|
|
ОБНОВУВАЊЕТО НА СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА АРХИЕПИСКОПИЈА НАИДЕ НА СИЛЕН ОДГЛАС МЕЃУ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО КАНАДА (9) |
Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија По повод 30-годичнината од осветувањето излезе делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танасков.Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994, 1-232, (на македонски и англиски јазик). Монографијата е исполнета со интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“. Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на оваа дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата. Исто така, треба да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина водемократска Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија. Охрид За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Американско-канадската македонска православна епархија „Свети Климент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија. На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Трајановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како реликвиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-национална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Струмица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа професорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во своиство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија. Инаку веста, долго исчекувана, барана и со голема љубов дочекана за обновувањето на Светиклиментовата архиепископија, македонска, проструи брзо и беше поздравена како голем чин, и како голем празник на северноамериканскиот континент, среде многубројните македонски колонии, на сите страни каде што живеат и работат Македонци. Дојде времето да се има своја црква и да не се оди веќе so туѓи - те бугарски, те грчки, те српски па и во други. Тешко поправливо беше она што е сторено со градбата и со потпаѓањето на црквите, изградени од Македонците под туѓа јурисдикција. Но, тоа што беше, беше и заврши. Сега се отвори нова страница, се сврте нов лист и почна ново поглавје во духовното организирање и постоење на Македонците во Канада. Патриотската организација "Обединети Македонци" набргу реагираше со писмен потпис до раководството на Македонската православна црква и заедно со честитката за големиот светол и свет момент, веќе ја обелодени намерата и лотребата за формирање своја црква и побара таа национална гордост што е вгнездена и предолго носена во срцата за обновување на Охридската архиепископија, сега да се преточи во собирање во свои македонски цркви, а тоа значеше дефинитивно извлекување од канџите на туѓите политички и црковни пропаганди. Згасна стравот дека новите духовни храмови што ќе никнуваат од вредните раце, во туѓина далечна, ќе бидат под црковна Јурисдикција на балканските соседи, кои дотогаш присвоија за себе голем 6poj духовни храмови, градени со пари на Македонците.
Фреска од црквата „Света Сифија“ во Охрид Во резолуцијата на "Обединети Македонци" за формирање Македонска православна црква во Канада и во САД меѓу другите пораки е и оваа "Црквата е најбитниот клуч за разрешување на проблемот на македонското единство... а законското право за градење иакедонска црква денес постои благодарение на создавањето на Охридската архиелископија. Значи, дојде времето во Торонто како и на други места во светот да никнат Светиклиментови храмови, да се градат македонски православни цркви. Абери за вакви нови светилишта веќе доаѓаа и од Австралија и од Америка. Силно се покрена иселеничкиот етникум, бидејќи дојде моментот да и се покаже на канадската јавност дека Македонците се газди на своето, дека довербата во својата родна црква и во својата мајка Македонија е бескрајно голема. Заедништвото на Македонците стануваше се поцврсто и поцврсто. Блискоста исто така, а решеноста да се помага и во добро и во зло беше секојдневна. Сето тоа некако одеше заедно со раѓањето на идејата за изградба и воопшто околу подигнувањето на свет храм. Браќата и сестри Македонци и Македонки, та дали беа од Костур, Воден, Битола, Прилеп, Лерин, Охрид, Ресен, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, од Петрич. Драма, Кавала, Џумаја, Тетово, Штип. Серез, ги вкрстија желбите и рацете и како да зедоа заклетва дека мора да успеат и нема веќе нешто на овој свет што може да им застане на тој пат. Решеноста беше бескрајна и многу значајна, Дојде времето во Канада да се стават темелите на еден од најубавите храмови Светиклиментови, дадени и благословени со божјата милост над кои kg ce вишнее македонски храм кој ќе биде најголемото собиралиште во денешните канадски простори. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |