Среда, 11 Ноември 2020   
НА 7 АВГУСТ 1962 ГОДИНА СЕ ОСТВАРИ ИДЕЈАТА ЗА СВОЈА ЦРКВА ВО ТОРОНТО – ДЕЛ I (10)

1ob

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето 

 

Имено, идејата на "Обединетите Македонци" полека но сигурно, станува стварност. Првиот чекор е направен 1962 година На големиот и славен ден Илинден, се одржува состанок во хотелот "Кинг Едвард" во Торонто, кога на општо задоволство на сите присутни е донесена одлуката, што израсна како круна на заедничкиот договор и на решеноста за изградба на прва Македонска православна црква во Онтарио, во Канада, што ќе го носи името на учителот, просветителот и светецот Климент Охридски.

Оваа одлука ги сплоти патриотските срца да чукаат во еден ритам Оние четириесеттината што ја имаа ретката прилика во хотелот "Кинг Едвард" да кренат два прста за градба на црквата "Свети Климент Охридски" беа гласот на народот. И претходница на она што допрва ќе следи. Тие честити синови знаеја дека само сите заедно ќе може да го градат и изградат, и да му се радуваат на светиот дом, што ќе никне набргу во пазувите на престолнината на онтариската провинција - Торонто.

Радосниот миг на состанокот кога се донесе значајната одлука го сподели и првата делегација на обновената Македонска православна црква, предводена од неговото високопре-освештенство, митрополитот Злетовско-струмички господин Наум од протаставрофорот Кирил Стојановски и од г-дин Ванчо Андонов. Беа договорени најважните работи околу МПЦ "Свети Климент", a сите заминаа со ветувањето таа да биде што побргу подигната и д се вишнее во демократска Канада.

2obНабргу потоа, следеа писма, преписки, барања и извештаи на црковното настојателство, со кое тоа информираше за преземените работи и за постигнатите резултати кои беа се повидливи, безмалку, со секој нов и со секој изминат ден. Луѓето постојано се интересираа кога ќе може и тие да го дадат својот лридонес за црквата, бидејќи неизмерна е радоста што ќе ја градат сите заедно.

На четвртиот илинденски пикник, на тоа големо традицио-нално заедничко прославување на големиот национален и верски празник во организација на "Обединети Македонци" се собраа илјадници луѓе, за да се веселат и да ги видат најблиските луѓе, да ги видат роднините, далечните, пријателите и да ја поздрават високата црковна делегација од стариот крај.

Преосвештениот владика, дедото Наум со свештеникот Стојановски најпрво одржа панихида за паднатите храбри борци во илинденската епопеја, а потоа, владиката Наум пред насобраниот свет го прочита писмото што го испрати Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и одржа беседа која со огроино внимание беше проследена од страна на сите што дојдоа на пикникот. Притоа, силно одекнаа зборовите: 

Вие сте достојни да му изградите на Бога храм во Торонто", порака што ги разбранува душите кај присутните и ја зацврсти решеноста да се оди неотстапно до крајот и, да се оствари целосно Света е како што е света идејата и како што е неотстапна одлуката која на собирот на 29 јули 1962 година беше едногласно одобрена Силни, многу силни аплаузи се разлеаја од Македонците, кога ја соопштија одлуката говорителите, оиие што излегоа на бината за да го поздрават насобраниот народ.

3obКинг Едвард хотел во Торонто

Ha 7 август, 1962 година како што рековме, се одржа основачкото Црковно-народно собрание во хотелот "Кинг Едвард". Тоа што го предложија присутните, донесувањето решение за формирање на Македонска православна црква на илинденскиот пикник, тука беше со најискрено воодушевување прифатено и поздравено. Меѓу најважното, беше решено: новиот духовен храм да биде составен дел и под јурисдикција на Македонската православна црква.

Довербата во првото раководно настојателство ја добија: претседател Спиро Сандерс од Желево, Леринско, потпретседател Коста Ендрус од Граешница, Битолско и Павле Базел од Ошчима, Леринско, свештеник е Кирил Стојановски, а секретар Дан Папас. Собранието го усвои и правилникот на црквата според кој, таа е дел од Македонската православна црква и е под нејзината закрила и припадност.

Првата   богослужба   на   новоснованата Македонска православна црква што ја  богослужеше владиката дедо Наум, како популарно го викаа, се одржа на 12 август 1962 година во Желевската сала. Повеќе од 400 души дојдоја да присуствуваат на тој толку долгочекан настан, кој веќе се вброи во оние најважните од црковниот живот на Македонците во Торонто.

Свеченоста го збогати и со првата крштевка што ја изврши отецот Кирил Стојановски. Една недела подоцна на 19 август 1962 година, за иакедонските и за англиканските верници се одржа заедничка богослужба во една од најголемите англиски цркви "Ст. Клемент", на која служеа и македонски и англиски наши и нивни свештени лица, следени од повеќе од 900 припадници на двете цркви.. Големо внимание предизвика беседата што ја одржа македонскиот владика Наум, а воопшто целата церемонија остави силен впечаток.

Веќе на 9 септември во "Паладиум хол" се организира банкет со учество на повеќе угледни имиња од јавниот живот на канадската државата, претставници на Англиканската црква кои подадоа рака за формирање на македонската црква и нлд 300 Македонци што дојдоа таа вечер да прослават но. и даријл пари за новата црква. Никој не остана а да не го одврзи кесето. Од првиот повик за доброволно дарување. па се до кра|от, се инкасираа 50 илјади долари, што мора да се признае декп беше една импозантна бројка.

Продолжува 

1Slave Katin 3 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.