Среда, 15 Јули 2020   
ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ (1971-1990) - МИНХЕН

2.3.9

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (20)

Според информациите од бројни документи се гледа дека Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски бил еден од најголемите финансиски поддржувачи на гласилото „Македонска нација“. Инаку, четириесетина години поранешното гласило на македонската емиграција, а денес веб-портал „Македонска нација“, претставувало вистинска национална трибина,  во која учествувале сите оние Македонци или Македонки, кои сакале да работат за доброто и среќата на својата нација.

Во сите изминати години, на секој чесен Македонец, без разлика на неговите идеолошки убедувања или партиска припадност, весникот „Македонска нација“ им овозможил  да ја застапуваат и да ѝ служат на македонската национална кауза.

Гласилото „Македонска нација“ било регистрирано како независно списание (весник) за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатело во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари - февруари), во почетните броеви како независно гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ).

Се печатело на македонски јазик, на триесеттина страници, на формат како списание (весник) на 21 х 29 см. Главата на списанието била на македонски јазик, меѓутоа бојата се менувала на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драган Радински, потоа Драган Богдановски,  потоа инженер Танас Ташев, Благој Шамбевски, Ване Самоилов и други.

Уште на почетокот весникот „Македонска нација“, претставувал вистинска национална трибина. Тоа е изразено  во воведната статија од првиот број во кој се нагласува следното:

„Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македонија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национално чувство - да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија, нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. Нашите браќа и сестри под грчкото и бугарското ропство постојано се изложени на систематски денационализаторски режим кој има за цел да ги уништи како народ, да ги погрчи и да ги побугарчи, или, пак, присилно да ги исели од нивните родни огништа.

2.4.0

Во сеопштиот македонски национален подем живо учествувале и македонските иселеници и емигранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска православна црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појавило ова скромно списание чие име е „Македонска нација“.

Во продолжение се вели дека целите на гласилото „Македонска нација“, покрај другото, се да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под власта на Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, притоа, разобличувајќи ги лагите и клеветите што ги шират балканските националисти и империјалисти.

Притоа, името на гласилото јасно го оцртува неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибина во која може да соработува секој Македонец кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација.

Издавачите на „Македонска нација“ сметаат дека на македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Гласилото нема цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку натпартиско, една широка македонска национална трибина, што ќе работи на постигнување македонско единство.

Вториот број е отпечатен како двоброј за март и април 1971 година, на ист формат, на 20 страници, и со променета боја на главата. И наредните четири броја во 1971 година, се идентични на првиот број како по формата,техничкото решение,  така  и   по  содржината.

Во текот на 1972 година отпечатени се пет броја, од кои од бројот 8 издавач и редактор е Драган Богдановски и се печати во Минхен, Западна Германија, со годишна претплата од 20 германски марки. Од бројот тринаесет како уредник на гласилото се јавува  инженер Танас  Ташев,  а  подоцна  повторно  Драган   Богдановски.

2.4.1

Од бројот 17 за септември—октомври 1973 година, весникот „Македонсканација“ го сменило клишето на главата, со тоа што на левата страна била поместена етничката карта на Македонија. Списанието станало орган на Движењетоза обединување на Македонија, дадено и во главата каде што стои слоганот „Македонци обединети за обединета Македонија“. Од бројот 16, пак, како додаток започнал да се печати прилогот „Македонска трагедија“, а од бројот 23 гласилото „Македонска нација“ започнало да се печати во Гетеборг и тоа веднаш по смртта на членот Благој Шамбевски.

Содржината на гласилото „Македонска нација“ обилува со теми кои имаат изразит национален карактер, а кои се претежно од областа наисторијата, културата, јазикот, литературата и друго, притоа, вклучувајќи ги прашањата и проблемите за обединување на Македонија.

Во наредните дваесетина години „Македонска нација“ излегувала со извесни осцилации и прекини, со постојано ривалство, несогласувања и расцеп меѓу лидерите на емигрантските организации. Таков е случајот, покрај другите, со печатењето на бројот 27 од 1975 година и разидувањето меѓу Драган Богдановски и Ване Самоилов, како и со бројот 90 од 1990 година, во кој е поместено соопштението на Контролната комисија на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) во кое се коментира наводното одржување на Шестиот конгрес на НОФМ во август 1989 година во Женева, на кој учествувал „само“ д-р Богољуб Андоновски (во конфликт со Драган Богдановски).

Поради тоа бројот 92 од 1990 година, на „Македонска нација“ се јавува како орган на НОФМ, а го уредува редакциски колегиум, чиј главен уредник е Диогенес, односно д-р Богољуб Андоновски.

„Македонска нација“ станала чувар на македонските традиции, јазик и култура, чувар на македонскиот идентитет. „Македонска нација“  била извор на вистината за македонската трагедија но и сведок на македонскиот непокор. Затоа „Македонска нација“ со нетрпение била очекувана и со радост читана, препрочитувана и раскажувана меѓу македонската емиграција распослана на сите страни на светот.

Продолжува

 1KatiN

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.