Среда, 20 Мај 2020   
Австралиско -македонскиот совет за Нов Јужен Велс ги донираше собраните средства од Македонската заедница

1z2 1

Австралиско -македонскиот совет за Нов Јужен Велс ги донираше собраните средства од Македонската заедница  за последиците големите пожари

Уште во ноември кога се распламтија огромните пожари во НЈВ, Австралиско македонскиот совет за НЈВ (АМСНЈВ), како чадор организација во македонската заедница, отвори сметка во „Го-фанд ме“ и им овозможи на Австралијаните од македонско потекло да донираат средства. Пожарите, кои зафатија огромни пространства, преставуваа катастрофа од невидени размери.

Македонската зедница, се огласи на хуманитарниоте повици и несебично донираше средства на неколку начини. За време на верските празници, нашинците донираа во Македонските православни цркви,  директно или на волонтери од званичните добротворни организации, донираа индивидуално и колективно, од Македонските социјални организации и Македонските православни цркви. Во званичниот „Го фанд ме“, беа собрани околу 16,5 илјади долари,  кои неодамна беа донирани во пет противпожарни оперативни пунктови во Нов Јужен Велс, а со кои треба да се купат додатни и неопходни средства и противпожарна опрема.

Парите беа распоредени на Противпожарните пунктови во: Бандина, Квинбијан, Шелхавен, Хантер (Противпожарниот контролен пункт во општината Синглтон) и Талбинго.  Пожарникарите, примајќи ги чековите со донација, истакнаа дека средствата од Македонската заедница се добредојдени и неопходни.

Капетанот на противпожарната бригада од Талбинго, Господинот Џон Скот, видно возбуден од хуманоста на македонците, заблагодарувајќи се за донацијата од АМСНЈВ, искрено порача дека со овие средства ќе се купи професионална заштитна респираторна опрема и маски, зашто после пожарите,  волонтерите и пожарникарите сеуште имаат проблеми со респираторниот систем. Тој укажа дека пожарникарите со денови, работеа со продолжено работно време, во тешки услови, се бореа со пламен висок околу 300 фута, распален со силните ветришта. Во тој момент, сите останати жители на Талбинго несебично помагаа и волонтерски ги гаснеа огновите.

Инаку, ова прекрасно село во падините на Снежните планини, за Македонската заедница е македонско село. Околу  една десетина од куќите им припаѓаат на Македонци. Тие се викендички, куќи за живеење, но и домови на сите вљубеници во убавата природа.

Пожртвуваната несебичност на волонтерите во Австралиско -македонскиот совет за НЈВ, иако во тешки, вонредни услови заради Корона вирусот, сепак овозможи уште една племeнита акција да заврши со успех.

„Им се заблагодаруваме на сите донатори: на семејствата, на поединци, на Македонските православни цркви од НЈВ, на социјалните и културните организации, кои донираа во оваа добротворна акција. Им благодариме на довербата. Заедничката соработка е патоказ кон успешна Македонска заедница, темелно интегрирана во австралиското општество “, истакна претседателот на  Австралиско македонскиот совет за НЈВ , Господинот Џошуа Шерман.

1z2Жаклина Михајлова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.