|
|
ИНТЕРВЈУ СО ГОЛЕМИОТ БИЗНИСМЕН И ПАТРИОТ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ (5) |
Јунакот од оваа моногравско дело, Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски постојано се залага и така дејствува, за неопходноста од стабилноста и кохезијата на македонската заедница во цела етничка Македонија, потоа во македонските иселенички колонии, како и во сите други сфери, кои се витални за опстојот и крупните исчекори на една нација и во мирнодопски, но и во турбулентни времиња. Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.Иако кармата му била да не остане дома, туку да замине по светот, тој во секој момент од неговиот животек и активизам придонесува за својот народ. Атанасоски е доследен човек во кажаното и ветеното. Не останува само на зборови кога вели дека татковината треба да се помага и треба да придонесуваме во мозаикот на сите нејзини развојни фази. Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис - палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Приказната за амбициозниот Македонец, Џорџ Големиот се испишува од питорексното Марул, до вечниот Прилеп и натаму преку европските земји, сѐ до мегалополисот Њујорк, и блискиот до него Њу Џерси, со конечен пристан до сончевата Флорида на југот од големиот континент. Во сите тие трансферзали тој кинисува како доста млад од градот под Марковите кули во потрага по еден поинаков животек, поинаква иднина и среќа во далечните простори. Затоа, при оваа прилика ќе го поместиме разговорот на Елизабета Димитровска, објавен во списанието „Македонско сонце“, бр. 534 од 24.09.2004 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Затоа, во продолжение го објавуваме интервјуто во кое е пренесено следното: Господине Атанасоски, Вие сте претседател на партијата Македонска алијанса. Оваа партија функционира и во Македонија и во САД. Кои се нејзините заложби во татковината, но и во државата во која живеете повеќе години? АТАНАСОСКИ: Македонска алијанса е национална граѓанска политичка партија. Според нејзините програмски определби таа настојува да се наоѓа во центарот на македонската политика. Партијата Македонска алијанса е формирана на 14 јануари 1996 година. Со нејзиното настанување се обидуваме да придонесеме во воспоста- вувањето на поинаков политички амбиент во земјата, односно политичко однесување на македонската политичка и јавна сцена. Македонска алијанса, почитувајќи го духовното, културното, историското и државното наследство на македонскиот народ, на целата негова етно-историска територија, секогаш го потенцира фактот дека Македонија е национална држава. Во оваа наша држава македонскиот народ е неприкосновен носител на нејзината државност, а суверенитетот на Македонија го остваруваат сите граѓани, без оглед на нивната етничка, социјална, политичка, верска и друга припадност, како и определба и убедување. Македонска алијанса во Македонија и секаде во светот каде што има свои членови, како и симпатизери, цврсто застанува и работи во интерес на одбраната и заштитата на севкупните витални македонски национални, стратешки, безбедносни, политички, економски и духовни придобивки, при што максимално се ангажира за нивно позитивно решавање. Наша определба е во иднина да поагресивно на овој план, со цел да допринесеме за ек- ономски просперитет на Македонија и за нејзино политичко стабилизирање. Македонска алијанса постои за доброто на Македонија. КакофункционираМакедонскаалијансавоМакедонија, но и во дијаспората? Постојат ли Ваши конкретни заложби за Македонија кај власта во САД?
АТАНАСОСКИ: Активностите на Македонска алијанса во Македонија и во дијаспората се насочени кон политичко дејствување со цел да се остварат нејзините програмски цели. Сметаме дека политичката платформа на Македонска алијанса е прифатлива за сите Македонци, токму затоа ние сме отворени и подготвени за соработка. Во Македонска алијанса членуваат Македонци од сите делови на Македонија, од Егејска, Пиринска, од Мала Преспа, како и оние кои живеат и работат во Европа, Канада, Америка, Австралија и Нов Зеланд. Секој наш член, односно секој Македонец кој се наоѓа во светот чувствува морална обврска никогаш да не престане да ја шири вистината за Македонија и за македонскиот народ. Всушност, во таа насока се движат и сите наши активности во презентирањето на Македонија кај властите во државите во кои се наоѓаме. Господине Атанасоски, Вие сте познат успешен бизнисмен. Тоа значи дека добро Ви се познати економските односи. Можете ли да ни кажете какви се погледите и ставовите на Македонска алијанса во однос на економското и социјалното функционирање на Македонија? АТАНАСОСКИ: Непобитен факт е дека за една држава, за мирот во неа, за стабилноста, за напредокот, успешната економија мора да биде во нејзината основа. Македонска алијанса смета дека Македонија треба да биде изградена како демократска правна држава. Тоа значи дека исклучително и во секој сегмент мора да се почитуваат човековите права на сите граѓани без исклучок. Во однос на економијата мораме да ги прифатиме ставовите дека е крајно време во државава да почнат да се применуваат коректни деловни односи, затоа што пазарната економија е единствениот начин со кој ќе можеме да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Економските односи задолжително треба да бидат во рамките на законите на една правна држава. Крајно време е во Македонија да се создадат услови и поволен