|
|
МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е СИМБОЛОТ НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА БИЗНИСМЕНОТ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ - ДЕЛ I (15) |
Само Сонцето е постаро од Македонија, вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година. За жал, под притисок на грчките шовинисти и едногодишната блокада од Грција, шеснаесетзрачното знаме е променето на 5 октомври (листопад) 1995 година. Новото знаме на Република Македонија е осумзрачно сонце, кое значи „ново сонце на слободата“. Се чини Сонцето од Кутлеш (Палатица) е многу значаен симбол на животот и работата на американскиот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и на неговите инвестиции во Република Македонија: гласилото „Македонско сонце“, ТВ „Сонце“ и хотелот „Сонце ГА“. Исто така, во Македонија и во светот има голем број организации, институции, друштва и други асоцијации на кои им е симбол шеснаесетзрачното сонце, меѓу кои и името на ресторанот на бизнисменот Ристо Гуштеров во Нејплс во Флорида што го носи името Палатица (Кутлеш). Од 19 септември (гроздобер) 2004 година, пак, античкиот симбол – шеснаесетзрачното сонце се вее и на симболот пред општинската зграда во Пустец, Мала Преспа. За античкиот симбол на општинското знаме, секако има заслуги Светскиот македонски конгрес и збратимената општина Гази Баба од Скопје. Утврдувањето на македонскиот симбол од страна на Советот на Општината Пустец и неговото потврдување од Министерството за правда на Република Албанија ја направи единствена општина со Македонци во светот, која за официјален симбол го утврди македонското шеснаесетзрачно сонце. Јавното објавување на симболот на Општината, симболично го означи и воведувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во административна употреба во Република Албанија, бидејќи на грбот називот на Општината е напи- шан и на македонски и на албански јазик. Меѓутоа, најголемиот чувар и бранител на симболот од Кутлеш е, секако, бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Тоа сонце постојано го води во текот на целиот негов живот, а тој тоа го потврдил особено преку гласилото „Македонско сонце“, чиј историски развој е тесно поврзан со идеите на одреден број Македонци во дијаспората. Така, поттикнати од патриотското чувство да му се докаже на светот дека древната македонска цивилизација ќе воскресне со осамостојувањето на Република Македонија есента 1993 година неколку патриоти од Германија, предводени од господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, донесоа одлука за издавање на македонски неделник. Се одлучи гласилото да има светско значење со тоа што ќе се дистрибуира насекаде во светот каде живеат Македонци. Идејата на Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски за издавање едно гласило тлееше уште од пред 25 години да излезе „Македонско сонце“. Тој почувствувал потреба да се има едно печатено информативно средство, да се основа независен весник којшто ќе ги информира колку што е можно пообјективно не само читателите и јавноста во Република Македонија, туку и македонските иселеници. Вршејќи го својот приватен бизнис, повеќе во туѓина отколку во татковината, имаше чести средби со Македонците во Америка кои вестите и информациите си ги пренесуваа усно, со што повеќе се дезинформираа отколку што се информираа. Сепак, по неколку средби со наши сонародници во Германија во текот на 1993 година, најпо- сле се реализира идејата за македонски национален неделник, кој би имал и лобистичка улога во осознавањето на нашето вековно постоење пр ку свои аргументирани историски прилози. Следеше една година подготовки по кои најпосле бизнисменот Атанасоски го основа македонскиот светски неделник „Македонско сонце“, чијшто прв број излезе на 24 јуни (жетвар) 1994 година. Иако Редакцијата на весникот се наоѓаше во Скопје, еден дел од македонската јавностi сметаше дека „Македонско сонце“ е неделник наменет само за македонската емиграција. Ваквата погрешна констатација траеше сè до оној момент додека читателот го немаше неделникот во свои раце. По излегувањето на неделникот сопственикот Атанасоски со задоволство кажа дека неговиот труд, заложбите на соработниците и македонските желби за подигање на патриотскиот дух, не само меѓу Македонците во иселеништвото, но и во татковината, конечно се остварија. Од скромниот тираж од 2.000 примероци, весникот достигна да се печати во 7.000 - 8.000 примероци, а неколку пати ја преминал бројката од 10.000 примероци.
Ковчегот од Кутлеш (Палатица) Како основач на овој светски неделник бизнисменот Атанасоски се трудеше истиот да биде целосно независен, непартиски, без негово влијание во уредувачката политика. Треба да се знае дека „Македонско сонце“ беше независен, национален неделник, кој дејствуваше „без влакно на јазикот“, ги боцкаше негативните појави, но, исто така, весникот беше полн со хуманост и братска љубов кон своите најблиски – Македонците. Во исто време гласилото имаше респект и кон другите малцинства кои живеат во Република Македонија. Не случајно ја негуваше рубриката „Верата наша рисјанска“. Тоа беше заради тоа што господинот Атанасоски верува во Господ, верува и во себе и во својот народ и во својата држава. Бидејќи силно верува во сè, затоа за него Флорида е убавина, но Македонија е Божји рај! Заради тоа бизнисменот Атанасоски вели дека е хумано и морално да се почитуваат сите на светот, но уште подобро е првин да се сака својата нација, а потоа другите. Инаку, првиот број на неделникот „Македонско сонце“ излезе на 24 јуни (жетвар) 1994 година и, со некои осцилации излегуваше во континуитет. Во два наврата беше извршена измена на форматот. Така, од бројот 493 од 12 декември (снежник) 2003 година до бројот 763 од 13 февруари (сечко) 2009 година беше издаден во боја со 64 страници формат А4, со рубрики и дизајн (со делови и изглед) според стандардите на европските неделници. Оттогаш „Македонско сонце“ се трансформира во електронско издание и е едно од главните информативни гласила во Македонија и особено во македонската дијаспора. Главен и одговорен уредник беше Александар Келтаноски, а денес директор е Владо Спасиќ. Концепцијата и уредувачката политика на неделникот се темели врз неговата основна цел - да се афирмираат македонските национални вредности не само на територијата на денешна Република Македонија, туку и во преостанатите делови на етничка Македонија и во целиот свет, односно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Македонија. Гласилото „Македонско сонце“ во печатена форма било дистрибуирано и продавано на паза- рот во Република Македонија, но и во целиот свет каде што има Македонци - Европа, Америка, Канада, Австралија. Од 2003 година - директор: Елизабета Хаџи- Стојанова Костурска, потоа Александар Келтаноски, главен и одговорен уредник; Редакциски колегиум: Кокан Стојчев, Жаклина Митевска, Милева Лазова, Мишко Талески, Мирослав Георгиевски; соработници: Фросина Ташевска-Ременски, Дејан Савовски, Александар Вучевски, Живанка Филиповска; технички уредници, Синиша Кариќ и Владимир Стојковски,; Силвана Блажева, лектор; Зорица Кметовска, дактилографка; Сузана Јосифовска, секретарка на Редакцијата. Од 2008 година главен и одговорен уредник стана Александар Келтаноски, а редакцискиот колегиум го сочинуваа: Кокан Стојчев, Жаклина Митевска, Милева Лазова, Мишко Талески, Ми- рослав Георгиевски; соработници: Фросина Ташевска-Ременски, Дејан Савовски, Александар Вучевски, Живанка Филиповска; технички уредници Синиша Кариќ и Владимир Стојковски,; Силвана Блажева, лектор; Зорица Кметовска, дактилограф; Сузана Јосифовска, секретар на Редакцијата, и дистрибуција Миле Оцевски. Продолжува Пишува; СЛАВЕ КАТИН |