Среда, 26 Август 2020   
ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ И НЕГОВОТО ВЕТУВАЊЕ НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР (26)

1901katim185 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ 

Според текстот под наслов „Исполнето ветување по 80 години“ од Киро Кипровски, објавен во „Утрински весник“ на 10 април 2015 година, пред осумдесет години Гојко Делчев-Рафкин, од гостиварското село Зубовце, од мајка му Рафка и од прабаба му Јонка бил ветен да му служи на Господ и на свети Јован Крстител во Бигорскиот манастир.

Инаку, Гојко бил ветен бидејќи молитвите му помогнале да ја преброди тешката болест, да оздрави, по десетдневна агонија, кога бил ни жив ни мртов. Неизвесноста да преживее била под голем прашалник. Целото семејство „било на нозе“ око не склопувало, биле покрај него, преземале сѐ што требало за да му го спасат животот и со нетрпеливост го очекувале исходот.

Сите се плашеле да не се повтори судбината со неговото братче Виктор и сестричето Анча, кои пред него починале на неколкумесечна возраст. Мајка му правела сѐ за бебето да ѝ оздрави, да го порасне, да формира семејство, да остари, да обеле... Молитвите вродиле со плод. Гојко, како момче од мајка си дознал дека бил ветен да служи во Бигорскиот манастир.

Ветувањето го прифатил. На мајка си често ѝ говорел дека кога тогаш ќе го исполни ветено и достоинствено ќе се оддолжи. Минувале години Гојко од субјективни причини не можел да дојде и да служи во манастирот. Меѓутоа, тој товар го носел со децении и барал начин барем со средства да се оддолжи.

Во 1992 година, во Берлин се осветувал иконостасот на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ при што присуствувал и митрополитот господин Тимотеј, надлежен архијереј на Дебарско-кичевскаа епархија на Македонската православна црква, во чии рамки спаѓа и Бигорскиот манастир. Гојко на владиката господин Тимотеј му ја раскажал прикаската за тоа дека бил ветен да служи во Бигорскиот манастир и од него побарал совет како да се оддолжи. 

1deb„Дебарско-кичевската епархија има подготвено монографија за Бигорскиот манастир во која со свои научни трудови од повеќе области ја расветлуваат историјата, архитектурата, монаштвото, за духовноста, за изградбата, за иконостасот, за живописот и слично, текстовите напишани од неколкумина академици, еминентни научни работници и владици.

Проблемот е недостигот на средства за печатење, а епархијата не може да ги обезбеди. Ако си расположен да го помогнеш финансирањето на монографијата, тоа е добар начин да се оддолжиш, односно да го откупиш ветувањето“, му рекол Тимотеј на Гојко. Тој, со големо задоволство ја прифатил понудата и веднаш на владиката му ги дал потребните средства.

Во изминатите години неколкупати Гојко на Бигорскиот манстир му дарувал парични средства, како и донации за обновата на изгорениот Горни Палат.

„Ветувањето го исполнив, меѓутоа желбата да служам во манастирот „Свети Јован Крстител“ ми остана неисполнета. Многу пати правев обиди, но пред да дојдам ќе се појавеше некој проблем и така со децении одложував“, раскажува Гојко. „Но, Господ е голем и ми ја исполни желбата. Минатиот месец десетина дена служев во Бигорскиот манастир со физичка активност и со присуството им се оддолжив на моите предци, а со тоа од грбот ми се стркала цела карпа со грижа носена со децении...“, раскажува Гојко.

„Прекрасно се чувствувам откако со слугување и со работење им ја исполнив желбата и ветувањето на моите најблиски, кои со ноќи бдееле и се грижеле за моето здравје. Секој ден го палеле кандилото во куќата во село Зубовце, пред иконата на светата Мајка Божја со нејзиниот син во рацете- Исус Христос и се молеле за да оздравам. Се молеле и ме ветиле во Боженствениот храм - Бигорски манастир, древномакедонско светилиште, прекрасен, привлечен, препознатлив со македонската црковна архитектура и со иконостасот.

1jov

Икона во Свети Јован Бигорски 

Господ ги слушнал молбите на прабаба ми и на мајка ми, да оздравам, да закрепнам, да раснам, да пораснам и да имам долг живот. И така на 20 февруари 2015 година, со најблиските во семејството го празнував 80. роденден“, со задоволство ни зборуваше Гојко и продолжи да ни ги раскажува впечатоците од престојот во манастирот.

„Секое утро станував во 5 часот за да учествувам на утринската богослужба, а во попладневните часови и на вечерната богослужба. Прекрасно беше чувството да се биде на богослужбите, на бдеењата кои траеја по неколку часови длабоко во ноќта. Посебно бев воодушевен од моќните гласови на монасите кои ги пееја црковните песни, и по богослужбите гласовите ми одѕвонуваа, ме смируваа и ме релаксираа и ми доаѓаа како мелем на душата. 

Многу нешта на оваа возраст научив и нештата ми станаа јасни. Престојот во Бигорскиот манастир уште повеќе духовно ме зацврсти и ми даде нови мотиви и импулси во животот да реализирам неколку идеи кои ги носам со години, а досега не сум успеал да ги остварам“, задоволен од исполнетото ветување ја завршува својата приказна Гојко Делчев-Рафкин, кој долги години работеше во Германија.

Продолжува

2jovПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.