|
|
ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ И НЕГОВАТА УСПЕШНА ЕКОНОМСКА, НАЦИОНАЛНА И ПОЛИТИЧКА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ II (9) |
Во второто продолжение од разговорот на Елизабета Димитровска со бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, објавено во списанието „Македонско сонце“, бр. 600/601 од 30.12.2005 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Затоа, во продолжение го објавуваме делот во кој е запишано следното: Голем придонес дадовте за признавањето на уставното име од страна на САД. Успешни преговори водите и со претставниците на грчкото лоби во Америка, засновани на дипломатија и висока политика. АТАНАСОСКИ: Како Македонец отсекогаш лобирам, и не само јас, туку и луѓето со кои соработувам. Понекогаш правиме директни контакти со претставниците на грчкото лоби и со некои грчки асоцијации, при што најчесто успеваме да ги надминеме проблемите кои посто- јат меѓу Македонија и Република Грција. Иако тешко, сепак наидуваме на позитивни прифаќања и разбирања. Разговорите кои ги водиме се мошне конструктивни и позитивни, но сепак недостасуваат преговори кои треба да се вршат на државно ниво. Моето размислување е дека секогаш кога сакаме проблемот да го решиме треба да седнеме со оние со кои го имаме спорот. Преку посредници и други варијанти само се оддолжува и се комплицира и на тој начин не можеме да дојдеме до вистинската цел. Во иднина не треба да се плашиме од вистината. Ние сме Македонци, директни потомци на Александар Македонски и не смееме да отстапиме од нашата историја, од нашата култура која ја имаме низ вековите. Кои се Вашите ставови по прашањето за доделување на статусот за чекање за влез во ЕУ? АТАНАСОСКИ: Мислам дека позитивен чекор е и Македонија да биде членка на Европската унија. За жал, ќе треба да чекаме долго време, но чекорот е направен и поддржувам една таква иницијатива. Сепак, зависи и од нас кога ние ќе го достигнеме тој степен да бидеме рамноправна членка на ЕУ. Ако ги земеме работите во свои раце и ако сакаме што побрзо да влеземе потребна е голема стратегија и работите кои ги бара Европската унија да ги промениме што побрзо, а тоа се, повторно ќе речам, корупцијата и промената на законите, кои ќе бидат поповолни и со исти критериуми како и тие на Европската унија. Во програмата и целите на Вашата партија Македонска алијанса сублимирани се сите цели и задачи, кои расцепкано се појавуваат низ поголемите и помалите партии во Македонија. Зошто Македонска алијанса поуспешно функционира меѓу Македонците во дијаспората и во светот отколку во матичната земја? АТАНАСОСКИ: Можам да напомнам дека ги анализирам сите политички партии во Македонија, но во ниедна не е застапена националната стратегија, која треба да биде во корист на државата и на граѓаните на Македонија. Македонска алијанса е единствена политичка партија која поаѓа од корените на Македонците, а тие се од времето на Филип и Александар Македонски. Сите други партии и нивните платформи во однос на ова прашање се недефинирани. Затоа имаме и големи проблеми со признавањето на Македонија. Ако ние уште од почетокот се дефинираме кои сме, што сме и почнеме од корените од каде што ни почнува историјата, денес не би ги имале тие проблеми. Во однос на историјата Македонска алијанса секогаш стои зад тоа и во иднина ќе продолжи да ги промовира тие идеи. Идната година ќе учествуваме на парламентарните избори, уште еднаш ќе й се понудиме на македонската публика, а таа ако знае и умее да го избере најдоброто за Македонија, ние ќе бидеме тука. Сепак ќе оставиме одлуката да ја донесе народот. Можам да напомнам дека Македонска алијанса не работи само во Република Македонија, туку во сите земји каде што има Македонци. Еден од успесите е и создавањето политичка партија на Македонците во Албанија, која се вика Македонска али- јанса за европскa интеграциja. Ние соработуваме и со "Виножито" од Егејскиот дел, успешна соработка имаме и со ОМО "Илинден Пирин" од Република Бугарија, со кои гаиме слични цели и