Среда, 03 Јуни 2020   
ПИСМО ОД ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ДО ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ (2)

1.4.1

За подготвувањето на монографијата за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски беше потребно подолго време, знаење, труд, трпение, прегледување на многу објавени и необјавени материјали, разговори со голем број личности кои живеат во Македонија, во САД и на други места, а кои придонесоја авторот Славе Катин да го подготви делото.

Оваа значајна и по многу нешта уникатна монографија со наслов Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, а со две изданија на470 и 500 страници, доживеа големи и спектакуларни промоции во 2012 и 2015 година.Таа е едно од луксузните изданија на книгоиздателството „Македонска искра”, на „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“, Скопје, на македонски и на англиски јазик.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството.

Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје. „Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година.

Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво.

1.4.2

Првиот споменик на Александар Македонски во Република Македонија

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

Публикацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Се очекува наскоро да се печати и третото издание на ова моногравско дело кое е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Инаку, во монографијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, се вели дека Македонците во дијаспората, особено во Соединетите Американски Држави имаат потенцијал да го зголемат присуството на македонските фирми во новите средини и да бидат македонски промотори кај американските инвеститори и бизнисмени.

Така и се случи кога на 26 октомври (листопад) 2005 година, познатиот македонски бизнисмен господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски присуствуваше во Вашингтон на отворањето на новата Амбасада на Република Македонија во САД, проследена и со бизнис средби. Преку овој настан, но и со реализираните деловни контакти ќе се зацврстат постојните релации со американските бизнисмени, како и со македонската дијаспора.

На свеченоста, покрај тогашниот премиер на Владата на Република Македонија, господинот Владо Бучковски, присуствуваше и секретарот за одбрана на САД, Доналд Рамсфелд, како и други високи претставници на американската администрација, тогашните министри за надворешни работи

д-р Илинка Митрева, министерот за економија Фатмир Бесими, македонски бизнисмени и иселеници, како и претставници на дипломатскиот кор во Вашингтон.

Според зборовите на Џорџ Атанасоски, македонската влада со поддршка на Програмата за развој на ОН (УНДП) во периодот од 2005 до 2007 година спроведе Програма за справување со невработеноста вредна 12 милиони долари, средства кои биле ветени од меѓународните донатори на Донаторската конференција во Њујорк. Цел на Програмата била невработените да се реинтегрираат на пазарот на трудот, да се превенираат социјалните тензии предизвикани од високата невработеност и да се поддржат локалните власти во напорите за развој и решавање на проблемот со невработеноста.

Со проектот требало да бидат опфатени 6.500 лица преку јавни работи и 2.500 лица преку субвенционирање на плати. Сите тие биле поддржани преку индивидуални проекти за нови вработувања, информираше бизнисменот Ѓорѓија– Џорџ Атанасоски.

Исто така, во јули (златец) 2008 година, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, како претседател на „Македонската алијанса“ испрати протестно писмо до францускиот претседател Никола Саркози, во кое се вели:

Антимакедонската политика која ја води Франција и двојните стандарди кои се применуваат за Македонија ме поттикнаа да протестирам директно до францускиот претседател Никола Саркози. Сакам светот да ги види доказите и да ги слушне фактите за македонскиот идентитет, кој во текот на милениумите се пренесува преку генот, кој е кодот на Македонија.

Ваша Екселенцијо,

Цел свој живот бев инспириран од по- зитивните пораки на француската држава: слобода, еднаквост и братство. Франција е пример за демократија и почитување на човековите права за сите во светот. Неодамна, на мое изненадување, таа слика беше уништена со изјавите и акциите против Република Македонија. Луѓето кои се занимаваат со човековите права добро знаат дека Грција има една од најлошите евиденции на човековите права во Европа и пошироко.

1.4.3  1.4.4

Тоа го потврдуваат и бројни извештаи од ОН, ЕУ, Стејт департментот и од организациите за човекови права. На Македонците и на нивните семејства од Граѓанската војна во Грција во 1946-1949 година сè уште им е забрането да се вратат во домовите, само затоа што се Македонци, што ја прави Грција единствена земја во Европа каде активно се практикуваат расистички закони.

Во 1992 година Вашиот поранешен министер за правда и претседател на Конституционалниот совет, Роберт Бадентер, раководеше со Комисијата која препорачуваше: употребата на името Македонија нема територијални претензии кон друга држава. Вие,   господине   претседателе,   избравте да го игнорирате сето ова и застанавте на страна на Грција и против Македонија на НАТО Самитот и продолжувате да го негирате правото на македонската држава за нејзиното име.

Според мое видување, тоа е слично со поддржувањето на Хитлер и на неговата политика за уништување на Евреите и на другите народи во текот на Втората светска војна. Со вашите активности ја поттикнувате грчката политика во негирањето на човековите права и правото на самоопределување да се биде во ЕУ и во НАТО, со што сериозно го потценувате кредибилитетот на овие организации.

Како НАТО и ЕУ утре ќе побараат од други народи да го почитуваат тоа што членките на ЕУ и НАТО не го почитуваат? Ваквиот двоен стандард му дава лоша слика на светот, испраќа конфликтни пораки и ги охрабрува државите да ги задушуваат човековите права и да ги почитуваат правата на малцинствата како категории кои можат да се игнорираат.

Ве повикувам да го искористите своето влијание врз Грција да ја убедите да ја промени својата политика и целосно да го признае македонското малцинство, да ги отстрани нејзините расистички закони и да не го попречува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО. Подобро е да се дејствува сега, а не откако Балканот ќе се дестабилизира поради погреш- на политика.

Им искажувам целосна почит на Вашата земја и народ”.

                                                                                                                      Ѓоргија-Џорџ Атанасоски

                                                                                                          Претседател на Македонска алијанса

Продолжува

 99999

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.