Понеделник, 18 Мај 2020   
НЕЕДНАКВИ УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НАДВОР ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

9911ЦЕНТРАЛEН СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

ПРОТЕСТ ПОРАДИ НЕЕДНАКВИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НАДВОР ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО УСЛОВИТЕ ЗА ИЗБИРАЧИТЕ ВО РЕПУБЛИКАТА!

17 мај 2020 година, Берлин, Германија - Централниот совет на Македонците во Германија протестира поради нееднаквите услови за македонските државјани во странство со тие во Република Македонија во остварувањето на избирачкото право на престојните предвремени парламентарни избори!

Централниот совет на Македонците во Германија потсетува дека секој македонски државјанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право, кое е уставно загарантирано и еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање, освен за лицата на кои им е одземена деловната способност!

Централниот совет на Македонците во Германија укажува дека државата е должна секому да создаде еднакви услови за остварување на избирачкото право, независно од местото на живеење во Република Македонија или надвор од неа!

Централниот совет на Македонците во Германија повторно протестира за нееднаквите услови за остварување на избирачкото право за македонските државјани надвор од Република Македонија со условите за избирачите во Република Македонија и бара бришење на цензусот за валидност на изборите за македонските државјани надвор од Република Македонија во седмата изборна единица, како што не постои ниту за избирачите во Република Македонија, односно да се избришат ставовите (3), (4), (5) и (6) од членот 4 на Изборниот законик!

Централниот совет на Македонците во Германија бара да прекине праксата македонските државјани надвор од Републиката за секои претседателски и парламентарни избори повторно да се пријавуваат за упис во посебниот избирачки список за седмата изборна единица! Еднаш запишан во посебниот избирачки список за седмата изборна единица мора да остане за сите парламентарни и претседателски избори, се’ додека не поднесе пријава за промена на изборната единица во избирачкото место според последното место на живеење во Република Македонија!

Централниот совет на Македонците во Германија бара Државната изборна комисија да организира електронско гласање за македонските државјани надвор од Република Македонија, имајќи предвид дека гласачките места во дипломатско-конзуларните претставништва се оддалечени повеќе од 3 односно 5 километри од најоддалечената адреса, најчесто со стотици и илјадници километри што го прави невозможно остварувањето на избирачкото право! Поради ова, Централниот совет на Македонците во Германија бара поништување на ставот (2) од членот 166 на Изборниот законик. Електронското гласање за македонските државјани надвор од Република Македонија ќе ги анулира патните и дневните трошоци за гласачките одбори и гласачките места во дипломатско-конзуларните претставништва. Електронското гласање е целисходно и за македонските државјани во Република Македонија во услови на вонредни мерки поради пандемијата со корона вирусот.

Централниот совет на Македонците во Германија бара изменувања на Изборниот законик заради создавање еднакви услови за остварување на избирачкото право на македонските државјани надвор од Република Македонија и избирачите во Република Македонија!
Централниот совет на Македонците во Германија протестира бидејќи овие аномалии за македонските државјани надвор од Република Македонија се повторуваат на секои парламентарни и претседателски избори!

Централниот совет на Македонците во Германија, истовремено, изразува огорченост од најавата на Државната изборна комисија, дека македонските државјани во странство кои ги има на избирачкиот список, а сакаат да се вратат да гласат во Република Македонија за предвремените парламентарни избори, веројатно ќе треба да бидат во карантин 14 дена, што бара посебни услови за гласање кои не подлежат на импровизации.

Централниот совет на Македонците во Германија бара повторување на сите изборни дејствија поради нов датум за одржување на изборите, ажурирање на избирачкиот список и право на глас за сите кои од 12 април 2020 година до денот на одржувањето на изборите ќе станат полнолтени, но и бришење од избирачкиот список на сите кои од 12 април 2020 година до денот на одржувањето на изборите починале!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.