Среда, 01 Јули 2020   
МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИТВО - ДЕЛ ОД СУДБИНАТА И ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА (6)

1.9.7 

Македонија, татковината на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Нејзината географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи. И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

Често се вели дека Македонија е земја на премрежиња, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојувања, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја.

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја

Инаку, развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓал со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се  движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред сè, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Затоа, печалбарството при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век станало масовна појава и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села. Селаните ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите на Турција во соседните земји: Србија, Грција, Бу- гарија и Романија, а понекогаш и во Австро-Унгарија, Франција и Египет. Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна; од Струшко и Битолско најчесто се упатувале за Скадар; од Прилеп и прилепските села оделе во Србија и Бугарија; од Охрид и околината оделе во Србија, Бугарија и Романија, а голем број печалбари имало од Велешко, Кичевско, Демирхисарско и Тетовско. По некое непишано правило, печалбарите се враќа- ле дома по неколку години и со спечалените пари најчесто купувале имот.

1.9.8

Така, при крајот на 19-от век и на почетокот на 20-от век Македонците почнале да одат на печалба и во прекуокеанските земји, САД, Канада, Австралија и Јужна Америка (особено Аргентина). Така, се знае дека првите печалбари од Македонија пристигнале на севернамериканскиот континент во 1885, а првата поголема група претежно од селото Буф, Леринско, во 1898 година. Во Австралија првите Македонци – печалбари пристигнале по Првата светска војна, а првите групи дошле во 1924 година, слично како и во Јужна Америка.

Печалбарството, односно преселувањето од Македонија во САД и Канада било карак- теристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија.  Иселеничките  движења  од  овие  краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата светска војна.

Карактеристичен бил и периодот по 1960 година. Тогаш со отворањето на СФР Југославија спрема светот и со вклучувањето во меѓународната поделба на трудот, паралелно со создавањето на аграрно население во градовите и со либера- лизацијата на политиката за одење на работа во други земји, дошло до иселување на поголем број работници и интелектуалци од тогашна СР М кедонија на северно-американскиот континент. Преселнички движења од Македонија кон светот се присутни и денес, меѓутоа нивниот интензитет e различен, зависно од економско-политичкиот момент во Македонија, на Балканот и во светот.

Поради миграционите движења, како и поради зголемувањето на наталитетот, бројот на македонските доселеници расте од година во година. Меѓутоа, не постојат целосни и попрецизни податоци за бројот на македонските иселеници во прекуокеанските земји и во Европската унија, како и во некои соседни земји.

Раселувањето на емигрантите од логорите во Грција, Италија и Австрија, пак,  започнал 1951 го- дина, главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина), од 1957 година во Белгија, 1958 и 1961/62 во скандинавските земји, а потоа и во САД, Канада и други држави. Исто така, според неофицијални податоци има и десетици илјади Македонци од Беломорска Македо- нија, потоа од Пиринска Македонија, од Албанија и Косово.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот период, Македонците во новите средини правле обили да се организираат. Во почетокот иницијатори биле поединци-емигранти декларирани  како  антикомунисти  во  прифатните  логори. Оние, пак, емигранти во грчките логори кои изјавиле дека се Македонци биле изложени на посебен режим на измачување. Тие биле, главно, членови на Македонскиот национален комитет (МНК), подоцна преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) и други организации. Особено Македонците во западно-европските земји, покрај тоа што се организирале во политички партии, обично се групирале и печателе информативни гласила, преку кои ја изразувале својата политичка и национална определба.

Исто така, значајно поглавје во историскиот развој на Македонците во дијаспората е и пра- шањето со Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотици илјади во Истанбул, Измир, Бурса и во други градови во Турција, како и во европските и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, Реканскиот крај, с. Горно Врановци, Велешко,  Скопско, Тетовско, Гора (во Србија и Црна Гора, односно Косово) и од други места. Карактеристино за оваа македонска популација е тоа што ја примила муслиманската вера, а ги задржала:  македонскиот  јазик,  културните  вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија.

Инаку, во минатото македонските печалбари, а потоа и иселениците  биле претежно од селските средини, во потешка економска состојба, со понизок степен на образование и со ниски стручни квалификации, за разлика од денешните доселеници кои, претежно, се со високо образование и стручно оспособени. Оттука, главната цел на иселувањето била обезбедување на основната егзистенција и создавање материјални резерви за семејството.

Мал број иселеници го напуштиле родниот крај поради политички причини, како и од  традицијата за одење во друга земја. Меѓутоа, кај последните неколку генерации, како и кај доселениците од поново време, особено од Република Македонија, се јавува иселување на лица со високо образовно, И со повисоко културно и социјално ниво, што условува нов структурален степен  во  македонската  дијаспора.  Така,  меѓу нив има интелектуалци од различни сфери на различни области кои се афирмирани не само во македонски туку и во светски рамки.

1.9.9

Промените во економската, социјалната, образовната и квалификационата структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуваат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во дијаспората. Притоа, голем број од нив, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат. Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и  општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски,  духовен, образовен,  културен и спортски  план, сè повеќе придонесуваат тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен фактор во новите средини во дијаспората, особено во мултиетничките општества.

И покрај разликите што иселениците од македонско потекло во дијаспората ги поседуваат во социјалната структура, а кои се резултат на различните нивоа на образование и материјална состојба, за нив се карактеристични некои заеднички обележја во социјалниот живот. Така, голем број од доселениците од Македонија, на одредн начин, се асимилирани или  се наоѓаат “зовриени’ во котелот на асимилирањето.

Поголемиот   дел   од   македонските   доселеници, пак, само привидно ја прифаќа интеграцијата во тамошното општество, а му останува верен на традиционалниот начин на живеење. Тие и понатаму се тесно врзани со семејството, во суштина засновано и одржувано во традиционален и патријархален дух. Обезбедувањето и комплетирањето на семејството, претставува еден од приоритетните животни цели на македонските иселеници во новата средина.

Затоа и нивниот најголем дел од општествениот живот се одвива, главно, во рамките на македонските етнички заедници. Во исто време, дел од нив пружаат извесен отпор на настојувањата на новата средина и тешко се вклопуваат во новиот начин на живеење, плашејќи се дека ќе го загубат личниот и националниот идентитет. Затоа, поголемиот број македонски доселеници ја продолжуваат поврзаноста и се групираат во македонските етнички заедници лоцирани, главно, во поголемите индустриски центри, каде и го започнале првиот организиран живот.

Продолжува

 99999

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.