|
|
Македонската награда ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман во рацете на автор од Австралија |
“Мртвите знаат најдобро” на писателот од Сиднеј, Владо Јаневски, заедно со романот “Лазарка на Љупчо Петрески” е добитник на наградата ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман во силна конкуренција од над 60 приложени ракописи. Талентираниот Владо Јаневски од Сиднеј е писател, поет, сликар, скулптор, илустратор и карикатурист чии творби беа објавени во познатиот австралиски весник "The Bulletin". Покрај “Мртвите знаат најдобро”, Јаневски има и три други објавени романи: “Чудо зад аголот”, “Под друга капа” и “Маде ин јабана” како и збирката наградувани раскази "Нема враќање”. Тој е застапен со наградувани раскази и во повеќе други книги и списанија како и во антологиите "Македонска поезија во Австралија", "Светски конгрес на поети" и зборниците "Поетски иселенички меридијани" и "Коти на копнеж и страст". |