идеали. Симболот на Македонска алијанса - македонското сонце од Филип и Александар Македонски, е истиот знак кој го има ОМО "Илинден". Ние како Македонци, ако сакаме да се идентификуваме, мораме да имаме сила. Покрај другите симболи на државата, водечко треба да биде шеснаесеткракото сонце кое е симбол на македонската нација. Македонска алијанса е единствена политичка партија која поаѓа од корените на Македонците, а тие се од времето на Филип и Александар Македонски. Сите други партии и нивните платформи во однос на ова прашање се недефинирани. И затоа имаме големи проблеми со признавањето на Македонија. Ако ние уште од почетокот се дефинираме кои сме, што сме и почнеме од корените од каде што ни почнува историјата, денес не би ги имале тие проблеми. Во однос на историјата, Македонска алијанса секогаш стои зад тоа, и во иднина ќе продолжи да ги промовира тие идеи. Идната година ќе учествуваме на парламентарните избори, ќе й се понудиме уште еднаш на македонската публика, а таа ако знае и умее да го избере најдоброто за Македонија, ние ќе бидеме тука. Сепак, ќе оставиме одлуката да ја до- несе народот. За македонската кауза веќе 11 години стоечки се борите и преку неделникот "Македонско сонце". Во најскоро време ќе ја поставите и бистата на Александар Македонски во Прилеп, грандиозно дело на познатиот вајар Жарко Башески, кое ќе биде сведоштво за македонскиот идентитет од времето на Александар Македонски? АТАНАСОСКИ: "Македонско сонце" е неделник кој постои повеќе од 11 години. На страниците на овој неделник може да се види дека македонската кауза е присутна во континуитет и покрај сите пречки на кои наидувавме. Неделникот ги негува националниот и верскиот идентитет, а работи и на успешна политичка и економска стратегија. Ние размислуваме на сите полиња. Бронзената биста на Александар Македонски веќе две години чека на своето поставување. Тоа ќе биде гордост за граѓаните на Прилеп, но гордост и за Македонија и за сите Македонци секаде во светот. Ние сакаме со тоа на народот и на гра- ѓаните да им ја разбудиме асоцијацијата со Александар Македонски. Покрај сè сте и голем хуманист. Вашите донации се движат во различни насоки. АТАНАСОСКИ: Да, јас помагам и донирам насекаде. Стипендирам голем број студенти, од кои најмногу се наши деца од Мала Преспа, Голо Брдо и други. Донатор сум и на камбаната за црквата "Свети Никола" во Маврово, на која е вградено шеснаесеткракото сонце. Ја помагам радиостаницата во Мала Преспа, како и многубројните македонски клубови и црковни општи- ни низ светот. Како би ја заокружиле годината која измина, поточно ка- ко би ја заокружиле Вашата 25-годишна успешна работа во САД и во Македонија како успешен бизнисмен, но и човек кој, како што реков, паралелно работи на многу други полиња. Воедно, кои се Вашите планови кои си ги поставивте за во иднина? АТАНАСОСКИ: Плановите не се менуваат. Само плановите мора да се остваруваат. Успешно ги реализирав економските цели и задачи кои си ги поставив и слободно можам да кажам дека на тој план сум задоволен. Во политиката не е така едноставно. Транзицијата во Македонија направи една голема заблуда. Во прво време стравот од комунизмот на народот му наметна повторно да гласа за лидерите кои беа останати од минатото. Помина еден период во кој јас напорно работев и сметам дека народот тоа ќе го осознае. Иако нашиот народ е па- метен, сепак треба да умее и да ги препознае вистинските лич- ности, кои на еден демократски начин ќе го поведат кон подобра иднина. Ќе завршам со пораката дека јас како Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски секогаш за мојот народ ќе имам и време и желба да му го пренесам моето знаење и практика, за да ја направам државата економски постабилна, поуспешна, а за сметка на тоа подготвен сум да вложам а не да земам, како што тоа го направија многумина досега. Ќе бидам најсреќен кога Македонија ќе блесне во вистинскиот сјај, независно дали предводник ќе бидам јас или било кој друг успешен човек, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |