Среда, 16 Септември 2020   
ТВ СОНЦЕ – ПОПУЛАРЕН МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН САТЕЛИТСКИ МЕДИУМ

3.6.1

Телевизија „Сонце“, како национална сателитска телевизија, за првпат започна со  емитување  на  сопствена  програма во Македонија и во светот на 12.11.2008 година. Нејзин основач е господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој ги финансира изградбата и развојот на телевизијата.

Концепцијата и уредувачката политика на оваа ТВ-куќа е да информира за случувањата и политиката на Македонија, кои се базираат врз основната цел – афирмација на македонските национални вредности во Република Македонија, во преостанатите делови на етничка Македонија, па и во целиот свет, поточно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Р. Македонија, и секаде каде што има Македонци – во Европа, во Америка, во Канада, во Австралија.

Телевизија „Сонце“ подоцна креираше про- грамски концепт што ќе биде во исто време и

близок до гледачите, но и автентичен и различен од преостанатата ТВ-понуда. Со својот одлично едуциран кадар, со сопствена ТВ-продукција, оваа телевизија создаде голем број програмски содржини, чии теми ја откриваат вистинската приказна и историја на Македонија.

Од својот почеток телевизијата работи на негување на македонската кауза, а како доказ за тоа е и долгогодишното излегување на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

Со индивидуални капацитети, но и со чувство за тимска работа вработените ја водат оваа ТВ-станица до зацртаните цели. Затоа денес оваа телевизија има позитивни резултати од истражувањата за гледаноста и рејтингот.

Ориентирана кон сопствена продукција на исклучително квалитетна информативна програма,  како  и  на  историски,  документарни,  политички, детски и други емисии, како, на пример,

„Македонија мајка на светот“ со авторот Дардан Венетски, емисија што достигна врвна гледаност, потоа  емисиите  „Сончевина“,  „Македониум“, „Будење со Јулија“, „јади бурек“,„Неделен витраж“, „Естрада +“, „Врел костен“,„Спортски агол“, „ТВ-фељтон“, „Меѓу редови“,„Низ  призма“,  „Бизнис-анализи“,  „Македонски црковни   светилишта“,   „Македонски   бисери“, „Под лупа“, „ИТ свет“, како и „Најубави бајки“ за најмалите гледачи и многу други секојдневни емисии.

Значи,  ТВ „Сонце“, става акцент на темите што навлегуваат со својата програма, пред сè во суштината на македонската вистина, содржини што ја прават оваа телевизија да биде поинаква од другите ТВ-куќи и да биде во постојана комуникација со своите гледачи во Македонија, но и со нашите иселеници.

Оваа нејзина определеност се чувствува во сите нејзини програмски содржини.

3.6.2

Хотелот „Сонце ГА“

ХОТЕЛ „СОНЦЕ ГА“ - ПРИЛЕП

Еден од најрепрезентативните хотели во Прилеп, а и пошироко е, секако, хотелот „Сонце ГА“. Поради сместувачките капаците, прекрасниот ресторан украсен со сите нишани од античко време до денес, богатата прилепска и интернационална кујна, базен, бензинската пумпа и други потреби за гостите, хотелот „Сонце ГА“ се вбројува меѓу значајните туристички објекти во Македонија, се разбира повеќе што газдата на овој хотел е познатиот американски Македонец Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Тој пленува со својот изглед, со симболите – знамињата на САД, Република Македонија и на Европската Унија, кои се веат пре него и кои му даваат пошироки димензии на неговото постоење. Меѓутоа, тој е хотел во кој услугата е беспрекорна, љубезна, македонска со сите нишани на времето, привлечен е со своите македонски и светски специјалитети - од ширден до најдобрите стејкови и другу македонски и светски специјалитети.

Сместувачкиот капацитет на хотелот „Сонце ГА“ го сочинуваат 52 легла распоредени во апартмани, двокреветни и трокреветни соби; сите луксузно опремени, климатизирани, со директни телефонски линии и систем за будење, кабловска ТВ, приклучоци за интeрнет, мини-бар, сеф-депозит за секоја соба, купатила со ком- плетна тоалет-галантерија, балкон или тераса.

Хотелот располага со два прекрасни рестора- ни, бар-сала од кои ќе бидете пријатно изненаде- ни од квалитетот, услугата и цената. Појадокот се служи во кафе-барот, а за ручек и вечера се овоз- можува избор од мени-картата од македонските национални и интернационални специјалитети.

Хотелот „Сонце ГА“ е во близина на сите комуникациски и инфраструктурни објекти и со својата комплетна техничка опрема одговора на сите барања за бизнис-средби, прес-конференции, семинари, конгреси, конвенции и промоции.

Слободен паркинг-простор, услуги од перална и 24 часа гаранција за приватност и без- бедност; комплетно опремен фитнес клуб, солариум, масажа (делумна, комплетна, релак- сациона), два тениски терени, терен за кошарка, гардероби и туш-кабини се на располагање на неговите гости. Во состав на Хотелот „Сонце“ е и бензинската пумпа „24 Часа“, снабдена со сите видови на горива, масла, авто-козметика.

3.6.3

Тоа е само фрагмент од многунаменскиите и многугенерациските случувања и сентименти на ова убаво катче на прилепчани и гостите кои минале низ него во близина на центарот на градот. Не случајно е наречен хотелот и своевиден бренд, кој благодарение на разбирањето, на упорноста и решеноста на најпознатиот прилепско-американски познат и признат бизнисмен Џорџ Атанасовски, влегува во неговата угледна корпорација. Врти нова страница Атанасовски. Затоа денес во духот на времето хотелот „Сонце ГА“ како современ угостителски објект според високите стандарди е хотелски комплекс на престиж  и бизнис и едно поинакво место за одмор и спокојство, за славја и радости.

Ова е само дел од од животната приказна на бизнисменот Ѓорѓоја – Џорџ Атанасоски, чие име е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија - Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап сместени меѓу кориците на прекрасната монографија „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“.

  Крај

 1SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.