добротворни и хуманитарни акции, на средби на млади и на интернационални дружења. Во трите црковни сали се одржуваат драмски претстави, се пеат песни, се играат македонски ора, се негува мајчиниот македонски јазик, а дечињата тука ги научуваат првите букви од кирилицата, од азбуката на која пишуваат, читаат и учат Македонците во татковината и ширум светот.

Црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто е прва македонска православна црква во Канада, која е катедрална и е една од најзначајните и најпознатите цркви и културно-просветни институции на Македонците во Северна Америка и пошироко.

4.9

Скопје 

Во состав на црковната општина работат Играорната група  „Македонка”,  Литературното друштво „Браќа Миладиновци”, женската секција, драмската секција, библиотеката, неделното училиште, шаховската и спортската секција, црковниот хор и други групи. Во просториите на црквата се задоми и работи Пензионерскиот клуб „Гоце Делчев”, кој секој четврток организира ручек за пензионерите и другите Македонци на тие простори.

Покрај ансамблот „Македонка”, на чие чело е Алек Петличков речиси цели 55 години, во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” со успех работи Македонското неделно училиште, кое е место каде се продолжуваат традициите и се негува мајчиниот македонски јазик.

Тоа постои од самото формирање на црквата до денес. Во него се школувале голем број ученици и предавале бројни наставници, меѓу кои најдолго биле Никола Стојановски и Блага Дафовска, кои заедно со бројни наставници и ентузијасти придонеле во процесот на образованието, културата и религијата.

Исто така, и Литературното друштво „Браќа Миладиновци” работи во состав на црковната општина „Свети Климент Охридски” во Торонто. Тоа е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржало во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото. Тогаш, за првпат пред македонската заедница членовите се претставија со свои литературни творби.

Потоа на 1 јули 1989 година Друштвото ја печатеше првата публикација „Литературна мисла”. Во првиот број на ова списание се застапени сите членови на друштвото со по една песна. Вториот број на „Литературна мисла” излезе од печат следната година, а во него членовите на друштвото се застапени со по неколку песни.

Третиот број се појави во 1990 година, а во септември 1991 година, излезе и четвртиот број. Во истата година излезе од печат книгата поезија на членовите на ова литературно друштво под наслов „Траги во времето”, а во 1993 година излезе делото под наслов „Глас од далечината”. Во 2001 година излезе од печат „Мостови”, во која сите членови се застапени со повеќе песни.

Инаку, Маја е родена во Скопје на 24 март, 1979 година. Уште од своето рано детство се занимава со пишување на поезија и проза. Во 2002 година заминува во Канада, каде што работи и живее до денес.

Во 2001 година дипломира на Факултетот за национално и световно стопанство во Софија, на отсекот  за Маркетинг и Менаџмент. Едни од позначајните песни што ги има напишано се: „Сонувам”, „Дрвото на животот”, „Љубов”, „Ќе те наречам вечност”, и „Две судбини”

Пред своето заминување во Канада, Доневска е присутна на македонските електронски медиуми како водител на забавната програма на телевизија „Канал 5” и на Македонска телевизија. Во 1999 година работи како маркетинг асистент менаџер во компанијата „Аква соурс Интернационал – Македонија” , а во истата компанија во 2002 година ја добива работната позиција извршен менаџер, каде ја раководи компанијата сè до нејзиното заминување во Канада.

Во Канада, односно Торонто, Ивановска зазема активен дел во македонската заедница. Така во 2002 година е активна во емисијата „Час на македонски корени” која се емитува секоја сабота на ОМН 2 телевизија гледана ширум Канада и во еден дел од Америка. Од 2003 година е член на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто каде што е организатор на поголемите настани, поврзани со Македонската заедница во Канада.

Во 2009 година станува дел од Управниот одбор на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто и извршува функција како заменик-благајник сè до 2012 година. Во 2010 година на Првата конференција на иселеници во Скопје, организирана од страна на Агенцијата за иселеништво на Македонија, Маја е изгласана за претставник на медијата за Канада и Америка.

Во аналите на една од салите на црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто, во приквечерните часови на 6 март 1987 година, се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

5.0

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Поминаа само десетина дена и на 16 март беше избран првиот Управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател; Никола Белчевски, потпретседател; Драгица Димовска, секретар; Ратка Шапас, благајник и Вера Петревска, координатор, кои две години раководеа со активностите на Друштвото.

Во 1989 година е времето кога членството на друштвото значително се зголемува, па според податоците во списанието „Литературна мисла”, год. 2, бр. 3, септември 1990 година, неговиот број изнесува 46 редовни и 10 почесни членови. Бројки за почит и за респект. Инаку, во август 1989 година излезе првиот број на списанието „Литературна мисла”.

Посебно треба да се одбележи податокот дека од мај 1990 година Друштвото е организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонската култура”, која стана традиционална форма и содржина во неговата работа и дејствување. Не ретко, нивни гости и соработници биле писатели, културни и научни работници од републиката, а станале и почесни членови: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристовски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски-Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова-Руменова, Илинден Спасе, Раде Силјан и други.

Нема приредба, одбележување на значајни настани и личности од македонската историја и култура во кои не учествуваат и овие творци и вљубеници во пишаниот збор, а кои се одржуваат во Канада или, пак, во Соединетите Американски Држави. Нераскинлива, и за нив најзначајна, е врската со татковината.

Остварена е соработка со Друштвото на писателите на Македонија, традиционалното учество на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби, објавени се прилози на страниците на македонските весници, списанија и книжевна периодика, а се преземени и други активности.

5.1

Маја како промотор на монографијата „Есма“

Спомените од детството, немерливата љубов кон родната грутка – се најлични цветови што никогаш не свенуваат во искрената човечката душа и во неа се носат трајно како пресувани во хербариум. Оттука, носталгијата се напластува на сè и таа станува сино небо со илјадници трепкави и светли ѕвезди во кои и спие човечкиот поглед.

Се множат најубавите соништа и од далечните и студени северни краишта летнуваат бели гулаби, симболи на сите копнежи и стремежи, мечти и соништа, летнуваат кон југ како единствена можност да се биде свој и среќен...

Четириесетината членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци” се работници, интелектуалци, ученици, студенти, пензионери... Тоа се чета избраници кои со силата и со моќта на македонскиот збор војуваат и опстојуваат; патем, да забележиме дека неколкумина од нив пишуваат на англиски јазик и во светот ја шират вистината за Македонија.

Нивното творештво, и во минатото како и денес, претставува потребна и суштинска активност на сопственото истрајување во историјата на светот. А нивното главно оружје е македонскиот литературен јазик, кој денес има изборено свое место во ризницата на светските јазици и култури, јазик што се изучува во светот, а со кој непомирливо се војува против сите негирања и присвојувања, особено од соседните земји.

Продолжува

 New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.