Среда, 27 Мај 2020   
ПИСМА ОД ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ДО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД, АЛ ГОР И СЕНАТОРОТ ЏОН Ф. КЕРИ (1)

8.7

На бизнисменот од САД Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Македонија му е и верба и љубов и надеж. Преокупација во неговиот живот му е Македонија, од древните времиња до денес. Затоа со право вели дека додека е во својата втора татковина – САД, мисли на Македонија, и обратно, додека е во својата прва татковина не ја заборава својата втора татковина.

Во подолг период активно се вклучува на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на  националните  интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот еко- номски напредок.

Како познат и признат граѓанин и бизнисмен на САД, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски постојано прави напори да ја претстави вистината за Македонија и македонскиот народ пред властите, политичкиот, културниот, научниот и духовниот свет. Соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД, а особено е активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации. Затоа, како претставник на македонската заедница во САД често учествува во разговори со ви- соки функционери на американското општество.

Една од задачите во периодот кога бизнис менот Атанасоски се активирал на политичко поле, а како претседател на „Македонскиот светски конгрес“ за Северна Америка се обрати до потпретседателот на Соединетите Американски Држави, господинот Ал Гор. Неговата молба била воспоставување дипломатски односи меѓу САД и Република Македонија (Поранешна Југословенска Република Македонија), со цел да се постигне стабилност во регионот.

Во одговорот што потпретседателот на САД, Ал Гор го испрати на 28 мај (косар) 1994 година, на адреса на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а до „Македонскиот светски конгрес“, со седиште во Ормонд Бич, во Флорида, се вели:

8.8 8.9 

Ал Гор                                                             Белата Куќа

Почитувани пријатели, 

Ви благодарам за вашето писмо до мене, во коешто го иницирате прашањето за воспоставување дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Ми причинува задоволство што ја имам таа можност да ви одговорам.

Соединетите Американски Држави неодамна формално ја признаа ПЈРМ. Меѓутоа, ние го одложивме воспоставувањето дипломатски односи сè додека не се постигне прогрес во разрешувањето на сегашната патпозиција меѓу Грција и ПЈРМ. Соединетите Американски Држави се обврзуваат да работат заедно со Обединетите нации за да го помогнат процесот на преговорите. Исто така, претседателот неодамна го именува господинот Метју Нимиц како специјален пратеник за да помогне во преговорите меѓу Грција и ПЈРМ под закрила на Обединетите нации.

Повторно  Ви  благодарам  што  ме  известивте  за  вашите  ставови  по  ова  важно прашање. Претседателот Клинтон и јас се надеваме дека разликите што сега постојат меѓу двете земји наскоро ќе се надминат и дека нашите напори ќе придонесат за одржување на стабилноста во регионот.

Со почит,

Ал Гор 

Исто така, во јуни (житар) и јули (златец) 1994 година, бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски испрати две писма до сенаторот Џон Ф. Кери по  повод  грчката  дискриминаторска  политика кон Република Македонија. Во првото писмо тој нагласува:

Почитуван сенатор Кери, 

Ми претставува особено задоволство што ја имавме таа можност неодамна да се сретнеме. Ви благодарам што и покрај големата обврска најдовте време да се запознаете со најважните проблеми со коишто се соочува Република Македонија. Ви благодариме и за разбирањето што го покажавте за нашите ставови.

Би сакал да повторам дека само стабилна Република Македонија е предуслов за стабилноста на Балканот. На Македонија ѝ е потребна помош во нејзиниот демократски и економски развој од страна на американската влада, како и од страна на другите релевантни американски институции. Меѓутоа, агресивните соседи на Македонија претставуваат закана за македонскиот  национален идентитет, територијален интегритет и за нејзината кревка економија. 

Македонскиот народ е поподготвен на добрососедски односи од сите свои соседи, но не по цена на своето вековно име, македонското знаме, устав, а со тоа и на својот национален идентитет. Македонија веќе ја искажа својата подготвеност да потпише договори за ненапаѓање и против мешање во внатрешните работи со соседите, вклучувајќи ја во тие рамки и Грција, но и со трети земји како Соединетите Американски Држави коишто би ги гарантирале таквите договори. 

Присуството на американските трупи во Македонија под командата на Обединетите  нации веќе демонстрира дека САД се обврзуваат да ги заштитат мирот и стабилноста во регионот.

За време на моето службено патување во Европа идната недела, јас ќе ја посетам Република Македонија. Кога ќе се вратам, ќе се обидам да Ве информирам за најзначајните настани во Македонија и доколку немате премногу обврски, би сакал повторно да се сретнам со Вас. Искрено се радувам на остварувањето на нашата идна средба.

                                                                                                                            Со почит,

                                                                                                                Македонски светски конгрес,

                                                                                                                  Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 

Бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок, на името, јазикот и сè што е македонско од античка Македонија до денес. Во таа насока, Џорџ Атанасоски во второто писмо од јули (златец) 1994 година до сенаторот Џон Ф. Кери пишува:

Почитуван сенатор Кери,

Од  името  на  Македонската заедница во САД би сакал да ја изразам својата најдлабока загриженост заради грчката дискриминаторска политика кон Република Македонија, што е без преседан. Економското ембарго против Македонија, спроведено во февруари од страна на грчкиот социјалистички премиер Папандреу, за Македонија да го смени името, знамето и Уставот, е нелегално. 

Имплементацијата на ембаргото ги крши сите меѓународни трговски норми, вклучувајќи ги Европскиот римски договор, Договорот од Мастрихт, како и Северноатлантскиот договор. Ембаргото директно ја поткопува македонската независност и демократија тогаш кога нејзината стабилност е критична за да се спречи проширувањето на босанската војна во поширока балканска и европска војна. Заради ембаргото, македонската кревка економија претрпува огромни штети додека македонската демократија забрзано се дестабилизира.

Грчките барања Македонија да си го смени името, знамето и Уставот претставуваат не само мешање во внатрешните работи на Македонија, туку и расистички обид да се негира македонскиот национален идентитет. Грчката влада го негира постоењето на национални малцинства на својата територија. Ваквиот нејзин став е директно оспорен од наодите на организациите Amnesti International, Helsinki Watch и Меѓународната организација за човечки права, коишто тврдат дека околу еден милион Македонци што живеат во Грција не уживаат никакви малцински и културни права.

Најсвежи примери за кршење на човечките права на Македонците во Грција претставува затворањето и претепувањето на челниот борец за македонски човечки права, aрхимандритот Никодим Царкњас, на почетокот на мај. Други личности, како Ташко Булев и Ристо Сидеропулос, се затворени само затоа што во грчкиот печат изјавиле дека се чувствуваат Македонци.

Нациите имаат право да си го изберат своето име. Македонците се нарекуваат така веќе 3.000 години. Античките Македонци биле посебен европски народ, свесен и горд на својата националност, своите обичаи како и на своето име. Истото може да се каже и за нивните потомци денес. Македонскиот народ се чувствува македонски и никако поинаку. Името го дефинира и му го одредува неговиот етнички идентитет.

9.0 9.1 

Џон Кери                                                      Стеит Департментот наСАД 

Правото една нација сама да се дефинира и да владее со себе, под своето име е заштитено од најосновните правни акти од Обединетите нации и од Европа. Во 1913 година, Грција и нејзините балкански сојузници, Србија и Бугарија, ја поделија Македонија со Букурешкиот мировен договор и ако денес дел од Македонија ѝ припаѓа на Грција, тоа е последица на насилна поделба на македонската целина и окупација на еден нејзин дел, откога и се негира сè што е македонско.

Исто  така,  Македонците  имаат  целосно историско и легално право на своето знаме, претставено со златно сонце со шеснаесет зраци на црвена основа. Овој симбол ѝ  припаѓал на македонската династија на Филип II. Пронајден е близу македонското гратче Кутлеш (исто така, близу е до античкото село Палатица, што значи мала палата), што е насилно преименувано во Вергина од грчката влада, како што насилно се преименувани многу други македонски градови и села.

Членот 49 од македонскиот Устав којшто Грците сакаат да го избришат гласи: „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Македонија во странство“.

Членот 108 од грчкиот Устав гласи: „Државата ќе се грижи за Грците коишто престојуваат во странство и за одржување на нивните врски со нивната татковина. Државата ќе го помага образовниот, социјалниот и професионалниот развој на Грците коишто се на работа во странство“. Споредувајќи ги двата устава ние не можеме да видиме некоја битна разлика меѓу „спорниот“ член 49 и членот 108 од грчкиот Устав. Ние не разбираме во што, всушност, е проблемот што Грција го потенцира?

Многу сме благодарни што Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија и што испратија 500 војници под команда на Обединетите нации за да помогнат да се зачуваат мирот и стабилноста во Македонија. Меѓутоа, ние сме загрижени дека Македонија не беше призната под нејзиното уставно име. Претседателот Клинтон не воспостави целосни дипломатски односи со  Македонија заради силниот грчки притисок, а спротивно на советите од Стејт департментот.

Претседателот Клинтон не само што ги усвои условите за признавање на Македонија од грчкото лоби во САД, туку и ја легитимизира грчката политика кон Македонија со тоа што го услови укинувањето на ембаргото со задоволување на грчките барања.

Ние мислиме дека грчката влада треба да го укине ембаргото против Македонија без да поставува никакви услови. Соединетите Американски Држави треба веднаш да воспостават целосни дипломатски односи со Република Македонија и да ги поддржат праведните барања на Македонците за да го задржат своето вековно име, знаме, Устав и својот национален идентитет. 

Покрај тоа, американската влада како и Европската унија треба да најдат начин да ѝ се отплатат штетите на Македонија, коишто таа ги претрпува од грчкото ембарго како и затоа што доследно ги спроведува санкциите на ОН кон Србија. Зошто само стабилна Македонија го гарантира мирот и стабилноста на Балканот. Ве повикуваме Вас и американската влада да направите сè за да ѝ помогнете на Република Македонија да ја достигне оваа цел“.

                                                                         Со почит,

                                                               Ѓорѓија Џорџ Атанасоски,

                                                                       претседател

 

Продолжува

 0101

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.