Среда, 12 Август 2020   
ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (12)

3.1.7

Како резултат на политичката кариера бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за претседател на Република   Македонија   како   независен кандидат на изборите во 1994 и 1999 година. Неговата желба беше доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија, особено за подобра сегашност и иднина на македонскиот народ и за неговата татковина.

Како резултат на неговата силна желба, спроти претседателските и парламентарните избори во 1994 година во Република Македонија, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски истакнал:

„Искрено ме радува фактот што еден голем број луѓе од Македонија и од странство имаат доверба во мене и јас најтопло им се заблагодарувам. Според сите индикации, македонскиот народ заслужува многу повеќе од ова што сега го поседува. Јас го делам мислењето дека во Македонија навистина се потребни промени и најверојатно затоа народот бара нови лидери со нови идеи коишто конкретно ќе ги спроведуваат истите. Само масовното учество на македонскиот народ и на идните избори ја гарантира оваа можност.

Точно е тоа дека неколку македонски ор- ганизации од Америка и од Европа, а сега и од Австралија, активно ме поттикнуваат да се кандидирам за функцијата претседател на Република Македонија. Исто така, и неколку политички партии и асоцијации од татковината ме поттикнуваат  за  да  се  кандидирам  ветувајќи ми целосна поддршка.

Ако македонскиот народ навистина е под- готвен за промени, мислам дека на идните из- бори ќе се појават лидери коишто, пред сè, со своите професионални способности ќе се борат за  подобрување  на  македонската  економија  и во исто време за изградба на демократско опш- тество.

Во моментот ја разгледувам можноста да прифатам врз себе една ваква обврска, бидејќи јас имам свои семејни и професионални обврски, коишто морам истовремено да ги разгледам во контекстот на кандидатурата. Затоа, сметам дека за неколку седмиц ќе бидам во можност да дадам конкретен одговор на прашањето за мојата кандидатура“.

По повод парламентарните и претседателските избори што се одржаа на 16 октомври (листопад) 1994 година, бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски ги повика сите Македонци и македонски граѓани масовно да излезат на изборите.

Тој ги повика за учество на изборите сите оние коишто ѝ мислат добро на државата Македонија, а сè со цел, Македонија да биде национална држава, демократска заедница и на другите етнички малцинства. Тој сметаше дека излегувањето на изборите е морална и патриотска должност на секој државјанин да учествува во конституцијата на идната македонска власт.

Покрај успешниот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски, кандидати за претседател на Република Македонија  во 1994 година, беа Киро Глигоров,  избран  од    Сојузот  на  СДСМ,  ЛП  и СП  и Љубиша Георгиевски, кој беше избран на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

3.1.8

Македонската јавност го памети бизнисменот Атанасоски по претседателските избори во 1994 година, кога имаше смелост со својата кандидатура да му се спротивстави на сè уште актуелниот претседа- тел на Македонија, Киро Глигоров.

За разлика од другите кандидати, македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски по- долг период беше во САД  во текот на изборите. Беше потребно за исклучително кратко време да обезбеди десет илјади потписи. Благодарение на неговиот изборен тим и големата поддршка, особено во неговиот Прилеп и Прилепско, беа собрани потребните потписи. И, кога сè беше завршено во рекордно време, Републичката (државна) изборна комисија, за жал, „констатира“ дека не е обезбеден потребниот број потписи. Аргументираните докажувања не вродија со плод.

Меѓутоа, народот на Македонија, а и самиот Атанасоски сметаа дека неправдата ќе се исправи во наредните избори и дека ќе завладеат законите на правниот систем во новото демо- кратско македонско општество.

Исто така, и во 1999 година Атанасоски се кандидираше за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од слични причини и во 1999 година не успеа да ја реализира својата намера.

Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски не успеа да стане претседател  на  кандидатските  избори  во  1994 и 1999 година, меѓутоа тој остана запаметен по многу новинарски интервјуа, пресконференции, политички дискусии, јавни трибини, изјави и блиски разговори со ѓраѓаните. Така, во едно интервју за „Македонско сонце“, како кандидатот за претседател на Република Македонија господинот Атанасоски, меѓу другото, потенцираше:

Во западната демократија, бизнисмените кои го достигнале својот подем настојуваат да се вклучат во политиката во својата држава што во извесна смисла претставува и патриотски долг кон неа, бидејќи таа му помогнала да се оствари како човек и бизнисмен. Во нашата земја, не ретко политичарите ја присвојуваат политиката, па најчесто државничките функции ги сметаат како начин за стекнување на материјални добра и богатства. 

Јас сакам моите искуства, знаења и можности да ѝ ги подарам на Македонија. Кога еден човек својот живот го дава и работи за сопствениот народ, својата држава и култура, тој никогаш не треба да се откаже од идејата. За неа тој треба да се бори, без разлика на тоа од кои причини не успеал да ја оствари целта.

Мислам дека како и поранешната, така и оваа власт се плаши од Македонците од дијаспората. Никој не може нив да ги исклучи од севкупните текови на политиката во матичната држава, туку напротив, тие треба да се искористат за афирмација на Македонија во светот и да се создаваат услови за нивно враќање во татковината.  Но,  на  Македонците  кои  живеат  во  странство  им  е  одземено  правото  на глас,  иако  го  задржале  државјанството,  што не е случај со другите европски земји, како, на пример, Полска и Хрватска. Македонците се надеваа дека со закон ќе се реши нивната желба, но владејачката гарнитура не му дозволува на Македонецот да гласа, им го одзеде уставното право!

Мислам дека насекаде во Македонија и во светот постои тој синдром. Постои раздор меѓу Македонците. Јас лично сметам дека мо- жам да бидам еден вид катализатор за нивните размислувања и разијдувања. Чувствувам дека можам да им помогнам на Македонците во нашата земја и во светот. Доволно сум силен и умен да ги убедам и да им помогнам во изградбата на една здрава, суверена, независна економска држава - Македонија.

3.1.9

Покрај развојот на демократијата во Македонија, најважно е да се создадат услови за нови инвестици. Нашата држава мора да направи нови закони кои ќе бидат поволни за странските инвеститори и нивните проекти. Јас во овој момент тоа го гледам како приоритет затоа што без нив нема демократија, нема економски просперитет“.

Тој сметаше дека жестоките партиски кон- фронтации треба да престанат доколку се сака да се направи една генерална стратегија, нацио- нална програма и да се оди напред во развивањето на Македонија. Во неа секој Македонец ќе си го најде своето место.

Исто така, Атанасоски велеше дека маке- донската национална историја и корените на македонскиот народ се длабоки и тоа е општо познато во целиот свет. Ние постоиме со векови и претставуваме дел од европската и светската култура и цивилизација. Нашите корени почнуваат уште пред Филип и Александар Македонски и тие можат многу лесно да се видат и прочитаат и во светската историска литература. Тој сметаше дека ние можеме да се браниме со историските агрументи што веќе постојат; дека  македонскиот народ е библиски и дека тој ќе постои вечно, без оглед на нечии претензии и аспирации.

Во продолжението на интервјуто тој рече:

Ако ние Македонците, без разлика дали живееме и работиме во Македонија или во странство, ги дефинираме македонските национални стратешки интереси, ќе можеме да  ги надминеме  сите проблеми со Република Грција.

Истото   важи   и за политиката кон другите соседи, а во таа борба ќе мора да се употребат   сите можности, како и меѓународното право и конвенциите.

Ние во Република Македонија и сите оние што живеат на Балка- нот треба да работиме да се отворат границите, што е заеднички интерес. Само што тоа мора да биде на едно такво ниво каде што ќе  има  меѓусебно  почитување и признавање. На тој начин сите држави ќе имаат своја иднина. Со затворање на границите државата економски заостанува, не може да оди напред. Затоа јас се залагам со сите соседни земји да имаме добри односи. Во тој контекст не треба само да ја гледаме Македонија, туку пошироко. Македонија е крстопат на Балканот и ние мораме да ја искористиме оваа можност што ни се нуди за да стане таа привлечна земја за инвестици. 

Името, знамето и Уставот, според мене, не смеат да бидат предмет на никакви преговори. За жал, се влезе во преговори и сега власта има проблем да излезе од тие неприлики. Јас мислам дека е подобро да се прекинат тие процеси, за да не се направат грешки, катастрофални грешки за иднината. Со промена на овие елементи нема да  постоиме!

Не  прифаќам  никакви  преговори за симболите. За прифаќањето на името ПЈРМ требаше да има един- ство помеѓу сите, без разлика дали беа позиција или опозиција, а не да решава само една страна. Понекогаш излегуваме недефинирани, неосознаени за светот, бидејќи многу поединци - официјални личности од Македонија можат да преговараат околу името. Тоа е катастрофа, ужас, зашто ќе нè снема. Затоа, ги повикувам сите Македонци, без разлика    дали    се на    позиција    или во   опозиција,   да се   здружиме,   да се обединиме за доброто на Ма- кедонија, вели бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.