|
|
Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски |
ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се навршија 30 години од смртта на Јован Кокаловски, еден од најголемите оштественици во македонската заедница во Сиднеј. Роден е во с. Брусник, Битолско, на 6.11.1921 година. Неговата културна дејност започна во далечната 1947 година кога беше вработен како артист во Народниот театар во Битола. Од 1953 до 1958 година работел во Охридскиот народен театар, во кој повеке години работел како директор . Кокаловски станува и дописник на весникот „Нова Македонија“ , членува во Друштвото на млади поети од Охрид и работел како секретар на Црвениот крст во Охрид. Во 1970 година Кокаловски со фамилијата се доселува во Сиднеј каде до својата смрт активно членувал во повеќе македонски организации. Тој неколку години работел на државната радио станица 2АЕ, во Просветниот училишен одбор за НЈВ, во Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, каде е прогласен за почесен член, во МПЦО „Св. Петка“ од Рогдаел, каде е прогласен за почесен претседател, и подолго време членувал во КУД „Илинден“ од Рогдаел. Кокаловски беше еден од градителите на МПЦ „Св Петка“ и Културниот центар „Илинден“ во Рогдаел и главниот организатор на културните активности во оваа општина. Од 1970 година го издава весникот „Македонски збор“ и станува редовен дописник на весникот „Нова доба“ и списанијата „Повод“, „Македонија“ и во други гласила во Австралија и Македонија. Автор е на монографијата „Брусник“, на монографијата за КУД „Илинден“, на поемата „Илинденска приказна“ и на стихозбирката „Атомски протест“ (1987). Со поезија е застапен во зборниците/антологии: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), Macedonian Poetry in Australia (1996) и „Ѕуница“ (2018). АХ ТИ Сламка по сламка беревме и седело двата градевме Љубовта ни подари две пиленца женски Уште крилца нениканати ти далеку одлета и понесе две срца малечки и моето за љуов таговито Стопану мој кога би слушнал како твоите пиленца плачат и за лепче сироти грачат јас немоќна сум со бури да се справам Лутица – немаштија низ дворот ни лази и срам од познати не гази А ти? Ти во туѓина негде разум си пиеш и во разумот темен изгубен се криеш. Душан Ристевски |