|
|
Поранешниот потпретседател Џо Бајден ѝ го честита празникот Илинден на македонската заедница во САД |
Обединета Македонска Дијаспора, ОМД, невладина, непартиска, непрофитна организација на македонците ширум светот, му се заблагодари на Џо Бајден за следнава изјава: „Џил и јас испраќаме честитки до македонско-американската заедница, која што го празнува Илинден и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани ја поставија основата за суверена, плуралистичка и мултиетничка република, која САД се горди да ја наречат пријател и сојузник, и која е длабоко почитувана членка на евроатлантската заедница“, се вели во изјавата на Бајден. Тој рече дека Американците со македонско потекло, го зацврстиле и збогатиле американското општество. „Како пријател на Американците со македонско потекло, го празнувам со вас успехот на македонско-американската заедница. Вие сте потсетник дека САД остануваат инспирација за надеж, слобода и можности“, рече Бајден, нагласувајќи дека како претседател би работел на постигнување помирна и попросперитетна евроатлантска иднина на целиот регион. |