Среда, 16 Септември 2020   
ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

 3.6.4 

По повод 30-годишниот јубилеј на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ е отпечатеноделото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова, Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, од Торонто, отпечатено во 1994, на 232 страници,на македонски и англиски јазик

Монографијата е исполнета со  интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на оваа дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба  да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина водемократска  Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

За делото Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

3.6.5 

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во своиство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Инаку за делото Македонски вознес”, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил го напиша следното:

Плодот што го роди дрвото посадено од св. Климент Охридски во Македонија, доведе до создавање на Охридската архиепископија, која денес постои во лицето на Македонската православна црква. Корените, пак, на тоа Светиклиментово дрво се рашиирија насекаде миз Македонија и светот и стасаа до Северноамериканскиот континент, каде изникна еден од најголемите и најзначајните духовно-национални и културно-просветни храмови што македонските иселеници го имаат - црквата "Св. Климент Охридски" во Торонто. 

Во изминатите три децении црквата оствари зпачаен црковен, духовен, национален, културен, образовен, литературен, спортски и друг вид развој, со што даде голем придонес во севкупното живеење на македонските доселеници од сише делови на Македонија и го збогати мозаикот ма демократска и мултикултурна Квнада... 

Митрополитот полошко-кумановски архијереј митрополитот Кирил, пак, меѓу другото, за делото Македонски вознес”,  напиша:

... Големиот празник, тридеценискиот јубилеј на светиот македонски храм "Свети Климент Охридски" во Торонто е вистински македонски вознес за сите браќа и сестри од род македонски, за сите имени и безимени кои вградија огромна љубов, дарување, труд и самопрегор во неговите темели и го подигнаа овој прекрасен и најголем соборен храм вдолж и ширум северноамери-канскиот континент, Црквата е и останува да биде симболот на македонското име, непокор, тврдокорност и постоење на далечните прекуокеански простори, во чии двери пулсира една извонредно динамична активност, атрактивна, привлечна и неодминлива за сите генерации Македонци.

Овој Божји дом, оваа заедничка гордост, веќе три децении е свето место за сите чеда од над стоилјадната македонска заедница во Торонто, за век и веков останувајќи светол храм и македонски вознес среде мултикултурниот канадски мозаик

Исто така, митрополитот Кирил ќе напише дека од вековниот печалбарско-иселенички животен вруток на Македонците во Торонто и во Онтарио, и од долгата историја на древната македонска земја. во оеаа монографија се сместени најзначајните, фрагментарни прикази. Хронолошкиот и посеопфатниот приод ги зафаќа, селак, последниве 30 години, толку колку што е и младоста на светиот храм "Св Климент Охридски", на чиј јубилеј и му се посветува книгата "Македонски вознес".

Импозантен е летописот на македонското минато и сегашност за што непроценлива и огромна е улогата и придонесот на оние заслужни дејци што ги ставија темелите на овој храм Тоа се членовите на црквата и нацрковните упраеи, на женската секција, донаторите, свештенослужителите, тоа вистинско море од активисти од сите генерации и од сите делови на родната македонска земја.

3.6.6

Архиепископот г.г. Михаил и митрополитот г. Кирил

Свое посебно место имаат и членовите на ансамблот "Македонка", тие големи вљубеници во македоиските фолклорни богатства, потоа вљубениците во убаеиот поетски збор - членовите на Литературното друштво "Браќа Миладиновци", па црковниот хор, училиштето на мајчин македонски јазик, пензионерскиот клуб, драмската, спортските и сите други секции. Преширока бројка е тоа на доблесни и честити Македонци, верници и активисти, кои ео сето ова време дадоа се од себе за афирмирање на македонското дело и вистина.

Работата и фасцинантните резултати и постигнувања не беа возможни и целосни, а не ќе беа и на она рамниште што е денес, без најшироката поддршка и помош на македонската комуна во Торонто и пошироко.

Се што е сместено меѓу овие корици е прилог кон афирмирањето на длабоките македонски корени, на славното македонско име и на големата македонска вистина долж и вшир северно-американските простори и е своевиден спој на минатото и сегашноста, a co Бога напред - и кон иднината.

Исто така, главниот и одговоре уредник на списанието на Матицата на иселениците од Македонија,  „Македонија“, Христо Андоновски, за ова моногравско дело напиша:

... Повќе од еден век е зад нас откако од македонската родна земја кон Канадскиот простор тргна и сеуште трае масовната брановита преселничка река. Така, денес само во Торонто е формирано повеќе од стоилјадна македонска комуна. Во сите години зад нас, Македонскиот етникум разви импозантен самоорганизиран колаж ко) оствари извонтедна широка и значајна активност на сите полиња.

Така се роди идејата да се изгради со заедничка братска помош македонскиот православен храм "Свети Климент Охридски" кој стана неодминливото средиште во кое се негуваат сите старокрајски обичаи, богатства и традиции и се афирмираат Македонците, наспроти толкуте пропагандни од непријателите и од негаторите.

Црквата "Свети Климент Охридски" со оваа монографија го овековекува своето постоење и мисија...

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.