амбиент да се стимулираат сите гранки во стопанството, односно со тоа да се создадат можности за привлекување на странски инвестиции, особено ако како инвеститори се јавуваат Македонци од дијаспората. Всушност, економските прашања се дел од приоритетите на Македонска алијанса. Неодамна бевте во официјална посета на Белата куќа како претставник и претседател на Македонска алијанса. Која беше целта на посетата и во која насока се одвиваа разговорите? АТАНАСОСКИ: Политичката и економската состојба во која се наоѓа Македонија, неопходно налагаа Македонска алијанса да се сретне со претставници на Белата куќа. Во двочасовниот разговор со претставниците на Националниот совет за безбедност ги разгледавме проблемите со кои се соочува Македонија и нејзиното опкружување, односно Балканот. Во насока на стабилноста, безбедноста, мирот и економската благосостојба, ние побараваме поголемо ангажирање на САД во Македонија. Тоа конкретно би можело да се реализира преку зголемена финансиска помош во различни видови, како и подготвување на програма за американски инвестиции во приватниот македонски сектор. Исто така, потребна е помош во решавањето на проблемот со границата со Косово, како и соодветно и правилно применување на Рамковниот договор, а во рамките на тоа почитување и на определбата на македонските граѓани за референдум за новата територијална организација на локалната самоуправа. Во разговорите особено внимание му посветивме на прашањето за враќање на насилно иселените лица во време на воениот конфликт во 2001 година, во нивните домови во Западна Македонија, за што е потребно политичка и економска помош. Настојувавме САД да се заложат за признавање на Македонија под нејзиното уставно име, зачленување во НАТО –алијансата и во ЕУ. Воедно беа разгледани и други витални прашања за иднината на Македонија. Националниот совет за безбедност потврди дека американската Влада, односно Стејт департментот, ја смета Македонија за свој близок сојузник, при што сесрдно го поддржува нејзиниот територијален интегритет и нашата држава ја смета за клучен фактор за стабилноста на целиот регион. Македонска алијанса воспостави позитивна и пријателска комуникација со Белата куќа и во иднина се планира да се одржуваат постојани контакти. Сакам во мојата татковина и секаде во светот да се знае дека Македонија има еден голем пријател - Соединетите Американски Држави. Господине Атанасоски, постои ли соработка меѓу Македонска алијанса и Републиканската партија на претседателот на САД, Џорџ Буш? Дали Македонците од САД едногласно ја даваат својата поддршка за неговото повторно кандидирање за претседател? АТАНАСОСКИ: Меѓу Македонска алијанса и Републиканската партија секогаш постоела и ќе постои соработка. Во политиката на една држава или партија задолжително постојат одредени стратешки интереси, кои можат да се реализираат и да се спроведат само со дијалог и со меѓусебна соработка што е во интерес на двете страни. Во овој исклучително важен историски момент за Македонија, на нашата држава и се потребни вистински пријатели и остварување блиска соработка со САД. За иднината на Македонија е многу важно какви ставови ќе заземеме и во која насока ќе се одвива нејзината внатрешна и надворешна политика. Ние Македонците од дијаспората можеме да помогнеме на овој план. Претседателските избори кои во САД ќе се одржат во ноември се од големо значење за иднината на македонската држава и македонскиот народ. Имајќи го предвид тоа сакам да истакнам дека ние многу добро знаеме кој и е пријател на Македонија – тоа е лидерот на слободниот демократски свет, претседателот на САД, Џорџ Буш. Македонска алијанса и Македонската заедница во САД едногласно ја даваат својата поддршка за неговата повторна кандидатура за претседател. Која е Вашата прогноза за иднината на Македонија, доколку за претседател на САД биде избран Буш, односно Кери? Какви треба да бидат нашите очекувања? АТАНАСОСКИ: На ова прашање ќе одговорам кратко. Изборот на Џорџ Буш за претседател на САД посочува дека дел од македонските интереси и очекувања ќе бидат остварени во 2005 година. Од гирното интервју на Елизабета Димитровска може да се заклучи дека снаодливоста, работата, упорноста и визионерството, отсекогаш му биле личен белег и силна страна, која го водеше и го воздигна таму каде што е денес. Исклучителна вредност е и тоа, дека, иако тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот Прилеп и својата Македонија. Напротив, се враќаше и се враќа толку многу пати, каде што го влечат корените и носталгичните вибрации. Направи многу крупен чекор и служи за пример неговата одлука и гест, да изгради хотелски објекти, да го воскресне од дното еден од најголемите комбинати, да спонзорира спортска екипа и да прави уште многу добри дела. Тоа, прилепчани и сите вистинољубиви луѓе, го ценат и уважуваат, бидејќи Џорџ со личен пример покажа како се сака и помага родниот крај и Македонија. Неговата максима преточена во дело е и онаа Кенедиевата, „Не е важно што татковината ќе стори за тебе, туку, најважно е, што ти ќе сториш за неа“. Значајно е тоа што Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е и дел од првата формација на Светскиот македонски конгрес, беше кандидат во трката за претседател на Република Македонија, претседател на политичката партија „Македонска алијанса“, иницијатор и сопственик на гласилата „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |