|
|
БЛАГОДАРНИЦА ЗА ИСЕЛЕНИКОТ САВО КОСТАДИНОВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО |
Публицистичките постигнувања на писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија. Затоа, како резултат на неговото творештво, на 29 август 2020 година овој познат иселеник од Македонија заслужено доби благодарница од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, во знак за приснавање на неговата промоција на македонската култура и јазик во иселеништво преку пишаниот збор. Инаку, Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во дијаспората. Неговото обемно поетско творештво брои над 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како дводомен (Македонија и Германија) тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично на германски и на македонски јазик. Посебно, неговиот роман наиде на добар прием кај германските читатели. Исто так, треба да се одбележи дека во 2018 година Саво Костадиновски доби почесно признание по повод неговото 25 годинишно активно членување во Сојузој на геманските писатели. Со неговото творештво, особено е познат на грманската публика во Келн каде што живее. Исто така, како автор од Келн, тој е застапен во „Лексиконот на писателите на Келн во 20 век“. Затоа, со право се вели дека Саво Костадиновски е амбасадор на пишаниот збор и мост на соработка во културата меѓу неговите две татковини – Македонија и Германија. Македонска нација |